Аллаховата милост и добрина надвладува над се што постои, видливо и невидливо, Аллах знае за изворот и самата суштина на сите нешта. Тој е толку Возвишен да неможе да има место, правец или земја, ниедна идеја ниту ум може да го замисли или спореди со нешто постоечко. Но, секако, Аллах е и блиску до своите робови, се отповикува кога сме во грижа и болест или кога сме во искушенија. Аллах ги знае најголемите скриени тајни и секаков мистериозен аспект на невидливото и тој на најдобар начин со тоа го запознава или го проследува на оној кој го заслужува. Перфектното значење на зборот лутф доаѓа од добрината во божествените дела кои означуваат добрина која се проследува на фин и нежен начин. Постојат бесконечно многу детали на Аллаховата Возвишеност и Добрина: „Аллах е добар кон робовите Свои; Тој дава снабдување кому сака и Тој е Моќниот и Силниот.“ (Еш Шура, 19) Само колку мудрост и добрина има од човековото создавање во мајчината утроба заштитена со плацента, па до прегратките и доењето кое го добива од својата мајка, независноста во исхрана која се здобива со растењето на млечните заби, говорот и артикулацијата која му дава начин како да се обрати и комуницира, и многу други благодети за кои треба да размислуваме. Аллахова добрина ги надминува и нашите потреби и нио дава она што нам ни е потребно за заработувачка и трговија. Тоа го имаме од бисерите на школката, медот кој се добива со помош на пчелите, свилата од свилената бубачка, златото со кое тргуваме и многу други неброени благодетти. Гледате како Аллах дава да човекот ги користи тие благодетти без голема потешкотија и како дава да стекнеме предности над многуте работи кои се создадени. Кој го може тоа ако не Оној кој ја познава суштественоста на секоја работа, Добриот и Мудриот, Аллах.
Comentarios