„Владетелот на Судниот ден“ – Ел Малик (Владетел) е и активно Аллахово својcтво.
Од Катаде се пренесува дека рекол: „ Јевмуд – дин (Судниот ден) е денот во кој Аллах ќе им суди на на робовите според нивните дела, т.е., ќе ги наградува според заслугите.“
Владател или Крал е Оној од кого имаат потреба сите. Вистинскиот крал не е од овоземско потекло бидејќи потребите кои што тој ги задоволува се од ограничен карактер и за одреден број на луѓе. Аллах е апсолутниот Владател, од него зависат сите суштества и неговото кралство е вечно и засекогаш. Тој е Господар на моќта и Авторитет, како што Тој е и создател на сите кралства. Тој го поседува овој и оној свет и кога ќе настапи Судниот ден Тој ќе запраша: „…Кому му припаѓа власта денес? – На Аллах, Единиот, над сè Надмоќниот.“ (Куран; Ел Мумин, 40/16)
Тој ќе уништи во еден миг се што ќе постои на небото и Земјата и ќе каже: „Јас сум Владетелот, каде се кралевите на Земјата? Каде се тираните? Каде се горделивите? (Хадис Кудси)
Слава нека е на Аллах, Кралот на кралевите.
Comments