Пред повеќе од една година, јас го прифатив Исламот како моја единствена вера, Аллах џ.ш. како мој единствен Бог. Се започна уште кога бев многу мала. Нормално, родена сум во типично традиционално христијанско семејство, каде што сите тие обичаи ги прават махинално, пренесувани од колено на колено без да знаат зошто ги прават. Секогаш сите објаснувања ги имаа сервирано на готово, а никој не знаеше зошто се прават сите тие пагански обреди и обичаи. Се сеќавам имав некаде 5-6 години кога со баба ми отидовме во еден манастир, не знам точно каде и за каков нивни празник стануваше збор ама имаше голема врева. Гајди, тапани, музика…
Кога почнав да одам во училиште,кога ги научив буквите, во една фиока каде што мајка ми ги чуваше сите стари работи најдов една мала книга без насловна страна и без некоја позначителна корица. Почнав да ја прашувам каква е таа книга? Зошто е скриена? Зошто е ставена во сите стари работи, а не на рафтот кај сите други останати книги? Ме погледна со остар поглед ми ја зеде книгата од раце и си замина.Од почетоко бев збунета за нејзината постапка не разбрав што беше тоа што мене не ми беше дадено да го прочитам. Бидејќи бев многу љубопитна ја пронајдов книгата и секогаш кога ке имав слободно време ја читав кришум и пак ја враќав на местот кај што беше ,,скриена,, .Не можев да ја разберам книгата, но разбрав дека додека ја читав стануваше збор за Бог, но се ми изгледаше комплицирано стар завет, нов завет. Еден ден после училиште отидов кај баба ми и почнав да ја прашувам за Господ како настанал кој не создал нас, како ние сме настанати, кои биле Адам и Ева, ги редев сите тие прашања едно по друго, а таа незнаејќи да ми одговори ми рече:,,Земи ја Библијата од под мојот кревет и донеси ми ја”. Ја најдов Библијата и ја однесов и таа бидејќи не знаеше многу добро да чита ме натера мене да и читам. И така речиси секој пат кога ке отидев кај неа ме чекаше Библијата. Кога почнав да ја разбирам почнав да ја прашувам уште повеќе. Кој е Отецот? Кој е светиот дух? Кој е синот. Зошто еднаш викате дека има еден Бог, а веке наредниот момент го спомнуват Господ Исус Хистос ( Иса а.с)? Навистина не знаеше како да ми одговори и баба ми,ми призна дека и нејзе не и било тоа јасно.Како поминуваше времето а јас се губев во лавиринтите на книгата престанав да ја читам, не сакав, ниту чувствував обрвска. Бидејќи има турско населени во наша близина – муслимани,јас почнав да ги прашувам за нивната вера, каква е таа книга Куран? Што пишува во неа? Сакав да дојдам до македонски превод без никој да знае и никако не успеав. Кога завршив средно образование настанаа многу промени во мојот живот. Млада се омажив, родив прекрасна ќерка и за кратко време се разведов. Во периодот додека мојата ќеркичка беше многу мала почнав да чувствувам нешто, некое невидливо присуство околу мене цело време. Сопругот ми се промени настана многу кавги. Многу насилства. Мислам дека некое од тие лоши суштества или битија не знам како да ги наречам го имаа и се уште го имат опседнато мојот веќе поранешен сопруг.
Во времето кога почна мојата бракоразводна парница јас почнав да се интерсирам за исламот повеќе отколку порано.Сакав да знам што е тоа што им дава на муслиманите сигурност, сплотеност, бискост, штое тоа што ги прави едно тело. Почнав да пребарувам на интернет сајтовите се за исламот и барав ама немаше, т.е јас не можев да најдам на македонски јазик.Еден ден најдов еден Исламски Форум каде што се зачленив со надеж дека ке запознаам луќе од мојот крај или луѓе што ке ми помогнат да дојдам до материјали за да читам што повеќе. Елхамдуллиллах,(Фала Му на Аллах) потоа запознав многу браќа и сестри. Една од тие сестри која е исто така од мојот крај ми се понуди да ми донесе материјали од кои ке можам да најдам се за Исламот. Еден пријател ми го набави и Куранот на мајчин јазик и бев многу среќна. Почнав да присуствувам на Палталк разговори, предавања каде воглавном бев слушател. Иако се уште не го имав прифатено Исламот се чувствував како муслиманка. Почнав да се менувам. Почнааа да го забележуваат тоа и мојата сестра и мајка ми. Го сменив целиот мој начин на живот. Една вечер на 28 Август 2010 година Аллах ми ги отвори неговите порти. Ме прими во негови закрила. Па луѓе јас го изговорив Шехадетот, ЈАС СУМ МУСЛИМАНКА, ми потекоа солзи радосници како што ми течат и во овој мојмент. Се родив по втор пат. Чувство на слобода, на радост, на спокој и мир во душата, го имав тоа во тој миг. Го имам тоа и во овој момент. Ова ми е прв Рамазан како целосно го испостев. Се уште не носам шамија,но иншаАллах, пак со Аллахова воља сакам да го дочекам и тој ден кога конечно ќе се чувтвувам слободна и телесно.
А В Т О Р:
-Еми –
Comments