top of page
Writer's pictureinfoislam

Етика на неслагање во исламот

Ибн Тејмие појаснува дека суннетот е создаден на знаење и праведност и дека затоа знаењето и правдата се методи на оние кои суштински , а не декларативно се пoистоветуваат со суннетот па вели. „ Аллах во својата книга забранува поделеност и разидинување и наредува цврсто држење до Неговото јаже. Ова е позицијата на која верникот мора да биде непоколеблив: Цврсто фатен за Аллаховото јаже, длабоко свестен дека суннетот е создаден на знаење и правда и баш како е создаден и на следење на Аллаховата книга и Пратениковата пракса.“[1]

Ибн Тејмие исто така вели: „Следбениците на суннетот ги сакаат сите верници , учено и правилно говорат, не се незналици и не ги следат сопствените страсти.“[2]

„Следбениците на суннетот говорат со знаење и со право и му даваат на секого правото што му припаѓа.“[3]

Ибн Тејмие го отфрла сето она со што се служат оние кои што себе се нарекуваат Ехли суннет , а кои не се придржуваат на метод на знаење и правда во донесување на судот за оние кои се поинакви , нарекувајќи ги таквите Ел Мутесине , т.е. оние кои тврдат дека го следат суннетот и кои на : „Погрешното возвраќаат со погрешно, а на една новотарија одговараат со друга новотарија“[4] и таквиот метод без сомнеж по Ибн Тејмие го шири нередот и не и користи на вистината , бидејќи : „Секој човек мора да има општи правила под кои ќе ги стави делумните прашања. Само така може да зборува од позиција на знаење и на правда. Покрај тоа мора да ги познава настанувањата на различнитеспоредни прашања како не би западнал во лага и незнаење за нив или неуко и неправедно би ги поставил општите правила и така произвел огромен неред.“

Ибн Тејмие појаснува дека знаењето и правдата се потребни во секојдневниот живот и во споредни прашања од верата , но на луѓето се уште попотребни кога се рааботи за темелите во верата, бидејќи: Должност на секој човек е да води сметка кога кажува за изјавите на другите луѓе и да до најситен детал суди втемелено и праведно.

Аллаховиот Пратеник а.с. кажал: „Кадии има три врсти[5]: Две ќе идат во огин, а една во џеннет. Човек кој ја знаел вистината и по неа судел ќе иде во рајот. Човек кој не ја знаел вистината и по неа судел на луѓето ќе иде во огин. Човек кој ја знаел вистината но судел спротивно , ќе заврши во огин.“ Ако така ќе биде со тие што суделе за имотни правни односи, за пари и облека, како ли ќе биде за тие што суделе за говорот на Господарот на световите и Неговите суштества, за Неговите наредби, ветувања и закани.[6]

Ибн Тејмие појаснува како тој метод е на оние учени големци од овој Уммет[7] „Оние чиви зборови умметот ги прифаќа како глас на вистината , кои разни слоеви на умметот ги уважуваат и почитуваат, вистински имами на упатството и светила на просторот. Нивните грешки во однос на тоа исправното е навистина малку. Тие најчесто настанале во подрочја на итџихадот[8] и поради тоа неможат да се теретат. Тие кои доследно го следеле методот на знаење и на правдината. Само таквите се далеку од незнаење, неправедност и следење на претпоставките на ситните и души кои се огрешиле.[9]

На крај секоја научна расправа неможе да постои без овие два методи, бидејќи само: „Праведната расправа е онаа во која човекот зборува со знаење и праведно , а никако без знаење и неправедно“. Оној кој не се придржува до овој метод тој е поблиску до новотаријата отколку до суннетот, ма со какво име да се нарекувал себеси. Суннетот е секако пат и метод, а никако амблем или повик. И затоа: Говорот за луѓето мора да биде втемелен на знаење и на праведност, а не на незнаење и неправедност, како што е чест случајот кај оние кои следат разни новотарии.“[10]

Не би било лоше да завршиме со зборовите на Ибн Tејмие, со кои ова и го започнавме и да овие зборови бидат испишани со златни букви, и да кога исламската младина се наоѓа во некоја актуелна расправа се присети кога се вели:„Правдата е без обѕир на околностите обврска и право на секој поединец. А неправдата е апсолутно забранета и ништо неможе да ја оправда.“

Превод од Арапски: Сенад Ќеман

[1] Medžmuul Fetava, Ibnu Tejmije, tom 3, str.409.

[2] Minhadžu-s-Sunneti, Ibnu tejmije, str.2

[3], Minhadžu-s-Sunneti tom 4, str. 358.

[4] Medžmuul Fetava, Ibnu Tejmije, tom 4, str.513

[5] Hakim:4/101, Bejheki:10/117,Tirmizi:3/613, Taberani:7/39.

[6] Der’u tearudil akli ve-n-nakli, Ibnu Tejmije, tom 8, str.409,

[7] Исламскиот народ, заедница

[8] Умствен напор со кој се доаѓа до некое шеријатско правна норма или правило

[9] Medžmuul Fetava, Ibnu Tejmije, tom 11, str.43.

[10] Minhadžu-s-Sunneti, Ibnu Tejmije,. 4, str.337.

0 views0 comments

コメント


bottom of page