top of page
Writer's pictureinfoislam

Живот на 11 км под вода

„.. Тој знае што во земјата влегува и што од неа излегува, и што од небото слегува и што кон него се подига, Тој е со вас каде и да сте, и се што правите Аллах гледа.“ (Хадид, 57:4)

Аллах знае што слегува и што се качува на небото и се спушта во најголемите длабочини на океаните и морињата и до најдлабоките земјини слоеви. Ова индиректно укажува на постоењето на живи суштества кои ги населуваат Земјата длабински, како и суштества кои ги населуваат повисоките делови од атмосферата. Денеска, освен бактериите и некои попрости форми на флора и фауна, не се научно докажани други форми на живи суштества кои ги населуваат овие средини во кои човекот не би можел да преживее без помошна опрема.

„Ете, така Аллахови се сите и на небесата и на Земјата…“ (Јунус, 10:66)

Откривањето на тие некои форми на живот во вселената и во Земјините и морските длабочини не укажуваат на ништо друго, освен дека и тоа е во посед на Силниот и Моќниот, Создателот на Вселената. Да видиме што велат последните сознанија на ова поле.

Океанските длабочини

Презентирани резултатите од истражувањето на дното на океанот на режисерот Џејмс Камерон. Камерон, пред некоја година се спушти во најдлабоката точка на светот, на дното на Маријанската бразда во Тихиот океан, а потоа ја истражуваше и поплитката бразда кај Папуа Нова Гвинеја.

Камерон снимил, свет кој е полн со необични цветови и микроорганизми кој живеат на 11 километри под морето и се хранат со хемикалии од камењата. Научниците сметаат дека во слични услови настанале првите живи организми на Земјата.

`Веруваме дека ваква хемија би можела да биде основата на метаболизмот. Тоа би можела да биде пресвртницата која довела до настанокот на животот, не само овде туку и на некои други места на пример на месечината Европа на Јупитер`, рече Кевин Ханд, астробиолот од Jet Propulsion Laboratory (JPL) на НАСА во Пасадена.

Камерон по излегувањето на површината од кажа дека дното изгледа пусто како површината на Месечината. Но, научниците откако ги истражили снимките откриле дека најдлабоката точка и не е баш така пуста како што изгледала на прв поглед.

Откриени биле 20 илјади микроби, како и неколку нови видови на поголеми организми меѓу кои се и ракови долги околу 18 сантиметри.

Маријанската бразда е и најстарото дно на океанот – создадено е пред 180 милиони години, а на тоа место се спојуваат две тектонски плочи. Според научниците веруваат дека токму на некое такво место настанал животот на Земјата пред околу 4 милијарди години.

„А колку знаци има на небесата и на Земјата покрај кои проаѓаат, а од кои тие главите ги вртат!“ (Јусуф, 12/105)

0 views0 comments

ความคิดเห็น


bottom of page