top of page
Writer's pictureinfoislam

Живот после смртта

Кога ќе се приближи смртниот час, кој му е одреден, доаѓаат пратеници од Господарот кој го пренесуваат од минливиот во вечниот живот. Седнуваат покрај него на растојание колку што погледот достигнува. Потоа му се приближува ангелот (мелекот) кој е задолжен за земање на неговата душа и ја повикува. Ако душата е добра, и велат: “Излези ти, о добра душо, која што си била во добро тело, излези благодарна, радосна вест те чека и мирис рејхан, а Господарот не е лут на тебе.“ Таа ќе излезе од неговото тело како што капката од садовите се лизнува и капнува. Кога пратениот ќе ја земе, не ја испушта од своите раце ни за колку трепет на окото. Ја балзамираат и ја ставаат во бела наметка со “ханут“, а белите прекривки (кефини) се од Џенетот. Потоа и клањаат џеназе. Душата има најубав мирис, мошус кој може да се најде на Земјата. Потоа се крева да би се изложила пред Оној кој најбрзо ги сведува сметките. Доаѓа на крајот од ова дуњалучко небо, и се бара дозвола за влез за неа. И се отвараат небесните врати, а на неа благослов и донесуваат мелеците. Приврзани ја следат до следното небо, а исто така прават и до третото и до четвртото, се додека не стигнат до небото над кое е Возвишениот Аллах. Таа упатува поздрав на својот Господар:“Tebareke ve  Te`ala“, поздрав:”Ти си спас и од Тебе е спасот, о Ти Возвишен и Племенит.“ Ако Возвишениот Аллах сака, ќе и дозволи да направи сеџде. Потоа и се дава потпис за влез во Џеннет, а Господарот тогаш вели: “Запишете го во книгата Мојот роб во Илијјун, а потоа вратете го на земјата.“ Јас од неа сум ве создал, и во неа ќе ве вратам, и од неа ќе ве изведам на друг пат. Потоа неговата душа се враќа на земјата и присуствува на миењето, завиткувањето, спремањето и носењето. Таа вели:”Однесете ме што побрзо, однесете ме што побрзо.“ Кога телото ќе биде ставено во својот гроб, а пријателите ќе си одат, душата ќе влезе во телото, така што ќе го слуша тропањето на нивните чекори на земјата. Тогаш ќе му дојдат двајца испитувачи во гробот (кабурот). Му велат да седне и го прашуваат:”Кој е твојот Господар?“; “Која е твојата вера?“; “Кој е твојот веровесник?“ Тој вели: “Мојот Господар е Алах, мојата вера ислам, а мојот веровесник е Мухамед (с.а.в.с.).“ Потоа одговорот му го потврдуваат и го радуваат велејќи му дека ќе биде проживеан онака како што живеел и како што умрел. Потоа неговиот гроб ќе му се прошири колку што неговиот поглед може да достигне. Во него ќе му се простира зеленило и едно младо убаво лице со убав мирис ќе му рече: “Радувај се на она, што задоволство ти причинува.“ Тој ќе праша:“А кој си ти? Твоето лице е лице кое доаѓа со добро.“ Он ќе одговори:”Јас сум твоето добро дело.“ Потоа му се отвора поглед кон огнот, па ќе му рече:”Погледни од што те одврати Аллах.“ Па ќе му се отвори друг поглед кон Џеннетот и ќе му рече:”Погледни што ти подготвил Аллах.“ Тој заедно ќе ги види и Џеннетот и Џехеннемот. Грешната душа доживува сосема спротивно. Кога ќе и се дозволи заминување од дуњалукот (овој свет), и доаѓаат мелеци со црни лица. Со себе имаат балзам и прекривка од оган. Седнуваат на растојание колку што погледот може да достигне. Потоа се приближува мелекот задолжен за земање на душата, па ја повикува и и вели:“Излези  нечиста душо, ти која што си била во нечисто тело. Израдувај се во врелата вода и изгорениците, а и на други слични маки.“ Таа ќе се рашири по телото, па тој ја извлече од длабочината на телото. Извлекувајќи ја ќе ги кине жилите и живците, како што трњето ја чупа волната. Кога ќе ја земе, нема да ја испушта ни за колку трепет на окото. Ќе биде леш со најсмрдлив мирис на земјата. Ќе биде балзамиран со тој балзам и завиткан во тој ќефин. Ќе го проколнува секој мелек помеѓу небото и Земјата. Ќе биде поведена кон небото кое треба да и се отвори. Но, нема да и се отворат небесните врати. Потоа ќе стигне повик од Господарот на световите: “Запишете во неговата книга во „Сиџџил“ и вратете ја на земјата.“ Неговата душа тогаш ја фрлаат и таа присуствува на спремањето, на завиткувањето во ќефинот и носењето. Додека е на табутот вели: “Тешко на неа, каде ќе оди со неа!“ Кога телото ќе биде ставено во гробот, душата ќе се врати во телото. Ќе дојдат два анѓели, и ќе го прашаат за неговиот Господар, за верата и неговиот веровесник, а он ќе за`дтка и ќе рече: “Не знам.“ Двата анѓели ќе му речат:”Не си знаел, не си знаел.“ Потоа еднаш ќе го удрат, а тој ќе врисне толку многу силно, што сите ќе го слушнат неговиот врисок освен џините и луѓето. Неговиот гроб ќе му се стесни, така што ребрата ќе му се спојат едни во други. Потоа ќе му се простира врата и ќе му се отвори поглед кон огнот и ќе му речат:”Погледни го своето место во огнот“, па ќе ги види и двете места. Потоа ќе биде доведен глувонем и слеп, а он ќе праша:”Кој си ти? Твоето лице, е лице на оној кој доаѓа со зло.“ А тој ќе му  каже:“Јас сум твоето лошо дело.“ Потоа верникот во берзах ќе ужива според своите дела, и ќе биде казнуван според своите дела. Секој орган има посебна казна која што му доликува, онолку колку што тој орган направил прекршок. Усните на оние кои оговарале и кои кинеле човечко месо и ја навредувале нивната чесност ќе бидат казнети со клешти од оган. Стомаците на оние кои го јаделе богатството на сираците ќе бидат потпалени во оган. Оние кои јаделе камата ќе голтаат камења и ќе пливаат во река од крв, исто така како што пливале во својата нечиста заработка. Главите на оние кои спиеле и не ги извршувале пропишаните намази ќе бидат удирани со голем камен. Лицето на оној кој многу лажел ќе биде гребено со железна бодликава жица, од ноздрите па се до темето, и од очите кон темето, исто како што неговите зборови ги раздразниле другите. Жените блудници  ќе бидат закачени на своите дојки. Блудниците и блудничките ќе бидат затечени во потпалена печка. Ќе им бидат казнети нивните делови од телото со кои правеле непокорност, а тоа се долните делови на нивните тела. Грижа, потиштеност, тага и душевна болка ќе ги обземе оние кои биле опкружени со игра, забава и кои не работеле. Ќе чувствуваат болки во душите, а инсекти и црви ќе го јадат нивното тело. Сето ова ќе трае се додека Возвишениот Аллах, не дозволи да настапи крајот на светот и затварање на дуњалукот. Тогаш на земјата ќе има густ дожд, слично на семето од мажите и тоа четириесет утра. Ќе израснат од своите гробови како што растат дрвјата и тревата. Кога сите тела ќе се потполнат, а породот ќе се приближи, Возвишениот ќе му нареди на Исрафил да дувне во Сур (рог) за проживување. Тоа е третото дување, а предходно се дуваше во Рог поради смртта, а пред неа дување за ужас. Земјата над нив ќе се раздели, а луѓето ќе стојат и ќе гледаат. Верникот ќе рече:”Благодарност Му припаѓа на Аллах, кој нас не оживеа, откако не усмрти, и кај Него повторно ќе се вратиме.“ Неверникот ќе рече:”Тешко на нас! Кој нас од нашите гробови не оживеа? – Ете се остварува заканата на Милостивиот, пратениците ја говореле вистината!“ (Ја-Син,25) Ќе бидат боси и голи доведени на местото на собирот. Секоја душа ќе има свој водач кој ќе ја води и ќе биде сведок против неа. Некои ќе бидат среќни, некои несреќни, некои ќе се смеат, а некои ќе плачат: “Некои лица тој Ден ќе блескаат, ќе бидат насмеани, радосни, а некои лица тој Ден ќе бидат прашина, и темнина ќе ги покрие.“ (Абесе,38-41) Кога нивниот број ќе се потполни и сите ќе бидат на Земјата, небесата ќе се раздели, а ѕвездите ќе се расеат. Ќе се симнат мелеците на небото и ќе ги опкружат. Потоа ќе се симнат мелеците на другото небо и ќе ги опкружат мелеците на ближното небо. Потоа се така понатаму, ќе се редат до секое небо. Така ќе чекаат се додека Аллах, Господарот на световите не ја даде конечната пресуда. Земјата ќе засвети од Неговиот нур (Неговото светло), а злобниците ќе се одвојат од верниците. Вагата ќе биде поставена, записите донесени, сведоците повикани. Тој Ден ќе сведочи се, рацете, јазиците, нозете и кожите. Обвинувањата пред Возвишениот Алах ќе траат постојано се додека душата и телото не почнат меѓусебно да се обвинуваат. Телото ќе и рече на душата:”Јас бев само мртов, не сум сватил, ниту сум слушал и гледал, а ти си била таа која слушала, гледала и сваќала. Си управувала со мене онака како што си сакала.“ Душата ќе и рече:”Ти си ги правел постапките, непокорноста и си ги дофатил со своите раце.“ Возвишениот тогаш ќе прати мелеци да пресудат помеѓу нив, а Тој ќе рече:“Вашиот пример е како примерот со непокретниот кој гледа и слепиот кој е здрав, а заедно влегле во градината. Непокретниот вели:”Јас ги гледам плодовите, но не можам да стигнам до нив.“ Слепиот вели:”Јас можам да станам, но ништо не гледам.“ Тогаш непокретниот му рече:“Поведи ме, да можам и за себе и за тебе да го зберам плодот.“ Така и направи. Тогаш на кому му припаѓа казната? И душата и телото велат:”И на двајцата.“ Мелекот рече:”Истото се однесува и на вас.“ Возвишениот Аллах ќе пресуди помеѓу Своите робови со пресуда на која ќе му се заблагодаруваат сите жители на небесата и Земјата, секој доброчинител, грешник, верник и неверник: “…на Денот во кој секој човек самиот за себе си ќе се грижи, и во кој секој човек за делата свои голема награда или казна го чека, неправда нема на никој да се направи!“ (Ен-Нахл,111) “Оној кој ќе направи колку трошка(атом) добро- ќе го види, а оној кој ќе направи колку трошка зло- ќе го види.“ (Ез-Зелзеле,7-8) Потоа ќе се повикаат: “Нека секој народ тргне по она што обожавал!“ Идолопоклониците ќе тргнат по своите идоли, крстоносците по крстот, секој многубожец ќе тргне по својот бог кој го обожавал. Никој нема да може да изостане. Ќе паднат во оган. Ќе останат само оние кои верувале во Алах, Едниот и Единствен. Ќе им се каже:”Зарем не сакате да одите таму каде што тргнаа останатите луѓе?“ Ќе речат:”Ние тие луѓе сме ги оставиле кога најмногу ни биле потребни! Ние го имаме Господарот, кого го очекуваме.“ Ќе им се каже:”Дали постои некој знак по кој Го препознавате?“ Ќе речат:”Да. На него никој не му е рамен.“ Возвишениот ќе им се прикаже во облик кој за нив е непознат и ќе им рече:”Јас сум вашиот Господар.“ Се приклонуваме на Алах од тебе! Ние на ова место ќе чекаме се додека не ни дојде нашиот Господар, а кога ќе ни дојде нашиот Господар ние ќе го препознаеме.” Потоа ќе им се прикаже во ликот во кој првиот пат беше виден, но овојпат насмеан, па ќе рече:”Јас сум вашиот Господар.“ Ќе речат:”Да, Ти си нашиот Господар.“ Потоа сите ќе Му паднат на сеџде, освен оние кои не клањале на дуњалукот или оние кои клањале а се преправале. Таквиот ќе биде спречен да направи сеџда. Возвишениот тогаш ќе тргне, а тие ќе го следат. Ќе се постави Сират-Чуприја(мост), а луѓето на неа ќе се поведат. Сират-чуприја е лизгава и темна и преку неа може да се премине само со светло. Кога ќе дојдат на неа, ќе им се подели светло според светлината на нивното верување, искреност и делата на дуњалукот. Некои светилки ќе бидат светли како сонцето, а некои како ѕвездите, светли и слаби светилки. Еманетот (довербата) и роднинските односи ќе бидат распределени на обете страни на Сират-чуприја. Нема да може да ја помине оној кој мамел ниту пак оној кој ги раскинувал роднинските врски. Нивниот премин ќе се разликува според различноста на нивните истрајности на Правилниот пат на дуњалукот. Некои ќе преминат како молња, некои како ветар, птица, разни коњи, а некои ќе трчаат, некои уморно ќе одат, а некои ќе лазат. Од двете страни на Сират-чуприја ќе биде поставено бодликаво трње чија величина само Возвишениот Аллах ја знае. Ќе се успори преминот на оние кои ќе се закачат за него, онолку колку што дуњалукот ги задржувал од покорноста, задоволството на Алаховите одредби и робувањето на Возвишениот Алах. Некои ќе бидат спасени и правилни. Некои ќе бидат изгребани и спасени. Некои ќе бидат изрежани од таа бодликавост и стрмоглавени во огнот. Светлоста на лицемерите (мунафиците) ќе биде изгасната на Сират-чуприја кога најмногу ќе им биде потребна, исто како што нивните срца биле изгасени на дуњалукот. Тие освен неверниците ќе добијат привидна светлина, исто како што нивниот ислам бил привиден. Ќе им речат на верниците:”Станете да земеме од вашето светло за да можеме да поминеме.“ Верниците и мелеците ќе им речат:”Вратете се назад, па друго светло побарајте!” (Ел-Хадид,13) Кажано им е:”Вратете се на дуњалукот и од верувањето земете го светлото со кое што ќе можете да преминете, како што направија верниците. Исто така е кажано: Вратете се назад каде што се делеа светлата, па побарајте светло кое ќе ви помогне да поминете.“ Потоа помеѓу нив и верниците ќе се постави ѕид кој ќе има врата. Нејзината внатрешна страна е онаа на која ќе бидат верниците и таму се наоѓа милоста, а надворешната страна е на неверниците: “… а надвор од неа е болното патење.  ‘Зар ние не бевме со вас?‘- ќе довикуваат. -‘Да‘- ќе одговорат-, но со претварањето се упропастивте, и сте очекувале, и сте се сомневале, и вашите пусти желби ве залажувале, додека не дојде Алаховата одредба, а шејтанот вас за Алах ве прелажал. Никаков откуп денес од вас нема да ви се прими, а ниту пак и од оние кои не верувале, огнот ќе биде вашето прибежиште, тоа за вас најмногу ви одговара, а ужасно е тоа живеалиште! “ (Ел-Хадид,13-15) Кога верниците ќе го поминат Сират-чуприја, а ќе го поминат само тие, ќе бидат сигурни од влезот во огнот. Ќе бидат задржани на преминот помеѓу Џеннетот и Џехеннемот. Едни од други ќе си земаат оштета за неправдата на дуњалукот, па кога ќе бидат исчистени, ќе им се дозволи влез во Џеннетот. Кога жителите на Џеннетот ќе бидат во Џеннет, а жителите на Огнот во Џехеннем, ќе биде донесена смртта во лик на дебел овен, кој ќе биде ставен помеѓу Џеннетот и Џехеннемот. Потоа ќе им се рече:”Жители на Џеннетот!“ Тие со стравопочитување ќе погледнат. Потоа ќе им се рече:“Жители на Џехеннемот!“ Тие ќе погледнат надевајќи се на радост. Ќе им се каже:“Дали го познавате овој овен? Ќе речат:Да“ Сите ќе го препознаат. Ќе им се каже:”Ова е смртта која ќе биде заклана помеѓу Џеннетот и Џехеннемот, а потоа ќе им се каже:“О, жители на Џеннетот, вам ви припаѓа вечноста без смртта! О, жители на Џехеннемот, и вам ви припаѓа вечност без смртта!“ Ова е последната состојба на семето од кое што човекот се успокојува. Помеѓу почетокот и оваа цел постојат многу состојби кои Возвишениот ги одредил. Човекот постепено преоѓа од една во друга состојба се додека не стигне до својата цел, а тоа е вечна среќа или несреќа. “ Проклет нека е човекот! Од што Он го создал? Од капка семе го створил и она што е добро за него спремил, и Правиот пат достапен му го овозможил, потоа животот му го одзема и прави да биде погребан, а потоа, кога Он ќе посака, ќе го оживее. Навистина! Он сеуште не го исполнил она што Он му го наредил!” (Абесе,17-23) Го молиме Возвишениот Алах да бидеме од оние од кои го добиле доброто од Него, а да не бидеме од оние кои ги облеала несреќата, па се уништиле и пропаднале и на дуњалукот и на ахиретот. Он сигурно слуша, Он на нас ни е доволен и убав е Тој заштитник! Благодарноста му припаѓа само на Алах, Господарот на световите. Нека се благословот и мирот на Неговото најдобро створение Мухамед, печатот на сите веровесници, на неговото семејство и на сите асхаби. Нема сила, ниту снага освен со помошта на Возвишениот и Големиот Алах.

“УКРАСИ НА НОВОРОДЕНЧЕТО“ Ибн Кајјим Ел-Џевзијје

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page