top of page
Writer's pictureinfoislam

Животот е само краток миг..

Се прашувам како да ги надминам, како да ги издржам сите искушенија кои што животот ги носи, сите земјотреси, сите оние болки кои во секунда те пресекуваат и ти го одземаат здивот, и кои забораваш на нив кога ќе дојдат нови, кои секогаш се чинат побитни и посилни. Дали некои луѓе се навистина посреќни од  другите?

Дали сите сметки се израмнуваат во текот на животот или пак, за тоа мораме да го чекаме оној другиот свет, подобриот свет? Се прашувам зошто секогаш ни се чини дека оние човечките и најболните највеќе ги боли? Или можеби само нас ни се причинува…

Чудно е тоа како човекот секогаш може да го види она што не му причинува задоволство, она што би можело да биде подобро, а никогаш не се осврнува да погледне комбинација и од лошото сценарио од кое што тој е заштитен. Толку многу бараме, а колку малку сме благодарни! Болниот го гледа благодатот во здравјето, а ние го расфрламе мислејќи како по некое непишано правило дека ни припаѓа токму на нас. Инвалидот го гледа оној кој е способен и има се, како да му се подарени сите богатства на светот, додека оној кој има се, го врти грбот и плеќите и не ни помислува на тоа дека некогаш би можел да биде оној кој што ке го носат или туркаат пред себе. Не размислува дека би можел да биде зависен од другите. Оние кои се обдарени со убавина, ја носат својата круна пред оние кои имале среќа да бидат помалку убави.

МОМЕНТОТ НА ВИСТИНАТА…

Оние кои се на позиција ги запоставуваат службениците кои се под нив, затајувајќи им ја нивната човечка тензија за докажување и доминантност. Си играат пренесување на зборови, ги подредуваат луѓето едни наспроти други како шаховски фигури, а тешка е онаа заблуда, мислејќи дека оние се тие кои ги влечат потезите! Се делиме на класи, нации, боја и определувања, се докажуваме со демонстрација на арогантност, стил и недоверба. Мал човек тежнее да си игра Бог. Глумец кој си замислува дека овој свет е неговиот театар. И потоа доаѓа моментот…момент кој ќе докаже од што бегаме целиот живот, слушајќи музика, гледајќи серии, излегување во кафичи и дискотеки, правејќи се паметни едни на други и објаснувајќи ги своите ставови и верувања… Ќе дојде момент кога се ќе се оголи. Брзо како еден трепет од окото, на Господарот на световите ќе му се полага сметка од својот роб, бидејќи Он е Тој кој може, а ние сме оние над кои ќе им се спроведува правдината. Тогаш ќе завикаат оние на кои им е дијагностициран рак од страв од смртта и се друго станува неважно. Кога родителот ќе дознае за болеста на детето тогаш, сите расправии и караници, сите бесмислени борби, докажувања, избледуваат и исчезнуваат! Терезијата на правдата, богатиот трговец кој го имаше светот на дланка, и сиромашниот кој се повлекуваше и се поздравуваше, а ги прекрива иста зелена трева. Каде се тие силни владатели кои одлучувале со своето палче, дали некој ќе живее или ќе умре, каде се војсководците, каде се глумците на кои светот им се восхитуваше?

Се е минливо, освен БОГ. За се постои причина. Постои причина што мојата другарка цел свој живот е без нозе и живее со својата мака, постои причина што мојата роднина неодамна премина во 30-тата година, постои причина што денес е сончево, и не врне дожд. Се е одредено, и дека падна снег прошлата година и ги уништи бавчите и плодовите, и дека Есма роди близнаци, и дека Мехмед умре на Рамазан паѓајќи на сеџде во намаз. Никогаш повеќе нема да се жалам ако имам проблеми на работа, или пак ако нешто не е како што јас би сакала, или да се чувствувам понижено, бидејќи ме оговарала некоја безначајна особа. Нема да се жалам бидејќи ми е срам кога ќе се сетам на мојата роднина и на Мехмед и на сите останати на кои им беа дадени тие искушенија кои мене ме заобиколија. Постои правдината, постојат причините и заслугите. Секое зло кое нас ќе ни се случи е поради нашите гревови, а АЛЛАХ џ.ш. никого не го оптоварува над неговите можности. Ќе ги прегрнам силно искушенијата, бидејќи тие доаѓаат да се видиме себе си колку сме силни. Животот е и онака само еден миг, а будењето на сите нас штотуку ќе следи…

Преведе од Босански:

Ивана Трајковска

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page