top of page
Writer's pictureinfoislam

За оние што го оставаат намазот

За жал, во последно време наидуваме на верници на верници кои не клањаат, потоа има од нив и такви што не знаат дека клањањето на намазот е вториот услов да се биде муслиман, по шехадетот.

За ова, секако, влијаеле и социјалните кругови, но сега, кога постои доста богата литература која ги објаснува условите за да се стане и биде верник, нелогично е на Судниот Ден  да се излезе со оправдувањето: „Не сум знаел дека сум требал да клањам намаз“. Но, зарем мислите дека нешто може да се сокрие од Аллах, џелле ша’нуху, Кој знае за видливото и за скриеното?!

Се поставува прашањето: Како се третира индивидуате која вели дека е муслиман, но не клања и не пости? Дали треба да се поздравува со ,Селам’, и кога ќе умре, дали треба да му се клања џеназе намаз?

Ова наликува на примерот за човек кого што општеството го задолжило да изврши една задача, за која што, ако ја изврши регуларно, ќе биде награден, но, исто така стекнува и одговорност за извршување на истата. Но, доколку овој човек на је изврши доверената задача, иако за тоа е психички и физички способен, значи ја остава работата без никаково објаснување, во тој случај може да биде казнет:

  1. Да биде отстранет од работното место, бидејќи не ја извршил задачата;

  2. Со поблага казна отколку отсранувањето од работа, доколку отворено не ги потценил своите обврски.

Ова е ставот на научниците кон муслиманите кои свесно не ги извршуваат верските обврски, особено клањањето на петте дневни намази.

Некои начници се на мислење дека основната обврска на секој муслиман како и во животот на секој човек, е само покорувањето кон Аллах, џелле шануху.

Непокорувањето кон Аллах, џелле шануху, се смета како проневера кон основните обврски на еден муслиман.

Од оваа причина, човекот кој не му се покорува на Аллах, не заслужува да биде наречен муслиман, ниту пак да биде под заштита на Исламот. Ова мислење е потвдено и од еден сахих хадис:

„Она што не прави различни од нив (неверниците) е намазот; кој го остава намазот, станува неверник.“

Некои научници се на мислење дека индивидуате која запоставува една исламска должност, но, не ја исмејува истата, ја извршува од време на време, се кае за своите неодговорности и се обидува да се поправи, ќе се третира како муслиман.

Според ова што досега е кажано, произлегува дека тие не клањаат поради две причини:

1. Порекнуваат дека клањањето е обврска и не му даваат никакава важност. Според мислењето на исламските научници, таквите луѓе се сметаат за неверници, бидејќи важноста на намазот во Исламот е позната. Така што, кој ќе ја порекнува, потценува и лаже за наредбата на Аллах и Неговиот Пратеник, се смета за неверник, во неговото срце нема верување ни колку зрно пченица. За овие луѓе Аллах, џелле ша’нуху, вели:

„…а оној кој ќе биде непослушен кон Аллах и кон Пратеникот Негов… па, за него навистина има казна Џехеннемска! И во неа за навек ќе останат.“ (Џинн, 23)

„И кога повикувате кон намаз – тоа го земаат за игра и исмевање. Тоа е заради тоа што се луѓе кои не сфаќаат!“ (Ел-Маиде, 58)

Овие ајети доста добро ја опишуваат состојбата на оние кои намазот и обожувањето (ибадетот) ги сметаат за знаци на уназаденост и пропаст, и ги исмејуваат оние кои клањаат.

2. Не го извршуваат намазот поради мрзливост, затоа што му се одадени на овој живот, ги следат своите чувства и разните измами на шејтанот. Околу ова прашање, исламските научници ги следат следниве мислења:

Ебу Ханифе: „Таков човек треба да се смета за грешник, и неопходно е да се реедуцира со тепање, да искрвари и потоа да се осами (изолира) додека не почне да клања. Овака ќе се постапи и со оној кој што без оправдани причини не пости за време на Рамазанските денови.“

Малик и Шафи: „Таквиот човек е грешник. Казнувањето со тепање и осамување (изолирање) не е доволно. Ако е тврдоглав во својот став, треба да се казни со смрт.“

Ахмед ибн Ханбел: „Таквата личност е неверник. Таа треба да биде казнета со смрт, треба да й се каже да се покае и да бара прошка од Аллах и да клања намаз. Доколку го прифати овој услов, се ослободува, во спротивно, се извршува казната.“

Се разбира дека мислењето на овие научници има поткрепа во Кур’анот и во хадисите. Во Кур’анот се спомнува и тоа како се чувствува неверникот на Судниот Ден:

„Тешко на лажливците… на Денот тој! И кога ќе им се речеше: Поклонете се! Не се поклонуваа. Тешко на лажливците… на Денот тој!“ (Мурселат, 47 – 49)

„Денот во кој ќе се разголи коската подколенична и кога ќе се повикаат да паднат на сеџда… не ќе можат; ќе бидат уплашени погледите нивни и понижување ќе ги обзеде: беа повикани да паѓаат на сеџда кога беа здрави.“ (Калем, 42 – 43)

За оние кои се покајуваат, Возвишениот Аллах вели:

„… Па, ако се покајат, и ако извршуваат намаз, и ако даваат зеќат, пуштете го патото нивни. Аллах навистина е Простувач и Сомилосен.“ (Ет-Тевбе, 5)

Во Кур’анот се опишува дијалогот помеѓу верниците и неверниците на Судниот ден:

(Верниците ќе прашаат) „… и за она што ги одвело до оганот Секар, и овие ќе речат: ,не бевме меѓу оние кои клањаа намаз, и не ги храневме сиромашните, и во безработица со безработниците, се впуштавме, и Денот ветен за лажен го сметавме, сé додека не се уверивме!“ (Мудессир, 42 – 47).

Така, првата работа која нé води во Џехеннемскиот оган е неклањањето на намазот. Следниот ајет ги опишува особеностите на мунафиците                                (дволичните):

„Дволичните, навистина, настојуваат да го измамат Аллах, но Аллах нив ги мами. И кога се исправаат намазот да го извршат, се исправаат мрзливо само заради тоа да ги гледаат луѓето, а Аллах само малку го спомнуваат…“  (Ен-Ниса, 142).

И хадисите на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, го вреднуваат како неверник оној кој свесно го запоставува намазот:

„Она што не разликува нас од нив (неверниците) е намазот. Кој го остава намазот станува неверник.“

„Никогаш со свесност на испуштај ниедно намаско време, затоа што оној кој свесно го остава намазот, ја нема заштитата на Аллах.“

„Кој регуларно го извршува намазот, тој нему ќе му биде светло, спасение и сведочење на Судниот Ден, кој не го извршува регуларно, нема да има спасение, светло и сведочење на Судниот Ден и ќе биде во друштво со Карун, Фараонот, Хаман И Убејј ибн Хлеф.“

„Оној на кој што му изминува икиндискиот намаз, е како оној кому му се осакатени семејството и имотот.“

„За дволичните (мунафиците) не постои потежок намаз отколку сабах и јација (во џемат), но да знаат какава награда имаат за тоа, ќе ги клањаа, па дури и ползејќи да одеа.“

„Сум размислувал да го обврзам муеизинот да го повикува икаметот и некој да биде имам на џематот, такак што јас да земам жар и да му ја запалам куќата на оној, кој што сеуште не излегол во џамија на намаз.“

И асхабите, радијАллаху анхум, без исклучоци, ја сметале личноста која не клања за неверник. Тие рекле дека единствената обврска, која што ако ја оставиш те води во неверство, е намазот.

Алија, радијаллаху анху, рекол: „Оној кој што не клања е неверник!“

Ибн Аббас, радијаллаху анху, рекол: „Кој го запоставил намазот, станал неверник.“

Џабир ибн Абдуллах, радијаллаху анху, рекол: „Неверник е оној кој што не клања.“

Ејјуб , радијаллаху анху, рекол: „Без двоумење, оставањето на намзаот е неверство.“

Хафиз Мундир за да ги потенцира хадисите и кажувањата на асхабите околу оваа тема, вели: „Една група на асхаби и таби’ини ги сметаат за неверници и оние кои без причина го одложуваат клањањето на намазот. Меѓу нив се: Омер, Ибн Месуд, Ибн Аббас, Муаз ибн Џебел, Џабир ибн Абдуллах, Ебу Дерда, Ахмед ибн Ханбели, Ис’хак ибн Рувејх, Абдуллах ибн Мубарек, Ибрахим ен Неха, Хаким ибн Утејбе, Ејјуб ес Сикхијани, Ебу Давуд ет Тајалиси, Ебу Бекр ибн Еби Шејбе, Зубејр ибн Харб и други, радијаллаху анхум.“

Кога ги читаме овие мисења дадени од познатите научници во Исламот, асхабите и таби’ините, за неверството на оној кој што намерно остава неизвршен и еден намаз, тогаш каков би била ставот кон некого кој ги поминал сите овие години без да го наведне грбот за сеџда на Аллах, џелле ша’нуху.

Од она што е кажано извлекуваме заклучок дека оној кој не кања е:

– неверник, доколку не клања, со тоа што не го уважува и го омаложува намазот и неговата вредност;

– голем грешник (според некои, повторно неверник), ако не клања, затоа што се предал на своите страсти и желби. Според едно поблаго мислење, таквиот човек е грешник, а не е далеку ниту од куфрот (неверството) затоа што има сомнеж дека гревовите доаѓаат еден по друг, и на овој начин лесно се стигнува до неверството.

Од оваа причина, секој муслиман, којшто се чувствува како муслиман, доколку не го клања намазот, треба да ги исправи делата и патот свој, да бара прошка од Аллах, џелле ша’нуху, да го зацврсти верувањето и постојано да го извршува намазот. Но, неопходноста е толкава што верниците треба да ги прекинат сите врски со оние кои цврсто го држат мислењето дека намазот не е обврска на муслиманите, сé на сé, ова важи доколку верниците нив ги имаат предходно советувано, а тие не ги прифатиле советите заради тврдоглавоста.

За оној кој не клања, уважениот алим, Ибн Тејмијје вели: „Не треба да му давате селам, ниту да одговарате на неговата покана, не треба да му ја давате сестрата или ќерката за жена, затоа што оној кој не калња намаз, навистина не е муслиман, не заслужува муслиманка за жена, ниту пак деца муслимани. Не му се дозовлува на некој што вработува да го вработи, за тоа што некој кој што не ги извршува обврските свои кон својот Создател, уште помалку ќе ги извршува обврските кон другите суштества.“

Намазот е главен столб на верата. Нема проштение за оној кој што не го извршува намазот, освен кога личноста ја губи свеста и не знае што зборува (блада). Во случај на други болести нема доволно оправдувања намазот да не се клања, дури и ако е парализиран или тешко ранет.

Според Шеријатот, на болниот треба да му се каже: „Прочисти се колку што можеш и како можеш, седни како си во можност, но не оставај го намазот, измиј се со вода, а ако немаш вода, земи тејемум, клањај сотејќи, а ако не можеш, клањај седејќи, а ако не можеш ни овака, клањај наведнат на десната рака или испружен со грб; ако ни овака неможеш, мрдај ја главата или очите, како значење на зборовите на Аллах, џелле ша’нуху: „Плашете се тогаш од Аллах! Слушајте онолку колку што можете; бидете послушни и делете добро заради вас самите! А оној кој се чува себеси од лакомост… таквите, токму, се спасени!“ (Тегабун, 16)

Од горе споменатото, ја гледаме обврската на целото општество за не извршувањето на оваа задача, а особено индивидуате, во склоп на својата сопствена авторитативна одговорност: таткото е одговорен за синовите и ќерките во мала возраст, сопругот за својата сопруга и сл. Аллах ни наредува:

„И нареди му на семјството твое намаз! И истрај во тоа! Не бараме од тебе да се снабдуваш. Ние, те снабдуваме. За богобојазните крајот е добар.“ (Таха, 132)

Мухаммед, не е мир над него, рекол:

„Кажувај им на своите деца да клањаат намаз уште од својата седум годишна возараст, а кога ќе наполнат десет години, наредувај им. “

Аллах исто така вели:

„О верници, чувајте се себеси и семејствата ваши од оганот, чие гориво ќе бидат луѓето и камењата.“ (Тахрим, 12)

Ако сопругот навистина ја сака својата сопруга, таткото свето дете, и не би сакале да ги изгубат, тогаш нека ги одбранат нив од оганот, повикувајќи ги во покорност кон Создателот.

Ни останува уште една работа која треба да ја образложиме: Дали треба да му се клања џеназе на оној кој не клањал намаз?

Секако, случајот (парашањето) се простира овака: Дали починатиот бил неверник или пак само голем грешник?

Според мислењето на научниците, доколку починатиот бил повикуван да го клања намазот од имамот или од тогашниот Шеријатски судија, а овој не прифаќал, тогаш нема да му се клања џеназе, затоа што таквиот се смета за неверник… Ова важи и за човекот којшто покрај намазот има и други недостатоци, како што е лошото однесување и неизвршувањето на другите исламски обврски. Кога човекот не го негира намазот како обврска, некогаш клања, а некогаш не, тогаш ќе му се клања џеназе намаз и ќе биде погребан во муслимански гробишта.

Ги повикуваме муслиманите кои до сега не го клањале намазот од разни причини, искрено да му се обратат на својот Создател, Аллах, со покајание, и да започнат да ја извршуваат оваа обврска. Секако, Аллах е Милостив, Простувач на гревовите, Оној Кој со задоволство ќе ви го прифати искреното каење и ќе ви ги прости поранешните гревови. Инша Аллах!

„О верници, покајте Му се на Аллах со искрено покајание!“ (Тахрим, 8)

„ О верници, плашете се од Аллах со страв вистинска. И не умирајте освен како муслимани!“ (Али Имран, 102)

На оние кои што се вардат, Аллах, џелле ша’нуху, им ветува:

„Успеаја, секако, верниците: кои се во намазите нивни покајнички; и кои се рамнодушни кон безработицата; и кои даваат зеќат; и кои ги чуваат срамните места свои, освен од жените свои или од оние кои се во сопственост нивна… па, тие навистина се надвор од прекорот, додека оние кои посакуваат преку тоа, навистина претеруваат; и кои се грижат за аманетите свои и за договорот свој; и оние кои внимаваат на намазите свои: овие, токму се наследниците кои го наследуваат Џеннетот и во него за навек ќе останат.“ (Му’минун, 1–11)

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page