top of page
Writer's pictureinfoislam

За расправата која се води во Високиот Собир

Најголема позната брзина на човекот која ја познава е брзината на светлината која изнесува 300 000 км/сек.  Но сепак кога станува збор за брзината на мелеците(ангелите) таа е поголема од таа брзина гледано со човечки мерила.

Кога некој би прашувал, тој  би пошол кај Аллаховиот Пратеник , саллаллаху алејхи ве селем,  и пред да заврши со прашањето, Џибрил (Гаврил) а.с. би доаѓал со одговор од Господарот свој.  Денес кога би постоело летало кое иде со  брзина на светлината би било потребно милијарди светлосни години да дојдеме до ѕвездите кои се наоѓаат само во ова прво , на нам познато небо. Мелеките поседуваат знаење со кое го подучил Возвишениот Аллах , џелле шануху,, но на нив не им е дадено спознавањето на работите:

  1. И Тој го подучи Адем со сите имиња, а потоа ги изнесе пред мелеците и рече: „Кажете Ми ги имињата нивни, ако ја кажувате вистината!“

  2. „Славен биди!“, рекоа тие, „Ние го знаеме само тоа за што Ти нè подучи! Само Ти си Зналецот и Мудриот!”(Ел Бекаре)

Човекот се одликува со способноста на спознавање на работите, откривање на законите на вселената, додека мелеките тоа го знаат со директно надахнување од Возвишениот Аллах , џелле шануху, но тоа што Тој ги подучил е многу поголемо од тоа што човекот го познава.

А над вас бдеат чувари кај Нас ценети писари, кои знаат што работат.“(Ел Инфитар, 10-12)

Исто така Пратеникот алејхи селам спомнал и расправа која се води помеѓу Високите собири.

„Една ноќ ми дојде мојот Господар – Славен и Возвишен нека е – во најубав облик.“„Мислам“ вели  преносителот дека кажал : „Во сон“ па ми кажал: „О Мухаммед дали знаеш за што расправа Високиот собир?“ кажал Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, : „Кажав: „Не“ Кажа: „Па ја стави Својата рака помеѓу моите две плешки така што ја почуствував свежината на моите гради, па знаев што е на небото и на Земјата. Ми кажа: „О Мухаммед, дали знаеш за што расправа Високиот собир? Па кажав: „Да, за искупувањето и степенувањето. Искупувањата се : останувањето во месџидите после намазот, идење пешки во џематите(собири за заедничка молитва), прописно земање на абдест во нелагодност, а степените се во: ширење на селамот, хранење на сиромашните и клањање во ноќите кога луѓето спијат.“

Кажал: „Вистината си ја кажал. Кој ќе го прави тоа ќе живее во добро и ќе биде чист  од гревови како оној ден кога мајката го родила.“ Кажал: „Мухаммеде кога ќе клањаш кажи: „„Аллаху мој, те молам за правење на секое добро и оставање на лошото. Те молам за љубов кон сиромашните, Те молам да ми опростиш, да ми се смилуваш, и кога ќе посакаш неред кај своите робови земи ме кај себе, за да умрам без  искушенија“(Сахих Тирмиди – Сунен, 9/3, бр. 2580, 2581)

Ибн Кесир вели дека овој хадис е за сон и е познат и кој смета дека било во будна состојба – греши.

Мелеките се уредни и организирани во својот ибадет(чин на обожување). Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем,  не поттикнувал да се угледаме на нив во тоа па кажал:

„Зар нема да се наредите во сафови(редови) како што мелеките се редат пред својот Господар?“Асхабите кажаа: „А како мелеките се редат пред својот Господар?“ Тој одговори:„Ги употполнуваат првите сафови и се збиваат во нив.“(Муслим 322)

Мелеките ќе стојат во редови пред својот Господар како што стои во куранскиот ајет:

„И кога ќе дојде Господарот твој, а мелеките ќе бидат се  ред до ред.“(Ел Феџр, 22)

Прописот на безгрешност кој важи за Пратениците важи и за мелеките.

„Светот на мелеки“ – Сулејман ел Ешкар

0 views0 comments

Comments


bottom of page