top of page
Writer's pictureinfoislam

Забрана на озборување!

Денешните собири за добри дела на муслиманите исполнети се со гибет-озборување на други луѓе и покрај тоа што таквото дело Возвишениот Аллах строго го осудил и забранил велејќи: О, верници, чувајте се од многу соменжи, некои сомнежи се навистина грев. И не шпионирајте се едни со други и не озборувајте се едни со други! Зарем на некого од вас му е мило да го јаде месото на својот мртов брат? – а вам тоа ви е одвратно – затоа плашете се од Аллах, Аллах, навистина, го прима покајанието и Милостив е.(Хуџурат, 12)

Ибн Кесир р.а., во толкувањето за овие зборови вели: „Во овај ајет се спомнува најголемата опомена и најголелемо грдење, кога Аллах гибетот го поистоветува со јадењето месо од умрен човек па вели: „Зар некој од вас сака да го јади месото од својот мртов брат?! А вие тоа го презирате! т.е како што ја презирате својата душа и природа, тоа ви е одвратно; тогаш тоа презирајте го и поради шеријатот бидејќи и шеријатот го презира, а навистина казната за гибет е потешка од ова.[1]

Што е тоа гибет?

Од Ебу Хурејре р.а., се пренесува дека Аллаховиот Пратеник саллаллаху алејхи ве селам рекол: „Да го спомниш својот брат по она што не го сака.“ Некој го запрашал: „Аллахов Пратениче, а што ако е вистина тоа што ќе го спомнам за својот брат?!“ Веровесникот , саллаллаху алејхи ве селам, одговорил: „ Ако тоа нешто се наоѓа кај него тогаш си го оговорил, но доколку небиде тогаш си го потворил“

Прописите околу гибетот (озборувањето)

Озборувањето е лоша особина и го прави само слабата душа. Оговарањето е строго забрането. Напротив, тоа е еден од големите гревови.

Имам Ел-Куртуби, р.а., рекол: „Нема разидинување помеѓу исламските научници по прашањето за оговорањето дека е еден од големите гревови и дека оној кој оговара треба да се покае на Возвишениот Аллах!“ [2]

Да размислиме брате муслиману, за зборовите на Веровесникот, саллалаху алејхи ве селам, на Опросниот хаџ, како ги пренесува Абдуррахман б. Еби Бекрете од својот татко. Тој кажува дека Веровесникот, саллаллаху алејхи ве селам, рекол: „Навистина вашата крв, вашиот иметок и вашата чест меѓу вас се свети (забранети, неповредливи) како што е (забранет, неповредлив) свет овај ден во овај месец во вашата земја!“ [3]

Онај кој размисли за овај хадис ќе согледа дека оговарањето е строго забрането, бидејќи со него се нарушува честа на муслиманот која е света како што е свет Курбан бајрам т.е како што не смее да се нарушува Курбан бајрам во месецот зул-хиџе во Меканскиот харем.

Да размислиме заедно и за овие зборови на нашиот Пратеникот саллалаху алејхи ве селлем: “Кога бев воздигнат на Ми’раџ(ноќта на вознесувањето), поминав покрај едни луѓе со бакарни нокти кои ги гребаа своите лица и гради! Прашав: ‘Џибрил, кои се овие луѓе?’Ми кажа: Тоа се оние кои јаделе човечко месо и им ја нарушувале нивната чест!’” Оној кој се грижи за себе, нека размисли за овој хадис. Нека знае секој дека оние кои ги озборуваат другите , своите прсти и своето лице ќе ги гребат со бакарни нокти кои ги надминуваат ноктите и канџите на дивите ѕверови, само за да би ја почувствувале казната од своите валкани дела.

Превод: Исмаил Ибн Јахја

 

[1] Тефсир Ибн Кесир(1750)

[2] Тефсир Куртуб (16/337)

[3] Бухари: 1/26(67), Муслим: 5/108(1679) (30).

0 views0 comments

Comments


bottom of page