top of page
Writer's pictureinfoislam

Забранет однос за време на месечниот циклус

И те прашуваат за месечниот циклус. Кажи: „Тоа е непријатност.“ Затоа немојте да имате интимни односи со сопругите за време на нивниот месечен циклус, и не приоѓајте им сè додека не се искапат! А кога ќе се искапат, приоѓајте им така како што Аллах ви наредил!…“ (Куран: Бекаре, 222)

Самата медицина им забранува на докторите да вршат прегледи за време на менструалниот циклус на жената. Од што произлегува тоа?

Една Француска лекарка забележала дека запалението на гениталните органи кај христијаните е далеку поголемо отколку кај евреите. Таа истото го проучила во Тората и во Евангелијата, и забележала дека причината за зголеменото оболување кај христијаните е поради тоа што Евреите не им приоѓаат на своите сопруги за време на месечниот циклус, додека христијаните не внимаваат на тоа со што повеќе оболуваат од евреите. Менструалниот исцедок се состои воглавном од крв. Таа се разликува од обичната крв со тоа што има повеќе калциум и не се згрутчува. Таа може да се состои и од микроорганизми. Треба да се има во предвид дека пред да се напушти телото содржината на менструацијата бил предвиден како содржина и храна за фетусот кој не постои и како таков претставува живот. Менструацијата е позитивен симбол на женската способност за раѓање на дете. Но како што се состои од некои состојки кои можат да подржат живот, исто така можат да се развијат патогени микроорганизми. Некои состојки иако не се штетни содржат многу непријатен мирис. Интимниот однос за време на менструацијата претставува огромен ризик. Со промената на некои телесни лачења можат да се изменат и некои опасни бактерии и вируси и како резултат на тоа можат да се создадат болести како ХИВ и хепатитис. Тие болест можат лесно да се пренесат доколку дојдат во контакт со отворена рана.

0 views0 comments

Comments


bottom of page