top of page
Writer's pictureinfoislam

Забрзаната глобализација е предзнак на Судниот ден

Глобализација е поим кој се користи за да ги опише промените во општествата и светската економија како резултат на драматично зголемената трговија и културна размена. Во специфично економски контекст се однесува речиси исклучиво на ефектите на трговската либерализација, односно слободната трговија. Помеѓу 1910 и 1950, по серија на политички и економски проблеми и колапси значењето и интензитетот на трговската размена беа сведени на минимум. Во поствоениот период на Втората светска војна, светската економија зајакна и драматично се зголеми, и сето тоа со помош на меѓународни економски институции и програми. Во периодот на 70-тите години ефектите на оваа размена станаа се повеќе видливи, односно се забележуваа и позитивните страни и негативните страни.

Пратеникот Мухаммед алејхи селам ни кажал: Нема да настапи Судниот ден се додека не се појават искушенијата, се додека не почне лагата да се шири и додека чаршиите една со друга не почнат да се приближуваат. (Ахмед – сахих)

Со овој хадис Пратеникот а.с. укажал дека ќе дојде време кога раздалеченоста ќе биде многу приближена. Со тоа луѓето, населбите, трговските центри, чаршиите и пазарите, ќе се приближат едни на други иако претходно биле многу одалечени. Комуникацијата, телефонот, интернетот, транспортот со ефикасните превозни средства ќе направи центрите во кои се собираат луѓето за да купуваат бидат се поблиску.

Целиот свет денес станал едно глобално село и глобализацијата е поим со кои светот стана едно глобално село и каде физичката раздалеченост не станала проблем за комуникација помеѓу луѓето. Многу градови исто така се стопиле еден во друг и тоа е исто така навестено во овој зачудувачки хадис со кој е навестено ова наше време.

Користен дел од текстот на книгата: Предзнаци на Судниот ден- Шефик Курдиќ

0 views0 comments

Comments


bottom of page