Овој инфинитив произлегува од глаголот шефе’а јешфе’у што значи непарното да го направиш парно. Зборот Еш Шеф’у значи парен а не непарен број.
Терминолошки шефаат е користење на посредник за да се придобие корист или да се спречи/отстрани некоја штета.
Видови на Шефаат:
Шефаат кој не се прифаќа.
Тоа е оној шефаат со кој се бара од Аллах она што му е својствено само на Аллах, џел-ле ше’нуху.
Истиот е спомнат во ајетот:
„О, верници, дајте дел од тоа со што Ние ве снабдуваме, пред да дојде Денот кога нема да има ни откупи, ниту пријателства, ниту посредништва! А неверниците се навистина неправедни!“ (Ел Бекаре, 254)
Шефаат кој се прифаќа.
Тоа е посредувањето/завземањето кое се бара само од Аллах и истиот треба да ги исполни следниве услови:
1. Дозвола од Аллах, субханеху уе те’ала, посредникот да посредува и да се завземе за некого.
2. Аллах да е задоволен со тој што посредува и тој за кого се посредува.
Доказ се ајетите:
„Кој може кај Него да се зазема освен со Негова дозвола?!“ (Ел Бекаре, 255)
„А колку мелеци има на небесата чиешто посредување никому нема да му биде од корист, сe додека Аллах тоа не го дозволи на оној кому Тој сака и во корист на оној од кого е задоволен.“ (Ен Неџм, 26)
Пропис за барање на шефаат од некој кој е жив и е во можност бараното да го направи
• Доколку од него се бара некое пропишано или дозволено дело кое тој е во можност да го направи, тогаш е дозволено и е од меѓусебното помагање во добри дела.
• Доколку од него се бара нешто што само Аллах го може тогаш е Ширк.
Comments