Муслиманите секогаш и во секоја ситуација се амбасадори на Исламот и за тоа мора да бидат свесни. Мораат добро да вoдат сметка за своите постапки, како заради својот лош однос кон околината не би биле причина за лоша слика на нивната припадност на Исламот.
Возвишениот Аллах, вели:
„..и настојувај со тоа што Аллах ти го дал, да го стекнеш Оној свет, но не заборавај го својот удел и на овој свет.“ (Ел-Хадид, 77)
Значи, животот на муслиманот е посветен кон желбата да го стекне Аллаховото задовоство и да го постигне влезот во Џеннет, но како тоа би го остварил со задоволство и без потешкотија, не смее да го запостави ни животот на овој свет ниту да го отежнува тој пат кој е лагоден, бидејќи нашиот Господар не сака да ни отежнува и никој нема право со свое претерување во верата да го прикажува Милостивиот Господар како залим, бидејќи Он е далеку од тоа:
„Аллах не сака да ви причинува потешкотии, туку сака да ве направи цврсти и благодатта Своја да ја потполни, како би биле благодарни.“(Ел-Маиде, 6)
„Аллах никого не оптеретува преку неговите можности.“ (Ел-Бекаре, 286)
Кога веќе нашиот милозлив Создател е вака праведен кон нас, од каде тогаш тоа право на некој муслиман или муслиманка своето семејство, пријатели, околина да ги оптеретува преку нивните можности или да им ги одзема нивните права кои им припаѓаат во брачната заедница, односот кон родителите, фамилијата, пријателите или соседите?
Како може да се случи браќата муслимани под изговор на верата да ги пропуштаат брачните должности и обврските кон своето семејство, со своето долготрајно отсуство од куќата и дружењето со браќата, заеднички спортски активности и ред друго, непрекинато отсуствување од куќата.. Додека за тоа време неговите деца растат без познавање на таткото, неговата сопруга сама ги воспитува децата и со голем сабр – трпение ги исполнува атрибутите на „примерна спруга“. Тој не ни приметува дека со своето однесување му нанел голема неправда на своето семејство, го запоставил доброчинството кон родителите и сите оние кои го имаат правото на неговото внимание.
Ништо помалку во овој вид на претерување не заостануваат ниту поедини сестри кои под изговорот на желбата за стекнување на исламско знење, секој ден излегуваат од куќата, обиколуваат предавања или разноразни седенки, а од наученото премногу малку применуваат, бидејќи не знаат да ги постават приоритетите и да го организираат своето време, па поради тоа нејзино секојдневно отсуство, домот не личи на дом, бидејќи куќата е запуштена, храната не личи на домаќинска, бидејќи се нарачува од пицерии и ресторани, а децата се нервозни и незадоволни, бидејќи денот го минале оставени во куќата така без родителско внимание и љубов.
За жал денес ова е многу чест случај кај многумина млади муслимани кои не се во состојба да го распоредуваат своето време за ибадет, давет, за семејството, работата и сето она што шеријатот ги обврзува. Заради таквиот однос, сите оние кои исламот го гледаат низ муслиманите кои ја практикуваат верата во секојдневниот живот, помислуваат дека Исламот е најкрута вера која посветува многу малку внимание на основните вредности од човековиот живот и кое уште повеќе ги оддалечува од желбата за припадноста на оваа најодбрана вера која не им се чини ни малку привлечна. Пратеникот нè упатил како да повикуваме во верата и како да ја претставуваме: „Олеснувајте, а не отежнувајте. Развеселувајте, а не растерувајте.“ (Бухарија, Ахмед)
Аллах, џелле ша’нуху, кажува: „О слебеници на книгата, не претерувајте во вашата вера и за Аллах само вистина зборувајте…“ (Ен-Ниса, 171). Истотака рекол: „Кажи: О следбеници на книгата, не претерувајте во вашата вера, спротивно на вистината и не поведувајте се по лакомостите на луѓето кои уште одамна залутаа и многумина во заблуда ги одведоа и самите од вистинскиот пат скршнаа.“ (Ел-Маида, 77)
Има многу примери од времето на Пратеникот, саллаллаху аелјхи ве селлем, каде Аллаховиот Миленик ги предупредувал на опасноста од претерување во верата замајќи го за споредба сопствениот живот што гледаме во следниот хадис кој го пренесува Енес, р.а.: „.. Тројца луѓе дошле во домот на Аллаховиот Пратеник, алејхи селлам, при што биле неговите жени, па ги прашале каков е ибадетот на Аллаховиот Пратеник, алејхи селлам, па од кога ги известиле, рекле: ’Каде сме ние во споредба со ибадетот на Аллаховиот Пратеник? Нему Аллах Му ги простил и изминатите и идните гревови’, па едниот од нив рекол: ’Што се однесува до мене, јас непрекинато ќе клањам по цели ноќи.’ Другиот рекол: ’До мене што се однесува јас непрекинато ќе постам, нема да мрсам, воопшто.’ Третиот рекол: ’Што се однесува до мене, јас ќе ги оставам жените, никогаш нема да се женам.’ Па, дошол Аллаховиот Пратеник, алејхи селлам, и рекол: ’Јас од сите вас најповеќе се плашам од Аллах, а јас постам и мрсам, клањам и спијам, и јас се женам, па кој ќе отстапи од мојот суннет не е од мене. “(Бухарија, Муслим)
Ова е големо предупредување за сите оние кои мислат дека можат да стигнат до Џеннетот занемарувајќи ги должностите и обврските кон оние на кои Аллах, џелле ша’нуху им дал посебни места во нивните животи на овој свет! „Не постои Аллахова наредба, а шејтанот да нема два обиди или да го одведе човекот во нехат и занемарување или да го одведе во претерување на истото, а Аллаховата вера е средина помеѓу нехајното и екстремното како долина помеѓу две планини, а упатството е помеѓу две заблуди и средина помеѓу две лоши патеки. Како што губи наредбите оној кој занемарува, така ги губи и оној кој претерува. Едниот тоа го прави со занемарување, другиот со преминување на тие (дозволени) граници. “ (Ибнул Кајјим – Медариџуссаликин)
Да се чуваме од животот во гафлет, но и себеси да не дозволиме заради претерување да му удоволуваме на шејтанот, л.а., и да го изгубиме нашиот ахирет, иако намерата ни била искрена и чиста. Да се држиме до средниот пат кој е лагоден и едноставен, а животот во него причинува задоволство и спокој.
Comments