Мислење на психолозите:
Др. Ардтчам утврдил дека боите имаат одредено влијание врз луѓето. За да го докаже ова тврдење извел неколку експерименти кои покажуваат како бојата влијае на нашето расположение, на чувството за топло и ладно, среќата или тагата, како и на нашата личност и начинот на кој го гледаме животот.
Денес во болниците се обрнува внимание на тоа каква улога играат боите кога е во прашање внатрешноста на човекот и се бара стручно мислење за тоа која боја би требало да бидат ѕидовите и облеката на персоналот.
Експериментите покажаа дека жолтата боја го стимулира нервниот систем. Портокаловата носи сигурност и смирување, сината прави да луѓето чувствуваат студ, за разлика од црвената која прави да чувствуваат топлина. Меѓутоа, се покажа дека боја на радоста и среќата е зелената боја и тоа ја направи омилена боја за хируршките сали и униформи.
Овде ќе споменеме и еден експеримент кој е спроведен во Лондон, на лондонскиот мост наречен “црн фратар„ познат по многубројните самоубиства кои се извршени на него. Откако неговата сива боја е променета во убава зелена боја, бројот на самоубиствата значително се намалил.
Познато е и тоа дека зелената боја го олеснува погледот заради малата површина на видливост покрај средниот бран должина кој е пократок од оној кај црвената и подолг од оној кај сината боја
Извор: www.55a.net – Dr. Abd Alhalim Diab i dr. Ahmed Karkouz: “Со медицината во Кур’ан„ здружение за кур’анска наука, Дамаск
Bình luận