Научниците се согласни дека знаењето мора да се зема од учители и никој не го тврди спротивното, освен поединци кои и самите не учеле пред шејхови.
Еден од нив е Али б. Ридван Ел-Мишари, инаку лекар. Хафиз Зехеби, рахимехуллах, наведува дека овој човек учел од книга, не потпирајќи се на улемата(научниците), па подоцна напиша дело во кое ја бранел тезата дека самостојното учење од книга е подобро од учењето пред учител. (Сериа Еаламин-Нубела, 18/105)
Исправните предходници му забрануваа на оној кој учел фикх-право самостојно(сам), без шејх, да издава фетви и да ги подучува дугите. Истотака забрануваа да подучува Куран оној кој научил Куран самостојно од Мусхаф.
Ебу Зура Ер-Рази, рахимехуллах, рекол: „Нека на луѓето не им издаваат фетви „сухуфии“ и нека во Куран не ги подучува „мусхафии“. (Ел-Феких вел-Мутефекких)
„Сухуфии“ е оној кој земал знаење од книга сам, без шејх, а „мусхафии“ е онај кој го меморирал Куранот од мусхаф самостојно, без шејх.
Ибн Халикан, рахимехуллах, рекол: „Ел-Меџуб – опседнат, привлечен, манијак, идиот – е тој кој нема свој учител-шејх.“ (Ет-Теалум Ве Есеруху, стр. 67)
Меѓу исправните предходници биле познати изреките:
-„На кого книгата ќе биде шејх, повеќе ќе згреши одколку што ќе погоди.“
-„Најголемата несреќа е книгата да ти биде шејх.“
Имам Шафија , рахимехуллах, рекол: „Кој ќе учи фикх од книги ќе ги помеша прописите.“
Во таа смисла се стиховите:
„Кој ќе зема знаење пред шејхови
Ќе ги избегне грешките и погрешното разбирање
А кој од книга самостојно ќе зема знаење
Тој за учените како воопшто да нема знаење“
Имам Џема`а , рахимехуллах, рекол: „Нека се потруди да најде шејх кој е добро упатен во шеријатските науки, и кој знаењето го стекнал од поверливи шејхови во своето време, пред кои долго учел, а не да учи пред некој кој стекнал знаење листајќи книги и кој не учел пред познати шејхови.“ (Езкиретус-Сами вел-Мутекеллим, стр. 87)
Се прнесува од Имамот на Двата Харема Ел-Џувејни, рахимехуллах, дека ги напишал следниве стихови:
„Брате, нема да стекнеш знање без шест
Ќе ти ги кажам детално кои се тие особини
Интелигенција, упорност, ифтикар, гурбет
Учење пред шејхови и долго време“
Под гурбет се мисли на патување по различни краеви заради стекнување знаење и отуѓеност од друштвата да би да би проводувал време во учење, а ифрикар е потреба, а овде се мисли на то да ученикот не одбива да земе знаење од помладите од себе, или кои подоцна почнале со стекнување на знаење, ако знаењето навистина му е потребно.
Учење пред шејховите/алимите е спас
Шејх Мухаммед Аввама рекол: „Со учењето пред шејховите ученикот стекнува две добра: чисто и прочистено знаење и убаво однесување пред улемата и шејховите. Бидејќи, онај кој се однесува убаво со својот учител, учи од него почитување кон улемата и како према неа да се однесува. Онај кој се однесува убаво со своите учители уште повеќе ќе ги почитува нивните шејхови и улемата пред која биле. Ученикот од шејховите наследува знаење и едеб.“ Никогаш не се зема знаење од оние кои тоа не го стекле пред шејхови. Таквите воопшто не се земале во обзир и се сметало дека не се достојни да пренесуваат знаење, бидејќи многу лесно можат да погрешат. Кади-лјад, рахимехуллах, во делото „Терибул-Медарик“ (4/623), во биографијата Ебу Џафера Ед-Давудија Ел-ЕСидија го наведува следново: „Известен сум дека Ебу Џафер ги критикувал своите современици од улемата што останаа во Кајреванот после што го освиле Фатимијите. Еднаш ми напишал писмо во тој тон, па му одговорија: „Ќути, ти кој немаш шејх!“ Бидејќи. Ебу Џафер знаењето го земал самостојно и поголемото знаење не го стекнал пред познати шејхови туку се ослонувал на своето сваќање. Со овај одговор улемата сакала да му поучи како треба да учи пред шејхови и исправно да разбира и тогаш ќе свати дека останувањето на уламата меѓу муслиманската маса значи подршка за тој народ и мотив да останат цврсти во исламот и иманот.“
Се пренесува од Имам Ебу Ханифе, рахимехуллах, дека рекол: „Во џамиите има халки во кои се учи фикх.“ Тој праша: „А има ли некој кој ги преведува?“ „Не.“- одговорија. Ебу Ханифе рече: „Ништо тие нема да сватат.“ (Ел-Феких вел-Мутефеккин, 2/83)
Опасност од непотпирање на улемата при стекнување знаење
Од опасноста од земање знаење од медиумите, без обраќање, покрај се, на учените, шејх др. Насир Ел-Акл, хафизехуллах, вели: „Некои луѓе слушајќи касети или книги одма ги оставаат халките на зикрот и учењето пред шејховите. Вели: „Јас, фала му на Аллах, учам слушајќи касети во автомобилот и домот. Учам слушајќи радио, читајќи новини и часописи кои содржат исламски знаење, и немам потреба да се замарам со седење пред улемата.“
Овај став е многу опасен, кога луѓето би истрајале на ова би добиле генерација која има знаење, но ништо не разбира, односно, разбира од верата само тоа што им годи на нивните страсти. Многу образовани луѓе и младината ја занемарија улемата со помошните средства, па почнаа да ја омаловажуваат улемата и да ја оптужуваат за грешки. Говорат дека учењаците немаат визија, на ја сваќаат реалноста и слични работи кои се својствени за следбениците на заблудата.“ (Ел-Фикху фид-дин, стр.57)
Како на исправен начин да се стекне знаење(илм)
Во делото „Ел-Мувафекат“ Имам Ебу Исхак Еш-Шатиби, рахимехуллах, вели: „Откако разбравме дека знаењето мора да се зема од учени, тогаш да кажеме дека за тоа постојат два начина:
„Прво, учење пред улема дирекно и тоа е најсигурно…“
Второ, читање книги и пишани дела. Ова е истотака, корисно но по следниве услови:
Да научил доволно од областа за која чита и да ја познава терминологијата на улемата од таа област толку за да може да се окористи од книгата, а тоа може да се постигне само преку она првото, односно да учи прво пред учени. Во таа смисла е изреката: „Знаењето прво било во градите на луѓето па се преселило во книга, но нејзините клучеви останаа во рацете на луѓето.„ Учење без книга, без обраќање на улемата, нема да му користи на ученикот, во тоа се уверивме,
и второ да одбере книги од предходните учењаци бидејќи тие кои живееле претходно знаеле повеќе од подоцнежните.“
Нормално, ова второто е само совет да се преферираат книги од учењаци од првите генерации, а не е целта да се одврати од делата од современиците, бидејќи и тие се корисни.
Имам Ебу Хамид Ел-Газали, рахимехуллах, за важноста на учењето пред учените рекол: „Онај кој тргне по овај пат мора да има шејх кој ќе го усмерува и одгледува како преку неговиот одгој би се ослободил од лошите особини и да се окити со успеси. Онај кој крене на овај пат мора да има шејх кој ќе го одгојува и усмерува на Аллаховиот пат. “ (Ејјехел-Велед, стр. 128)
Припремено на основа на делото “Hurmetu Ehlil-Ilm”.
Иман.ба
Kommentare