top of page
Writer's pictureinfoislam

Земјата е со сферичен облик – тврдат исламски учени уште пред 1000 години

Пренесува Ибн Тејмие во Меџму Фетава (25/195) дека ученикот на имам Ахмед, познатиот голем учењак кој напишал околу 400 дела, Ахмед ибн Џафер ибн Мунади кажал: „Нема разидување помеѓу учените дека небесата се со сферичен облик.“

Додава Ибн Тејмие: „Исто така се сложни учењаците дека Земјата со своите копна и со своите мориња е со сферичен облик.“ На друго место во истата книга (6/586) пренесува Ибн Тејмие дека двајца луѓе се спориле околу изгледот на небото и Земјата, дали тие се како две тркалезни тела или не. Едниот тврдел, другиот негирал. Потоа тој им одговорил: „Небесата се со тркалезен облик кај муслиманските учењаци, се пренесува кај исламските учењаци како што се Ахмед ибн Џафер ел Мунади, еден од големите учењаци од втората генерација(870-947), ученикот на Имам Ахмед кој напишал околу 400 книги. Ја пренесува иџмата(слагањето) дека имамот Ебу Мухаммед ибн Хазм(996-1064), Ебу Фераџ ибнул Џеузи(1114-1201) и го пренеле учењаците истото тоа во познатите сенеди (синџири) од асхабите и табиините, ги споменале и Аллаховите книги и суннетот на Неговиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем. Го појасниле тој став со разумски докази, а притоа донеле и астрономски пресметки. Не ни е познато дека помеѓу исламските учени тоа некој го негирал освен една мала група на Ехлул Келам(филозофи и суфии) кои наведувале дека е дозволено небото да биде со четвртаст или шестоаголен облик и занегирале дека небесата се со топчест или сферен облик. Не ми е познато дека некој рекол дека не се со тркалезен облик освен незналица и оној од кого не се зема.“  Пренесува Ибн Хазм во својата книга Ел Фисал(2/78): „ Никој од муслиманските имами кој заслужува име на имам(предводник) по знаење не го негирал тркалезниот облик на Земјата(теквирул-ард), ниту е забележан и еден збор за неприфаќање на таквото тврдење. Туку, напротив, аргументите на Куранот и суннетот доѓле со потврда на нејзиниот тркалезен изглед.“ Потоа навел докази за тоа. Од главните докази со кои докажува Ибн Хазм, Решид Рида, Зухајли, Ибн Усејмин и останатите учени за топчестиот изглед на Земјата се зборовите на Возвишениот: „Небесата и Змејата со цел ги создал; Тој со ноќта го прекрива(завива) денот, со денот ја прекрива ноќта,..“(Ез Зумер, 5)

Самиот збор „завива“ означува дека нешто се омотува, а опште познато е дека денот и ноќта настапуваат наизменично. Со тоа станува јасно дека Земјата е со топчеста форма и се пренесува од голем број на учени дека кога човек би тргнал од едно место на Земјата во еден ист правец, неминовно пак би пристигнал на истото место од каде што тргнал.

Со тоа станува јасно дека единствените кои се сомневаа дека Земјата е со сферен облики не биле муслиманите туку тоа било учењето на Црквата и филозофите во исламскиот свет (претежно суфии ) и секој верник треба да биде поносен затоа што е следбеник на единствената исправна вера а тоа е исламот. Ве биллахи тефик.

Превземено од објаснувањето на мр. Зеијад Љакич

0 views0 comments

Comments


bottom of page