1. Глечерот Петерсен на Алјаска: лето 1917 – лето 2005 година
Глечерот Петерсен на Алјаска претставува неплодна црна земја прекриена со снег и мраз. Но за 88 години ова исто пусто земјиште претрпело неверојатна трансформација. Земјата е прекиена со зелена свежа трева, но најдрастични промени се забележуваат на планините. Додека во 1917 планината е обвиткана со магла, во 2005 година јасно се гледат сите планински врвови вклучувајќи ги и оние што се наоѓаат позади планинскиот масив.
2. Аралското езеро, Централна Азија: август 2000 – август 2014 година
Овде јасно се гледаат катастрофалните ефекти од човековата активност – огромно намалување на нивото на водата во Аралското езеро. Некогаш четврто по големина во светот, ова солено езеро почна да пресушува, откако водата од неговите извори беше пренасочена за други цели.
3. Глечерот Керол, Алјаска: август 1906 – септември 2003 година
Глечерот Керол е долг 24 километри. По неговата површина се протега мирно езеро, а ридовите и падините се прекриени со снег. Но, од 2003 година, езерото почна да се повлекува, претварајќи се во мал базен. Снегот е истопен, а вегетацијата ги прекрива карпестите ридови.
4. Езерото Пауел , Аризона и Јута: март 1999 – мај 2014 година
Втора по големина вештачка акумулација и омилено излетничко место. Заради неконтролирано извлекување на водата, езерото е намалено до драстични размери.
5. Глечерот Мечка, Алјаска: јули 1909 – август 2005 година
Остриот и цврст глечер од вода, мраз и планини стана популарна туристичка дестинација, привлекувајќи со својата живописна убавина и големите санти мраз што пловат по глечерот.
6. Шумите во Рондонија, Бразил: 1975 година – август 2009 година
Како последица од некотролираното сечење на дрвјата, на површината на Рондонија некогаш прекриена со густи шуми денес се наоѓаат само остатоци од зелени прекривки.
7. Глечерот Макарти, Алјаска: јули 1909 – август 2004 година
8. Реката Дашт, Пакистан: август 1999 – јуни 2011 година
За време на дождовните периоди, реката Дашт често се излева. Браната Мирани овозможува вишокот вода да се користи за снабдување со вода за пиење на околните области, како и за наводнување.
9. Планината Матерхорн: август 1960 – август 2005 година
И десеттата по големина планина во Швајцарија, Матерхорн, со нејзиниот врв во вид на пирамида, не се покажа отпорна на човековите активности
10. Шумата Мабира, Уганда: ноември 2001 – јануари 2006 година
Овие дождовни шуми кои се заштитени од државата, фактички ја зголемиле својата површина. Тое еден добар пример каде мерките за заштита вродиле со плод
11. Глечерот Тобоган, Алјаска: јуни 1909 – септември 2000 година
Големиот леден глечер е речиси исчезнат.
12. Големата Вештачка река, Либија: април 1987 – април 2010 година
Ова е најголемиот инженерски и градежен подвиг направен од човек. Вештачката река од цевки, ѕидови и аквадукти обезбедува вода за пиење и за земјоделство во пустината.
13. Глечерот Кори Калис, Перу: јули 1978 – јули 2011 година
Овој глечер е еден од ретките тропски глечери. Една студија од 2007 година покажува дека глечерот се намалил за 50% од 1963 година кога е мерен последен пат.
14. Езерото Мар Чикита, Аргентина: јули 1998 – септември 2011 година
Едно од најголемите солени езера, Мар Чикита, бележи постојан пад на водената маса.
15. Глечерот Муир, Алјаска: август 1941 – август 2004 година
Долгата снежна површина се истопила и се претворила во езеро. Темниот снежен регион сега претставува зелена површина богата со вегетација на планините.
16. Уругвајските шуми: март 1975 – февруари 2009 година
Пошумената област од 45.000 хектари се проширила на 900.000 хектари. Но, постојаното контролирано проширување на шумите ја намалило разновидноста на растителните и животинските видови.
Енаука
Comments