– Нека не мислат тие што се скржави во тоа што Аллах од изобилието Свое им го дава дека е тоа добро за нив! Не, тоа е лошо за нив! На Судниот ден ќе им биде замотано околу вратот тоа за што беа скржави! А на Аллах Му припаѓа наследството на небесата и на Земјата и Аллах е известен за тоа што го правите! (3/180)
На ден кога Земјата ќе биде заменета со друга земја, како што наведува Ибн Месуд кој дополнува дека „Земјата ќе биде заменета со друга земја и ќе наликува на сребро.На таа земја не е пролеана никаква крв, ниту е сторен некаков грев“ На друго место од Табери и Хаким преку истиот преносител се спомнува дека „Ќе биде бела земја налик на сребро“, а Икриме кажал дека :„Слушнавме дека оваа наша Земја ќе биде згужвана како лист хартија, а покрај неа ќе се наоѓа друга земја на која ќе бидат собрани луѓето“. Некои исламски научници сметаат дека ќе бидат заменети само особините на земјата. Тоа го потврдува и преданието од Абдуллах ибн Амр кој вели:„Кога ќе настапи Судниот ден, земјата ќе се пружи како кожа и луѓето ќе бидат собрани.“Пратеникот а.с. вели: „Земјата ќе биде заменета со друга земја, а и небото, па Аллах ќе ја порамни и ќе ја угланца како штавена кожа од пазар. На неа нема да видиш нерамнини. Потоа ќе се дувне во рог и луѓето наеднаш ќе се најдат на оваа променета Земја , и тоа што ќе се најде во внатрешноста ќе остане и тоа што ќе биде на нејзина површина ќе остане.“
Пратеникот а.с. не известил дека времето во кое ќе се случува менувањето на земјата ќе биде во момент кога луѓето ќе преминуваат преку Сират-мостот[1] или малку пред тоа.Во сахих[2] Муслим се бележи дека Аиша р.а. кажала: „Го прашав Аллаховиот Пратеникот а.с. за зборовите на Возвишениот :„На ден кога Земјата ќе биде заменета со друга земја“-каде ќе се наоѓаат луѓето о Аллахов Пратениче?“ Тој ми одговори на Сират мостот“.
Во сахих Муслим исто така се спомнува дека некој еврејски научник го запрашал Аллаховиот Пратеник а.с.„Каде ќе се наоѓаат луѓето кога Земјата ќе биде заменета со друга земја, а и небото?“Аллаховиот Пратеник а.с. одговорил :„Ќе бидат во темница под мостот“,т.е. Сират мостот.
„Крај на светот“ Ибн Кесир
[1] Сират мост е вонвременски простор и спрема преданијата е поостар од сабја, а потенок од влакно и верниците ќе ги пренесе до рајот, а неверниците ќе паднат во пеколот.
[2] Веродостојно предание
コメント