top of page
Writer's pictureinfoislam

Знаци дека успевате во животот

Сите понекогаш се чувствуваме како промашени. Иако ова е напорно чувство, потребно е да пронајдеме начин на себе и на својот живот да почнеме да гледаме од поинаква перспектива. Понекогаш ги игнорираме „помалку важните работи“. Само затоа што не сте милионер, немате вила и скап автомобил – не значи дека не сте успешни. Работите се потполно поинакви од тоа. Ова се 20 знаци дека успевате во животот:

1. Вашите односи со луѓето се помалку драматични отколку порано. Драмата не значи зрелост. Како старееме, би требало да созреваме. Можеби вашите односи во минатото биле драматични, но ако сте се оддалечиле од тоа, тогаш сте успешни.

2. Веќе не ви е проблем да барате помош или поддршка. Барањето помош не значи слабост. Тоа всушност е сила. Ниту една личност во историјата не успеала во изолација. Потребен е тим за да се постигнат целите. Барањето помош е знак дека сте созреале како личност.

3. Сте ги зголемиле вашите стандарди. Не го толерирате повеќе лошо однесување – од страна на другите луѓе, но и своето сопствено. Ги повикувате луѓето на одговорност за своите постапки. Не поминувате повеќе време со „цицачите на енергија“ во својот живот.

4. Одбивајте работи кои не прават да се чувствувате добро. Не, ова не е нарцисоидно, иако може така да изгледа. Љубовта кон себе си е успех. Сакајте се себе си толку да кажете „не“ на било што што ве прави несреќни, што не служи на вашите виши цели или што ве влече на дно.

5. Има моменти кога го цените она што го гледате во огледалото. Би било идеално секогаш кога ќе се видите во огледало да се цените себе. Сакајте се себе. Вие сте прекрасна личност.

6. Сте научиле дека пречките и падовите се дел од личниот раст Никој не може да биде успешен во секој миг. Тоа наједноставно не е реално. Животот се состои од победи и порази. Гледајте на вашите пречки како на одскочни даски кон нешто подобро. Во стварноста, пречки и не постојат. Тие се само дел од убаво патување (значи сепак постојат)

7. Имате систем на поддршка кој се состои од луѓе кои за вас би направиле речиси се. Ако сте сфатиле кои се оние кои ќе ви го чуваат грбот и ако сте откриле кои се тие кои само се прават дека ви се пријатели, тогаш пак сте успеале. Ова е болно откритие, но еднаш кога ќе ги видите знаците на лажливоста, можете во иднина да се држите на далечина од таквите.

8. Речиси да и не се жалите. Затоа што знаете дека нема ништо за што би можело да се жалите. Освен ако поминуваме низ навистина тешко животно искуство и незамисливи губитоци, повеќето од она што го доживуваме секој ден е само природен тек. А успешните тоа го знаат. И тие живеат во свет на благодарност.

9. Можете да се радувате на туѓ успех. Само затоа што другите успеваат, тоа не значи дека вие сте промашен случај! Почитувајте ги оние кои се качуваат кон врвот. Што повеќе позитивна енергија упатувајте на другите и вашата ќе биде уште поголема.

10. Имате страсти кои ги одгледувате. Не сте станувале. Знаете дека имате нешто добро што можете да му го понудите на светот. Имате единствени таленти како и секој.

11. Имате работи на кои се радувате Ако немате возбудливи нешта во вашиот живот во кој срдечно учествувате, тогаш вие полека умирате од внатре. Успешните создаваат цели кои ги прават страствени и живи и тие ги достигнуваат.

12. Имате зад себе постигнати цели Иако поразите се дел од животот, имате цели до кои сте се држеле доволно долго и сте дошле до фаза на собирање на плодовите. Знаете што е вкусот на победата. И тоа е ваша моторна сила за напред.

13. Имате сочувство со другите Оние без сомилост се одвнатре мртви. Емпатијата и ширењето љубов и позитивна енергија на светот околу себе.

14. Сакате вистински и му се отворате на светот да бидете сакани Љубовта е рискантна и понекогаш многу страшна. Тоа е она кон што сите тежнееме, но истовремено и она што го предизвикува еден од најголемите стравови – стравот од одбивање. Ако го отворите вашето срце доволно да сакате и да сте сакани, тогаш сте успешни.

15. Одбијте да бидете жртва Знајте дека животот не е секогаш фер со вас. Во повеќе случаи вие сте активен соучесник со вашите животни искуства. Успешните ова го знаат и одбиваат животните искуства долго да ги задржат на дното. Тие стануваат и освојуваат. Во секој случај.

16. Не ви е премногу важно што другите луѓе мислат Знаете дека не можете да им удоволите на сите. Знаете дека стандардите според кои општеството ги оценува поединците се многу погрешни и нереални. Така да секогаш останувате верни на себе и сакајте сте такви какви што сте.

17. Секогаш гледајте ја посветлата страна на нештата Животот е полн со разочарувања – само ако сами изберете дека е така. Во друг случај тоа се само прилики за учење. Ниту едно негативно искуство не е лошо се додека од него учите. Затоа додека е лошо всушност добро е, каков успех.

18. Прифатете го она што не можете да го измените Бидете реални – многу работи не можете да ги менувате. Се што можете да менувате е само начинот на кој го гледате сето она што ви се случува – она што не можете да го менувате. Ако можете да ја промените негативната перспектива во позитивна – успешни сте.

19. Менувајте го она што можете да го менувате Да бидеме што пореални – многу се работи кои можеме да ги смениме. Успешните не седат немарни за она што можат да го изменат. Тие стануваат и одат нешто да се обидат!!!

20. Среќни сте Според моето мислење ова е крајна дефиниција на успехот. Не е важна состојбата на банковната сметка, колкава е вашата куќа (ако имате куќа) или на колку патувања сте биле (ако сте биле). Ако сте среќни, тогаш сте успешни. Ако и не се видите себе си во наведените ставки не очајувајте. Бидете среќни ако воопшто ги има оние кои ве дефинираат како успешна личност. Со време ќе биде подобро. (Секој ден сме поблиску до смртта) Само морате напред и да растете како квасец. Извор: Акос.ба

0 views0 comments

Comments


bottom of page