Аллаховиот Пратеник саллаллаху алејхи ве селем, ни кажал за некои знаци кои можат да бидат знаци на убав завршеток.
Некои од нив се.
Изговарањето на сведочењето Ла илахе илаллах[1] во момент пред смртта. Хаким пренесува од Муаз ибн Џебел дека Аллаховиот Пратеник саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Оној чиви задни зборови во живот ќе бидат Ла илахе илаллах, же влезе во Џеннет(рај).(Ебу Давуд 3116, хаким 1/351, го оценува како сахих, а и Зехеби се слага со него)
Да умре како шехид борејќи се да Аллаховиот збор биде горен, вели Аллах џ.ш. во Куранот: „Никако не сметај ги за мртви тие кои на Аллаховиот пат загинале! Не, тие се живи и снабдени се кај Господарот свој! Радосни поради тоа што Аллах од добрината Своја им го дал и весели поради тие кои сè уште не им се придружиле, за кои никаков страв нема да има и кои за ништо нема да тагуваат! Тие се радуваат на Аллаховата награда и милост и на тоа што Аллах нема да допушти да пропадне наградата која им припаѓа на верниците.“(Али Имран, 169/171)
Да умре дури се подготвува за борба на Аллаховиот пат или на аџилак. Вели Пратеникот саллаллаху алејхи ве селем, : „Кој ќе биде убиен на Аллаховиот пат се смета за шехид(маченик) и кој ќе умре на Аллаховиот пат тој се смета за шехид.(Муслим и Ахмед)
Пратеникот саллаллаху алејхи ве селем, кажал во врска со човек кој тргнал да обави аџилак па паднал од камила и умрел: „Избањајте го со вода и со лотусов лист(Сидр) , умотајте го во два чаршафи и не покривајте му ја главата бидејќи на Судниот ден тој ќе биде проживеан и ќе ја изговара телбијата(тоа што се изговара на аџилак-Аллахуме лебејк(Ти се отповикувам Аллах).
Да умре точно по завршеток на некој ибадет[2] , така што тој ибадет да биде последно нешто што човек го прави во својот живот. Абу Хузејфа пренесува од Аллаховиот Пратеник саллаллаху алејхи ве селем, „Оној кој ќе каже Ла илахе илаАллах барајќи го Аллаховото задоволство и тоа му биде последното во животот ќе влезе во џеннет, и оној кој ќе даде садака(доброволен прилог) барајќи Го Аллаховото задоволство, па тоа му биде нешто последно во живот, ќе влезе во Рајот.(Ахмед 5/391)
Да умре од некоја заразна болест. Болести за кои не известил пратеникот саллаллаху алејхи ве селем се: кугата, туберколозата или од некои стомачни болести.(Ебу Давуд, Тирмизи, Ахмед)
Смртта на муслиманката при породување или после него. Убаде ибн Самет р.а. пренесува дека Аллаховиот Пратеник саллаллаху алејхи ве селем кажал: „жена која ќе умрепосле пораѓање нејзиниот син ќе ја воведе во Џеннет за папочна врвца.(Ахмед)
Да се угуши или усмрти некој под рушевини. Аллаховиот Пратеник саллаллаху алејхи ве селем, кажал : „Шехиди осим оние што ќе погинат на Аллаховиот пат, постојат уште седум врсти: Оној кој ќе умре од куга, да се угушиш, кој ќе умре од упала на плуќа, кој ќе умре од стомачна болест,оној кој ќе умре од изгореници , оној што ќе умре под рушевини и жена која ќе умре при пораѓање.(под услов да биле верници, Ахмед, Хаким го оценува сахих)
Да се умре во четврток навечер или во петок преку ден. Абдуллах ибн Амир вели дека Аллаховиот Патеник саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Ниеден муслиман не умира во петок, ниту во четврток навечер, а да Аллах не го сочува од страданието во гробот(кабурски азаб) (Ахмед)
Зној на челото. Аллаховиот Пратеник саллаллаху алејхи ве селем кажал:
„Верникот умира со испотено(орошено) чело.“(Тирмиди и Несаи)
„Добар Завршеток“Абдуллах ибн Мухаммед Ал Мутлак
[1] Нема друго божество достојно на обожување освен Аллах
[2] Дело на обожување и покорност со кое Аллах е задоволен
Comments