top of page
Writer's pictureinfoislam

Значење на некои исламски изрази


3d man with question and answer sign isolated on white

3d man with question and answer sign isolated on white


АД: Древен народ во Арабија АДЕМ: Адам АДН: Едн, врт еденски

АЗЕР: Тера АЈЕТ: Кур’анска реченица АЈКА: Град чиишто жители го сочинувале народот на Рогуел. АЛА: Тетка, сестра на таткото АЛЛАХ: Сопствено арапско име на Бога. АМАНЕТ: Залог, предмет даден на чување. АРШ: Престол

АХИРЕТ: Оној свет АХМЕД: Мухаммед БА’ЛА: Име на идол БЕДР: Битката на Бедр (Место недалеку од Медина) каде се водела првата битка две години по преселувањето на муслиманите од Мека во Медина. БЕРЗАХ: Меѓупростор; граница помеѓу овој и оној свет. БЕРИЌЕТ: Благодат ВАСИЕТ: Завештание ВЕДА: Идол во времето на Ное а подоцна кај племето Килаб, во местото Думметул-Џендел. ДАВУД: Давид ДАЈЏО: Брат од мајка. ЕБУ ЛЕХЕБ: Стрико и голем непријател на Мухаммед (а.с.) ЕЏЕЛ: Крај; Судниот час кога мора да се умре; смрт; коб; несреќа. ЕНСАРИИ: Сојузници, помагачи, жители на Медина.

ЕХЛУЛ-БЕЈТ: Потомците на Мухаммед (а.с.) ЕЈУБ: Јоб ЗЕКАТ: Верска такса што ја даваа муслиманите еднаш годишно во износ од 2,5%. Тоа е, всушност, годишен порез на севкупната имовина, накит, трговска стока и др. а се наоѓаат во сопственост на една особа. ЗЕКЕРИЈА: Захарие ЗИХАР: Еден лош обичај кај Арапите кога мажот ја бркал сопругата, изговарајќи ги зборовите: “Ти ми си забранета како плеќите на мајка ми.” ЗУЛУМ: Штета, неправда, насилство, терор… ЗУЛУМЌАР: Штетник, неправеден, насилник… ЗУН-НУН: Јона ЗУЛ-КАРНЕЈН: Александар ЗУЛ-КУФЛ: Езекиел ИБЛИС: Ѓавол, враг. ИБРАХИМ: Абрахам ИБРЕТ: Поука ИДРИС: Хенок ИЛЈАС: Елијас, Елија, Елијах. ИМАН: Верување ИМАМ: Водач ИМРАН: Татко на Мојсие и Арон. ИНЏИЛ: Евангелие ИНШАЕЛЛАХ: Ако даде Бог. ИСА: Исус ИСМАИЛ: Исмаел, Јишмаел ИСХАК: Исак ИТИКАФ: Муслимански верски обичај последните десет дена од месецот Рамазан да се затвори или да остане во џамија еден побожен муслиман поради ибадет; во џамијата спие и се храни. Џамијата не ја напушта се до Бајрам освен поради нужда. ИФРИТ: Зол џин, зол ѓавол.

ЈАКУБ: Јаков ЈАХЈА: Јое, Јован ЈАСРИБ: Медина ЈАЦИЈА: Вечерен молитвен обред ЈЕЏУЏ: Јог ЈЕТИМ: Сираче ЈУНУС: Јонас, Јона ЈУСУФ: Јозеф КАБА: Правец за ритуалите, молитви, при нивното извршување кај муслиманите. КАДАР: Моќен, способен КЕВСЕР: Река во рајот. КУРБАН: Жртва; брав или говедо кое муслиманите го жртвуваат на празникот Курбан Бајрам и во некои други прилики… КУРЕЈШ: Племе од кое потекнува Мухаммед (а.с.) ЛАТ: Идол ЛЕВХИ МАХФУЗ: Соувана плоча на која се испишани сите Божји одредби. И: Книга од која се објавени сите Божји книги. ЛУТ: Лот МЕЏУЏ: Магог МЕРЈЕМ: Марија МЕСИХ: Месија МЕНАТ: Идол кај Арапите. МИКАИЛ: Микел МИРАЗ: Наследство МИЗАН: Вага; посебна мерка според која, по исламското учење, ќе се мерат добрите и лошите дела на Судниот ден. МЕДЈЕН: Мидјем, Медија МЕСЏИД: Место за клањање; џамија МЕСЏИДУЛ ХАРАМ:Пространо двориште околу Кабе каде се наоѓа изворот Зем-зем и местото на Абрахам во Мека. МЕСИХ: Месија, Исус МИЏО: Стрико МИХРАБ: Длабнатина во ѕидот во џамија каде што имамот раководи со заедничката молоитва. МУСА: Мојсие НАФАКА: Божје давање НЕСР: Идол НУХ: Ное ПЕЈГАМБЕР: Пратеник РАМАЗАН: Месец на постот кај муслиманите РУКУ: Постапка при извршување молитва. ‘РСК: Нафака, во смисла кога секој се раѓа со она што му е дадено како нафака од Аллах. САБАХ: Утринска молитва. САБОТА: Сабат САЛИХ: Пејгамбер Божји испратен до народот Семуд. САФА-МЕРВА: Две свети ритчиња во Мека во непосредна близина на Каба. Тука аџиите извршуваат еден од аџиските ритуали. САХИФИ: Страници објавувани до некои поранешни пејгамбери. САДАКА: Милосрдие САМИРИЈА: Самири СЕБЕ: Кралството на Саба СЕЏДЕ: Да се поклони; дел од молитвата кога со челото и носот се допира местото каде се клања. СЕМУД: Древен народ СЕЛАМ: Спас; поздрав. СЕЛАМ АЛЕЈКУМ:“Нека е мир (спас) врз вас” – поздрав меѓу муслиманите СЕЛСЕБИЛ: Име на извор во рајот СИНА: Синај СУЛЕЈМАН: Соломон СУВА: Идол, кип СУРА: Поглавје, заглавие. ТАГУТ: Погрешен бог кој поттикнувал на грев. Се однесува на секој предмет или човек кој се обожава освен Бога. ТАЛУТ: Крал; го означува Сеула. ТЕВРАТ: Тора ТУВА: Света долина ТЕЈЕММУМ: Ритуално допирање лицето и рацете до лактата; оваа пракса го заменува абдестот (миењето) пред обредниот ритуал и бањањето по сексуалниот однос и ејакуација доколку нема вода. ЈАХЈА: Пратеник Божји-Јован Крстител ЈАЦИЈА: Вечерна молитва кај муслиманите. ЈЕЏУЏ: Гог ЈУНУС: Јонас, Јона УЗАТ: Идол во предисламско време УЗЕИР: Езра УМРА: Мал аџилак кој се извршува во кое било време. ХАРУН: Арон ХАЏЏ: Аџилак ХАРФ: Буква ХАЛАЛ: Дозволено ХАРАМ: Забрането ХИЏР: Држава (место) на Салих ХУРИЈА: Џеннетска, рајска убавица; жена со крупни убави очи како кај газелата. УММУЛ-КУРА: Мајка на градовите (се мисли на Мека) ЏАХИЛИЕТ: Предисламски период; непосреден период пред појавата на Исламот. ЏЕБРАИЛ: Габриел ЏЕННЕТ: Рај ЏЕХЕННЕМ: Пекол ЏИЗИЈА: Порез на заштита за немуслимани во едно исламско општество ЏИН: Невидливо духовно битие ЏУЗ: Дел од Кур’анот кој содржи дваесет страници. ЏУМА-НАМАЗ: Молитвен ритуален обред во петок ЏУНУБ: Така се нарекува муслиман или муслиманка од моментот на полниот однос, ејакулација или полуција се додека не се избања. ШЕЈТАН: Враг, ѓавол ШЕХИД: Оној кој ќе погине на Аллаховиот пат ШУАЈБ: Јетро, Јитро Рогуел

0 views0 comments

Comments


bottom of page