3d man with question and answer sign isolated on white
АД: Древен народ во Арабија АДЕМ: Адам АДН: Едн, врт еденски
АЗЕР: Тера АЈЕТ: Кур’анска реченица АЈКА: Град чиишто жители го сочинувале народот на Рогуел. АЛА: Тетка, сестра на таткото АЛЛАХ: Сопствено арапско име на Бога. АМАНЕТ: Залог, предмет даден на чување. АРШ: Престол
АХИРЕТ: Оној свет АХМЕД: Мухаммед БА’ЛА: Име на идол БЕДР: Битката на Бедр (Место недалеку од Медина) каде се водела првата битка две години по преселувањето на муслиманите од Мека во Медина. БЕРЗАХ: Меѓупростор; граница помеѓу овој и оној свет. БЕРИЌЕТ: Благодат ВАСИЕТ: Завештание ВЕДА: Идол во времето на Ное а подоцна кај племето Килаб, во местото Думметул-Џендел. ДАВУД: Давид ДАЈЏО: Брат од мајка. ЕБУ ЛЕХЕБ: Стрико и голем непријател на Мухаммед (а.с.) ЕЏЕЛ: Крај; Судниот час кога мора да се умре; смрт; коб; несреќа. ЕНСАРИИ: Сојузници, помагачи, жители на Медина.
ЕХЛУЛ-БЕЈТ: Потомците на Мухаммед (а.с.) ЕЈУБ: Јоб ЗЕКАТ: Верска такса што ја даваа муслиманите еднаш годишно во износ од 2,5%. Тоа е, всушност, годишен порез на севкупната имовина, накит, трговска стока и др. а се наоѓаат во сопственост на една особа. ЗЕКЕРИЈА: Захарие ЗИХАР: Еден лош обичај кај Арапите кога мажот ја бркал сопругата, изговарајќи ги зборовите: “Ти ми си забранета како плеќите на мајка ми.” ЗУЛУМ: Штета, неправда, насилство, терор… ЗУЛУМЌАР: Штетник, неправеден, насилник… ЗУН-НУН: Јона ЗУЛ-КАРНЕЈН: Александар ЗУЛ-КУФЛ: Езекиел ИБЛИС: Ѓавол, враг. ИБРАХИМ: Абрахам ИБРЕТ: Поука ИДРИС: Хенок ИЛЈАС: Елијас, Елија, Елијах. ИМАН: Верување ИМАМ: Водач ИМРАН: Татко на Мојсие и Арон. ИНЏИЛ: Евангелие ИНШАЕЛЛАХ: Ако даде Бог. ИСА: Исус ИСМАИЛ: Исмаел, Јишмаел ИСХАК: Исак ИТИКАФ: Муслимански верски обичај последните десет дена од месецот Рамазан да се затвори или да остане во џамија еден побожен муслиман поради ибадет; во џамијата спие и се храни. Џамијата не ја напушта се до Бајрам освен поради нужда. ИФРИТ: Зол џин, зол ѓавол.
ЈАКУБ: Јаков ЈАХЈА: Јое, Јован ЈАСРИБ: Медина ЈАЦИЈА: Вечерен молитвен обред ЈЕЏУЏ: Јог ЈЕТИМ: Сираче ЈУНУС: Јонас, Јона ЈУСУФ: Јозеф КАБА: Правец за ритуалите, молитви, при нивното извршување кај муслиманите. КАДАР: Моќен, способен КЕВСЕР: Река во рајот. КУРБАН: Жртва; брав или говедо кое муслиманите го жртвуваат на празникот Курбан Бајрам и во некои други прилики… КУРЕЈШ: Племе од кое потекнува Мухаммед (а.с.) ЛАТ: Идол ЛЕВХИ МАХФУЗ: Соувана плоча на која се испишани сите Божји одредби. И: Книга од која се објавени сите Божји книги. ЛУТ: Лот МЕЏУЏ: Магог МЕРЈЕМ: Марија МЕСИХ: Месија МЕНАТ: Идол кај Арапите. МИКАИЛ: Микел МИРАЗ: Наследство МИЗАН: Вага; посебна мерка според која, по исламското учење, ќе се мерат добрите и лошите дела на Судниот ден. МЕДЈЕН: Мидјем, Медија МЕСЏИД: Место за клањање; џамија МЕСЏИДУЛ ХАРАМ:Пространо двориште околу Кабе каде се наоѓа изворот Зем-зем и местото на Абрахам во Мека. МЕСИХ: Месија, Исус МИЏО: Стрико МИХРАБ: Длабнатина во ѕидот во џамија каде што имамот раководи со заедничката молоитва. МУСА: Мојсие НАФАКА: Божје давање НЕСР: Идол НУХ: Ное ПЕЈГАМБЕР: Пратеник РАМАЗАН: Месец на постот кај муслиманите РУКУ: Постапка при извршување молитва. ‘РСК: Нафака, во смисла кога секој се раѓа со она што му е дадено како нафака од Аллах. САБАХ: Утринска молитва. САБОТА: Сабат САЛИХ: Пејгамбер Божји испратен до народот Семуд. САФА-МЕРВА: Две свети ритчиња во Мека во непосредна близина на Каба. Тука аџиите извршуваат еден од аџиските ритуали. САХИФИ: Страници објавувани до некои поранешни пејгамбери. САДАКА: Милосрдие САМИРИЈА: Самири СЕБЕ: Кралството на Саба СЕЏДЕ: Да се поклони; дел од молитвата кога со челото и носот се допира местото каде се клања. СЕМУД: Древен народ СЕЛАМ: Спас; поздрав. СЕЛАМ АЛЕЈКУМ:“Нека е мир (спас) врз вас” – поздрав меѓу муслиманите СЕЛСЕБИЛ: Име на извор во рајот СИНА: Синај СУЛЕЈМАН: Соломон СУВА: Идол, кип СУРА: Поглавје, заглавие. ТАГУТ: Погрешен бог кој поттикнувал на грев. Се однесува на секој предмет или човек кој се обожава освен Бога. ТАЛУТ: Крал; го означува Сеула. ТЕВРАТ: Тора ТУВА: Света долина ТЕЈЕММУМ: Ритуално допирање лицето и рацете до лактата; оваа пракса го заменува абдестот (миењето) пред обредниот ритуал и бањањето по сексуалниот однос и ејакуација доколку нема вода. ЈАХЈА: Пратеник Божји-Јован Крстител ЈАЦИЈА: Вечерна молитва кај муслиманите. ЈЕЏУЏ: Гог ЈУНУС: Јонас, Јона УЗАТ: Идол во предисламско време УЗЕИР: Езра УМРА: Мал аџилак кој се извршува во кое било време. ХАРУН: Арон ХАЏЏ: Аџилак ХАРФ: Буква ХАЛАЛ: Дозволено ХАРАМ: Забрането ХИЏР: Држава (место) на Салих ХУРИЈА: Џеннетска, рајска убавица; жена со крупни убави очи како кај газелата. УММУЛ-КУРА: Мајка на градовите (се мисли на Мека) ЏАХИЛИЕТ: Предисламски период; непосреден период пред појавата на Исламот. ЏЕБРАИЛ: Габриел ЏЕННЕТ: Рај ЏЕХЕННЕМ: Пекол ЏИЗИЈА: Порез на заштита за немуслимани во едно исламско општество ЏИН: Невидливо духовно битие ЏУЗ: Дел од Кур’анот кој содржи дваесет страници. ЏУМА-НАМАЗ: Молитвен ритуален обред во петок ЏУНУБ: Така се нарекува муслиман или муслиманка од моментот на полниот однос, ејакулација или полуција се додека не се избања. ШЕЈТАН: Враг, ѓавол ШЕХИД: Оној кој ќе погине на Аллаховиот пат ШУАЈБ: Јетро, Јитро Рогуел
Comments