top of page
Writer's pictureinfoislam

Значењето на „Сибгхатуллах“

„Аллах нè Упатил (нè обоил - односно ние го примивме баптисувањето), и кое Упаство (боење) е подобро од она на Аллах?
 Ние само Него Го обожуваме!“ (Куран, Ел Бекаре:138) 

Во овој ајет зборот „Сибг“ значи да се обои, да ја одрази бојата односно да се потопи во вода. Поради тоа „сибг“ може да значи и чистење. Христијаните го потопуваат човекот во вода вршејќи чистење кое го нарекуваат „крштевање-баптисување“. Овој ајет истакнувајќи го тоа укажува на Божественото чистење. Сите Божји пратеници го правеле тоа но го одбивале тоа наводно чистење само со вода. Благодарејќи само на она вистинско чистење со примање на вистинската вера човекот ја добива својата боја, се препородува и станува способен на јасен начин да му се отворат погледите и да ја прими Вистината која се наоѓа во верата. Срцето се полни со љубов и на човекот му распламтува срцето во тежнеењето да му служи на целото човештво. Тоа е она вистинско Божје чистење, тоа е онаа вистинска природа која Севишниот Бог му ја подарил на човек, тоа е онаа вистинска духовна боја.(толкување и превод на Куран; 2:138 – Чаушевиќ)

Што е вистинско „крштевање“?

„Крштевањето“- всушност е примањето на Божјата вера. Во исламот тоа се дефинира со изговарање на неколку едноставни збора кои се примаат со Дух и со Вистина, а со дефиниција за негирање на сите други божества и преку признавањето дека постои само Еден Единствен Бог достоен за обожување. Потоа личноста се потопува во вода и тој е повторно роден во верата Божја. Погледни ги зборовите на Јахја, современикот на Исус, Евангелието по Матеј, 3:11 вели:„..но има некој што ќе дојде после мене, а појак е од мене…тој ќе ве крсти со дух и оган.“ Што е тоа Дух и оган ако не е моќта и силата со која е испратен овој последен пратеник Божји. Кој ќе крштева со Оган? Кој ќе се пресмета со безбожниците во Арабија и ќе воспостави држава која е устроена според Божјиот урнек како што била воспоставена само во времето на Соломон и Зулкарнејн, и ќе се обнови со повторното доаѓање на Исус. Во Евангелието по Матеј, 3:3 се вели: „..подгответе го патот за Господарот на пустината, порамнете ги стазите негови…“ За брзо време тоа пустинско царство ќе дојде и за брзо време тоа царство базирано на чист монотеизам ќе завладее со половина од тогашниот свет. Духовното крштевање е директно Божје дело. Семоќниот Господар не го „баптисува“ телото туку духот и душата и сите оние коишто ги води кон Неговото Упаство. Секој што ќе го прими Упаството, објавата во целост, тој ќе биде просветлен.Така било и со последниот Божји Пратеник, секој што ги чул зборовите Божји и секој што бил до овој прочистен и зајакнат Дух наречен „Рухул Кудус“, веднаш ја примал објавата и знаел дека таа е вистина која доаѓа од Господарот Негов. Секој што верува во Апсолутното Божје Едноштво станал просветлен и чист и подготвен да истрае и да ја проповеда Божјата Семоќ, бидејќи Упатството го нашол во бесконечно силните зборови. (Давид Бенјамин Келдани – Мухаммед во Новиот Завет)

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page