Возвишениот Аллах на повеќе места во Куранот за Себе вели НИЕ. Меѓутоа,ова не значи дека исламот заговара верување во повеќе богови.
Постојат два вида на множина.
Во неколку јазици постојат два вида плурал(множина).Првиот плурал е нумерички,се однесува на нешто чија количина е повеќе од еден.Другиот плурал е плурал на почитување.
Кралицата на Англија често вели Ние наместо Јас,и ова е познато како кралски плурал.
Раџиф Ганди,поранешен премиер на Индија има обичај да рече на Хинду јазик:’’Хум декха чахте хаин’’.Што значи:’’Сакаме да видиме’’. ХУМ значи ние,што е кралски плурал на хинду јазик.
Исто така,кога Возвишениот Аллах зборува за Себе во Куранот, ја користи арапската заменка Нахну, што значи НИЕ.Ова не е нумерички плурал туку плурал на почитување.
Тевхид,односно монотеизмот, е темел на Исламот. Аллаховото едноштво се спомнува на многу места во Куранот. На пример во суре Ихлас: Кажи:’’Он е Аллах-еден е!’’
Д-р Закир Наик
Покрај овој одговор на почитуваниот Закир Наик ви ја пренесуваме фетвата ( односно фикско-правниот пропис) од ИЗ од Босна.
Прашање:
Ес селаму алејкум.Аллах во чесниот Куран појаснува досста работи, и на повеќе места Себе се спомнува во множество и вели:„Ние “, а исто така на доста места вели и :„Јас“, па затоа би сакал да знам од вас поучените зошто Аллах се спомнува Себеси во множина.
Одговор:
Сета благодарност Му припаѓа на Аллах.
Алејкум селам! Тоа е вообичаена форма на самовеличање која се користи во Куранот на многу места. Оваква форма на самовеличање(посебно во арапскиот јазик) и самоперсирање присатна е во начинот на кореспонденција и дискурс кај суверените( најчесто кралеви) и истакнати персони. Кај некои помалку значајни се користи и како одраз на скромност. во Куранот се користи од причина на (Само)величање.
Др. Енес Љековиќ, Извор (Ријасет БиХ)
Kommentarer