Прашање:
Ес селаму алејкум.Аллах во чесниот Куран појаснува доста работи, и на повеќе места Себе се спомнува во множество и вели:„Ние “, а исто така на доста места вели и :„Јас“, па затоа би сакал да знам од вас поучените зошто Аллах се спомнува Себеси во множина.
Одговор:
Сета благодарност Му припаѓа на Аллах.
Алејкум селам! Тоа е вообичаена форма на самовеличање која се користи во Куранот на многу места. Оваква форма на самовеличање(посебно во арапскиот јазик) и самоперсирање присатна е во начинот на кореспонденција и дискурс кај суверените( најчесто кралеви) и истакнати персони. кај некои помалку значајни се користи и како одраз на скромност. во Куранот се користи од причина на (Само)величање.
Др. Енес Љековиќ, Извор (Ријасет БиХ)
コメント