top of page
Writer's pictureinfoislam

Зошто Бог го создал злото?

Пријателот продолжи понатаму:

Како можете да зборувате дека вашиот Бог е Совршен, Милозлив, Благороден, Благ, а ги создал сите зла на светот: болеста, земјотресот, староста, смрта, вулканот, заразни клици, отров, суша, студ, рак кој не ги поштедува ни старите ни децата. Ако е Бог љубов, убавина и добро, како тогаш ги создал омразата, грдотијата и злото!?

Проблемот кој го покренува прашањето на пријателот е еден од основните во филизофијата, чие размислување пак ги поделило разните школи и мислења. На него одговараме: Бог е милозлив и добар. Тој не наредил да се прави зло, но од мудрост не го ни оневозможил:

„Навистина Аллах не ви наредува да правите срамни дела. Зар на Гопспод ќе му го кажете она што не го знаете? Кажи: Мојот Господар ми наредил добри и праведни дела…” (Ел-Еараф, 28).

Бог наредува само правда, љубов, добродетелство, опрост и она што е добро, и се задоволува само со убавото и пријатното. Но, зошто тогаш му дозволил на насилникот да врши насилство, убиецот да убива, крадецот да краде..? Затоа што Тој не сакал слободни. А слободата претпоставува можност за грешење, инаку тоа не би била слобода. Слободен е изборот помеѓу непослушноста и послушноста.

Во моќта на Аллах џ.ш. била можноста да не направи сите нас добри и да не принуди на послушност, што би значело одземање на слободата на изборот.

По вољата и мудроста на Господ слободата со болката е поблагородна за човекот од ропство со среќа. Затоа е и оставена можноста за грешење.

Правилното и објективно гледање ни открива дека доброто во целокупното свое постоење е принцип, а злото е исклучок. Здравјето е основа, а болеста е исклучок. Ние поголемиот дел од својот живот го поминуваме во здравје. Болеста ретко не посетува. Така е и со земјотресот кој изнесува само неколку минути во животот на земјата долг со милиони години. Исто е и со војните и катастрофите. Се се тоа кратки грчеви ви животот на народите помеѓу долги периоди на мир.

Практично, се има своја добра страна. Болеста поттикнува на чување на здравјето, болката е извор на цврстината, упорноста и спремноста на жртва. Земјотресите се воздишки ослободување на внатрешниот притисок на земјата, кој ја заштитува нејзината кора од експлозија. Вулканите исфрлаат скриени рудни богатсва и покриена површина на земјата со плодна лавеа. Војните ги поврзуваат народите.

Од ова синџирно поврзување настанале и Обединетите Нации и Советот за Безбедност како две најголеми светски инстанци, кои ги решаваат меѓународните конфликти. Пеницилонот, атомот, авионите, ракетите се пронајдени благодарејќи на војните. Отровот на змијата го содржи најефикасниот противотров. Од микробите се прават вакцини. Местата на кои што сме сега не би ни припаѓале ако нашите дедовци беа живи. Злото во вселената е како сенка на сликата: ако и се приближиш ти се чини дека е надостаток на сликата и грешка, но ако сликата ја гледаш од вистинска оддалечност ќе откриеш дека тоа е неопходно и дека сенката има првокласна задача во естетското обликување на сликата.

Дали ќе знаевме што е здравјето да не е болеста? Убавото го распознаваме благодарејќи му на грдото, природната положба благодарејќи на неприродната…Во оваа смисла се и зборовите на големиот Газалија:

„Непотполноста на веселената е нејзината потполност, како што е искривеноста на лакот неговата исправност, бидејќи во спротивно не ќе можеше да ја исфрли стрелата.”

Второто значење на тешкотиите и болките е откривањето на вистинската природа на луѓето. Ако не се тешкотиите, сите луѓе би биле исти. Дарежливоста би станала посиромашна а борбата би ја загубила сласта на јуришот. Тоа е испитот на секој од нас пред самиот себе си пред Аллах џ.ш.

Овој свет не е ништо друго освен една глава на романот, кој има повеќе такви глави, и смртта не е негов крај туку почеток. Неправилно е да донесуваме суд само врз основа на еден чин, како што е неправилно да отфрлиме некое дело, бидејќи некоја негова страница не не воодушевува. Правилниот суд се носи на крајот.

И конечно, со што ова пријателот го надоместува? Бара ли тој живот без смрт, старост, недостатоци, помош, ограничувања, жал и болки? Зар не бара тој апсолутно совршенство, иако само Аллах џ.ш. е совршен? Совршен е само Еден и Единствен. Ова значи дека пријателот би бил незадоволен се додека тој лично не би станал бог, а тоа е исмејување на самиот себе си. Тој и на него сличните само не насмејуваат. Тие сакаат животот да биде рај, а што сториле така да биде? Со што нашиот пријател заслужува да биде Бог. Мојата нана беше попаметна од доктор по науки кога ни зборуваше едноставно:

„Доброто е од Бог, злото е од нас”

Ова трошка зборови го резимира и разрешува целиот проблем. Бог ја дал реката и ветерот, но капетанот на бродот ќе ја пренатрупа со луѓе и роба, па тогаш кога ќе потоне бродот го пцуе Господ и ја криви судбината. Каков е гревот на Господ во тоа? Тој ја дал водата по кој броди бродот и ветерот кој ќе го придвижува, но човечката похота и алчност го престорија доброто во зло.

Колку има мудрост во зборовите: Доброто е од Бог, злото е од нас самите! Извадок од книгата: „ДИЈАЛОГ СО ПРИЈАТЕЛОТ НЕВЕРНИК“- д-р Мустафа Махмуд

0 views0 comments

Comments


bottom of page