top of page
Writer's pictureinfoislam

Зошто е толку тешко да се успее?

Потешкотиите се сосема нормален пат по кој треба да се движиме. При толку многу натпревар и желба кај другите нормално е да очекуваме отпор и пречки на кои не сме навикнале. Како што ќе поминува времето тие пречки наместо помали ќе станат поголеми. Проста причина.

Огромна светска популација и огромна конкуренција. Сето тоа ќе биде проблем за бизнис условите и за успех на секое поле. Само докажани и врвни експерти ќе можат да влијаат на одредено поле. Само способни и крајно интелигентни и технички извежбани луѓе ќе можат да пренесуваат податоци. Само добро едуцирани, елоквентни,  компетентни и етички оформени личности ќе бидат узор на генерациите кои доаѓаат. Некој ќе се спротистави и ќе каже дека тоа не е вистина.

Живееме во време кога изопаченоста и лагата многу погрешни луѓе ги ставила на пиедесталот на власта. Но гледајќи нанапред треба да сме свесни дека неконтролираните подрачја и нестандардизираните проекти довеле до богатење на измамливи поединци, но стандардот и тешката работа, како и потпирањето на личниот и колективниот развој вовело стандарди кои полека но сигурно им даваат предност на луѓе кои имаат состојба која реално е вештина и едукација потребна за одредено работно место или општествена улога. Таа улога на лидер и водач можат да ја работат само компетентни поединци бидејќи брзо се откриваат вештачките и лажни наративи. Се потешко е да се најде оригинален впечаток кој го остава поединецот врз општеството. Со воведувањето на вештачката интелигенција таквиот проблем ќе се појави и во медиумите, пишани и непишани, каде ќе се соочиме со наплив од лажни вести и текстови без формална суштина кои не внесуваат духовност и емотивност, туку вештачки лажен наратив.

Photo by Snapwire on Pexels.com

Таквиот наратив за жал би бил само предизвик кој е продолжение на веќе постоечките корпорации и нивната желба да владеат на пазарот без оглед на цената која ќе ја плати човештвото. Наместо да бидат чувари на животната средина, чувари на добрите стандарди истите можат да станат протеже на лош квалитет, фалсификат и лош менаџмент.

За да успее во таквиот свет, поединецот прво мора да расчисти со себе и своите желби и како што веќе рековме да има огромна желба. Треба да прекине со наративот на обвинување на смејството, општеството и луѓето околу него како главни виновници за неговиот застој. Секогаш се криви газдите, богатите, корпорациите, црните или белите, арапите или кинезите, наместо да согледа за грешките од свој агол и со огледало кое ќе го истакне првин неговиот лик. Колку придонес има секој од нас кон подобра животна средина, кон подобра самодисциплина, кон подобро соседство и подобар соживот. Колку од нас се придружиле да внесеме промени околу нас? Затоа треба да имаме чист дух и нова енергија кои тие промени ќе започне да ги внесува првин во себе а потоа и во општеството.

Кога не успеваме да ги адресираме работите со право име, уште потешко стигаме да ги отстраниме пречките околу нас. Можеби ќе ги заобиколиме, но тоа е долгиот пат кој е пред нас и нема да можеме да ги прескокнеме од прва.

Заветувај се дека ќе ја направиш таа промена и почни уште од денес. Направи листа на промени кои ќе треба да следат и биди храбар и цврст. Утре е нов ден и искористи го во твоја најдобра полза, а секој нов ден е нова вредна шанса за промена.

0 views0 comments

コメント


bottom of page