Токму во времето кога исламот се соочува со најтешките медиумски кампањи, посебно оние кои се мажи и жени во исламот. Прилично е чудно, но на некој можен начин можеби е факт дека исламот е најбрзорастечка религија во светот, па дури може да изгледа и ироничен фактот дека најмногу конвертирања во ислам има меѓу жените!
Статусот на жената во опшеството не е нова тема на проучување ниту е целосно утврдена, а кога ке се спомене ислам многу луѓе веднаш ги асоцира на исцрпени мајки, врзани за шпорет ,,жртви,, кои живеат во угнетени позиции, желни за западњачкиот начин на живот итн. Други пак објаснуваат дека марамата (хиџабот) е само маска и смета коментирајќи дека оние кои конвертираат (преминуваат) во ислам имаат испран мозок, глупаци и предавници на својата вера. Јас одбивам такви обвинувања и повикувам да ми одговорат на следново прашање:,,Зошто толку многу жени кои се родени и пораснати во т.н ,,цивилизирано,, опшество на Европа и Америка се поготвени да се откажат од ,,слободата,, и ,,независнота,, и да ја прифатат религијата која врши толкав ,,притосок,, врз нив за која се верува дека е неправедна кон нив?“.
Како поранешна христијанка која го прифаќа исламот, можам само да зборувам од моето лично искуство кое ми даде причина зошто да се откажам од ,,слободата,, за која жените тврдат дека токму прифакајќи ја исламската вера се ослободуваат вистински давајќи и положба и статус кој е потполно уникатен во споредба со оние кој им се дава меѓу немуслиманите. Пред да го прифатам исламот, имав силни феминистички тенденции и сфатив дека кога се работи за жената, имаше многу нејасни работи, како и недостаток на можност да се одржи жената некаде во социјалната карта. Овој проблем стана поголем кога на ред дојдоа и новите,,женски проблеми,, а ниту предходните не беа одговорени. Како и многуте други жени од моето потекло, и јас го обвинив исламот дека како религија е дискриминирачка, неподнослива и која им дава поголеми права на своите машки припадници. Сето ова потекнуваше од личност која воопшто не го познаваше исламот, кој беше заслепен од сопственото игнорирање кој ја прифати намерно искривената дефиниција за исламот.
Сепак и покрај многуте критики за исламот, не бев задоволна од својот статус па дури ниту од своето друштво. Ми се чинеше дека друштвото само ги дефинираше термините како,, либерализација“ и ,,слобода“ а потоа овие услови се прифаќаа од страна на жената без таа самата да се обиде да ги испита и да ги тестира. Јасно беше дека имаше голема противречност помеѓу тоа што и се претставуваше на жената во теорија и тоа што навистина се случуваше во пракса. Полека почнав да доаѓам и до точка каде мојата фрустрација за статусот на жените во опшеството стана уште ден израз на незадоволство од опшеството во целина. Се ми изгледаше толку изопачено и покрај сите тврдења дека годината 1990, ќе биде успешна и просперитетна. Имав чувство дека нешто витално недостасува во мојот живот и ништо не можеше да ја исполни таа празнина во мене. Тоа што бев христијанка не ми претставуваше нешто посебно и почнав да се прашувам колку е правилно тоа што Бог го посетуваме само еднаш – во неделите? Како и кај многу други христијани, и моите илузии беа расфрлани благодарејќи на лицемерието на црквата, и станав необјасливо тажна за концептот на Тројството и обожувањето на Исус (Иса а.с).
Конечно почнав да го истражувам исламот. Најпрвин се занимавав со работите кои беа поврзани со жените на било каков начин во исламот. Бев изненадена. Тоа што го прочитав и дознав, ми обезбеди да осознаам многу за себе како жена, а исто така ми помогна да сфатам каде точно лежи угнетувањето на жените – во секој друг систем, освен во исламот! На жените муслиманки и се дадени сите права од секој апсект со јасна улога како што има и мажот, без било каква неправда врз било кој од нив. Како што Аллах џ.ш вели:
„ а тој што прави добро, било да е маж или
жена, а верник е, ќе влезе во џеннетот и нема да
му се направи неправда.“ (Ен Ниса)
И така, откако го исправив своето погрешно размислување и сфаќање за статусот на жената во исламот, почнав да истражувам и понатаму. Го барав и тоа нешто што би ми помогнало да ја пополни празнината што ја чувствував во мојот живот! Моето внимние сега беше насочено кон верата и кон исламот. Само со стекнување на основното знаење можев да сфатам каде да се обратам и што да ми е приоритетно. Најчесто тоа се области каде луѓето не обрнуваат внимание и околу кои не се води спор во опшеството а кога почнете да истражувате во исламот почнува да ви станува јасно зошто е тоа така: толку концизни, сеопфатни и точни информации не може да се најдат на друго место.
Темелот во исламот е Теухидот[1] со едноставна порака – ла иллахе илаллах[2]. Тоа е признание, само на Аллах треба да му се поклониме и да го фокусираме обожувањето само на Него,тоа е фундаменталната порака која ги поништува сите лажни богови, тоа е точката, почетокот од кој треба да почне секој кој сака сериозно да научи нешто за исламот.
Во тоа време почнав да се состанувам со жени кои ја практикуваат верата и со нив се чувстував безбедна и добредојдена во нивно друштво! Толку имаше мегу нив добрина и човечност што сакав да бидам дел од тоа. Овие сестри, кои не ги сметав само како мои пријателки туку и штитнички и советнички, а убавината во тоа друштво што ке ги привлече сите од само една причина: да си помагаат едни на други и го обожуваат Аллах субанеху ве теала. Тоа е она што ги држело нивните срца заедно.Аллах вели:
„и Тој ги соедини срцата нивни. Да го потро-
шеше сето тоа што постои на Земјата, ти не-
маше да ги соединиш срцата нивни, но Аллах
ги соеднини. Тој е навистина Силен и Мудар.“ (Сура Ел-Енфал, 63)
Елхамдуллиллах[3], го прифатив исламот доброволно. Со читање, истажување, слушање, следење на разни предавања го запознав својот Господар. Почнав да се запознавам со Неговите прекрасни имиња (асма) и атрибути (Сифат) на убавината и совршенството. Ова ми е голема помош воопшто во запознавање на верата. На пример, знаејќи дека меѓу Аллаховите убави имиња го има и тоа дека Тој е Најмудар ( Ел-Нахиму) и Најправеден( Ел-Алду) што значи дека само Тој заповеда мудро и праведно, прави личноста потполно да престанува да бара објаснување за Аллаховите закони и прави да изчезне било какво сомневање во правичноста на Неговите прописи. Елхамдуллиллах сега го разбирам тоа што исламските ученици и предавачи толку силно го нагласуваат на верниците, што повеќе да учат за Аллах Неговите совршени каракеристки и убави имиња, пред да се обидат да ги сфатат Неговите закони.
Би била несреќна да заземев став дека ,,исламот им дава на жените повеќе права,, и тоа да го зедов како причина за моето прифаќање на исламот како моја религија. Да не ја научев основата на верата, теухидот, и да не посветев внимание на тоа како Аллах се опишува себеси во Својата Книга,можеби сеуште ќе талкав изгубена во лавиринтот на шејтанот (ѓаволот). Елхамдуллиллах јас сум една од избраните, една од многуте на која Аллах и дозволи да ја види Вистината! Аллаху Екбер, Аллаху Екбер, Аллаху Екбер[4]!!!
Превод: сестра Лејла
Рецензија: сестра Иман
[1] Монотеизам
[2] Нема друг бог освен Аллах
[3] Фала Му на Аллах
[4] Аллах е Голем
تعليقات