top of page
Writer's pictureinfoislam

Зошто Мухаммед а.с. никогаш не удрил жена или дете?


Третманот спрема жените во сенката на Куранот и во Сунетот (традицијата на Пратеникот)

Во сенката на Куранските текстови можеме да видиме дека Возвишениот Аллах наредува на сопругата да и се чини добро и да се почитува, и да се живее со неа во добробит, дури и ако кон неа е прекината љубовта во срцето на сопругот. Рекол Возвишениот Аллах во Неговата мудра Книга: “И живеејте со нив добро. А ако вам не ви се допаѓа нешто кај нив, можеби баш во тоа Аллах ви дал големо добро”. (Суре ен Ниса 19) Рекол Пратеникот Мухамед (Божјата милост нека биде над него: “Верникот не ја презира верничката, ако не му се допаѓа некоја нејзина особина, тој ќе биде задоволен со друга (особина)”. (Хадисот го пренесува Муслим) Возвишениот Аллах појаснил дека жената има свои права кај својот маж, вели Аллах: “И тие имаат права колку и должности”. (ел Бекаре 228) Од последните пораки на Пратеникот пред да се пресели од овој свет е мажот да биде внимателен спрема жените, да се почитуваат, да не им се стори неправда, и да не се кршат нејзините права. Рекол: „Ви порачувам да бидете добри кон жените”. Наредил да се трпат нејзините грешки и да и се прости на грешките што ги прави. Кога Пратеникот ја објаснува природата на жената вели: “Навистина жената е создадена од ребро. Таа нема да остане на една патека. Ако уживаш со неа, ќе уживаш и ако е неисправна. А ако се обидеш да ја исправиш, ќе ја искршиш, а нејзиното кршење е разводот”. (Пренесува еби Аване) Истотака рекол: “Ви порачувам да бидете добри кон жените. Тие се создадени од ребро, а најкриво кај реброто е врвот, ако се обидеш да ја исправиш, ќе ја искршиш. А ако ја оставиш ќе остане крива. Ви порачувам спрема жените да бидете добри”. (Пренесува ел Бухари)

Дали Аллаховиот Пратеник некогаш удрил некоја од неговите жени? Пратеникот (Мирот нека биде над него) е пример за сите муслимани. Аллах нас ни наредил да ја следиме неговата пракса, и вели: “Вие имате во Аллаховиот Пратеник најдобар пример, за оној кој се надева на Аллаховата награда и верува во Судниот Ден и кој често го споменува Аллах”. (ел Ахзаб 21) Ова е најубавиот и најдобриот пример. Аллах го испрати него со чистата вера и го воспити на најдобар начин, вели Возвишениот: “Ти си навистина на највисокиот степен на морал”. (ел Калем 4) Во неговиот живот практицираше највисок морал и ги направи и другите тоа да го забележат. Вели Пратеникот: “Испратен сум да ги потполнам моралните вредности”. (Пренесува Малик во Муветта) Неговата жена, Аиша (Аллах нека биде задоволен со неа) која го познавала Пратеникот подобро од Асхабите во аспектот на однесувањето, вели за него: “Неговиот морал беше Куранот”. (Пренесува Ахмед) Тоа значи дека Пратеникот ги следил Неговите наредби и се оддалечувал од забраните. Пратеникот бил најпрв кој ќе ги следи пофалните атрибути во Куранот, и нема ниедно забрана или лошо што Куранот повикал за да се оддалечиме од тоа, Пратеникот ќе бил тој кој најмногу се оддалечил од тоа. Во неговиот живот никогаш не удрил жена или дете!!! Во спротивно со тоа, тој кој што го следи неговиот живот и размислува за Хадисите што ни се пренесени од него, јасно може да се види дека тој забранил да се удираат жените и децата и најостро предупредил на тоа. Вели неговата жена, Аиша: “Пратеникот никогаш не удрил со рака нешто, ни жена, ниту слуга, освен во борба на Аллаховиот Пат. Ниту се одмаздил на некого кој би му нанел неправда, освен кога ќе се кршеле Аллаховите граници, се одмаздил за Аллах”. (Пренесува Муслим) Дури и неговите непријатели кои сакаат да го искриват неговиот повик и да ги одвратат луѓето од него, не можат да го потврдат тоа што е спротивно на она што го рековме. Сега да видиме што велат за него најблиските и кои поминувале најмногу време со него, бидејќи нема сомнеж дека постојаното дружење со некого, ти го открива неговиот карактер. Вели Сафија бинт Хујеј: “Не сум видела никого со подобар карактер од Пратеникот”. (Пренесува Таберани) Вели слугата, Енес бин Малик (РадијАллаху анху) кој го служел Пратеникот десет години: “Му служев на Пратеникот десет години, никогаш не ми рекол “Уф”, ниту да рече за нешто што сум го направил “Зошто си го направил?” И ниту за тоа што не сум го направил не ми рекол “Зошто не си го направил?”. Беше Пратеникот во најдобар морал”. (Пренесува Тирмизи) Истотака вели: “Му служев на Пратеникот мнгу години и никогаш не ме пцуел, никогаш не ме удрил, никогаш не ме понижил, никогаш не ме погледнал со намуртено лице, и ниту да ми нареди нешто а јас тоа да го одолговлекувам па да ма критикува, а кога некој од неговото семејство би ме критикувал, тој би го повикал и би му рекол: “Оставете го, тоа што е одредено тоа ќе биде”. (ел Бегавиј) Исламскиот пропис за удирање на жената?

Извор на Шеријатскиот Закон е Куранот и веродостојниот Сунет на Пратеникот. Од овие два извори ќе докажеме во која категорија спаѓа удирањето на жената: Дали тоа е Фарз, Мустехаб, Мубах, Мекрух или Харам. Во Хадисот кој се пренесува од Ијас бин Абдилах се вели дека Пратеникот рекол: “Немојте да ги удрите робинките на Аллах (т.е. жените)”. Па дошол Омер кај Пратеникот и му рекол: “Претерале жените над своите мажи”. Па Пратеникот дозволи да се удираат жените малку. Таа ноќ дојдоа кај Пратеникот мнугу жени да се жалат за своите сопрузи, па Пратеникот рекол: “Кај семејството на Мухамед дојдоа многу жени да се жалат за своите мажи. Тие (мажи) не се најдобрите меѓу вас”. (Пренесува ебу Давуд, ибн Маџе, ед Дарими) Преку анализата на овој Хадис доаѓаме до следните заклучоци: Овие зборови на Пратеникот во цитираниот Хадис не се изречени во едно време во едно место, туку били на три различни временски периода и во различни ситуации:

Првиот временски период: Во овој период рекол Пратеникот “Немојте да ги удирате робинките на Аллах “. И со ова е завршен првиот период и првата ситуација. Спрема тоа секој кој ќе ги чуе овие зборови на Пратеникот ќе дознае дека удирањето на жената во Исламот е забрането заради забраната на Пратеникот (Мирот нека биде над него). Оној кој тоа ќе го стори е грешник и се смета за пртестапник заради непочитувањето на наредбата на Пратеникот.

Вториот временски период: Доаѓањето на Омер во времето кое не е исто време во коешто Пратеникот рекол “Немојте да ги удрите робинките на Аллах”, туку дошол Омер да се жали велејќи: “Претерале жените над своите мажи” тоа значи дека жените станале непокорни на своите мажи и сакаат да доминираат. Во оваа ситуација Пратеникот дозволил да се удира жената земајќи ги во предвид животните околности без кои брачната заедница не може да опстане. Но каква е природата на оваа удирање? Ова ќе го спомнеме во следниот Хадис. Третиот временски период: По фактот што Пратеникот дозволил да ја удри малце жената којашто е непослушна и непокорна, дошле кај него повеќе жени да се жалат за нивните мажи, па потоа вели Пратеникот: “Кај семејството на Мухамед дојдоа многу жени да се жалат за своите мажи. Тие (мажи) не се најдобрите меѓу вас”. Во овој трет и последен период станува јасен прописот на Исламот по прашањето за удирањето на жената. Дали тоа е Мекрух (Непожелно) или е Харам (Забрането) доколку мажот ја преоѓа границата за која малку подоцна ќе ја објасниме. Дали од текстот на Хадисот заклучуваме дека Пратеникот поттикнал да се тепа жената? Или дека Пратеникот го поздравил удирањето на жените? Во говорот на Пратеникот има прекор и негирање на доброто на оној кој ја удира својата жена. Другарите на Пратеникот (Божјата мир нека е над нив) го сфатиле говорот на Пратеникот и дознале дека тој којшто ја удира жената нема да го постигне задоволството или наклоноста на Пратеникот. Нема сомневање дека нешто што не му се допаѓа на Пратеникот тоа е сигурно во најголем степен на непожено дело, ако не и строго забрането (Харам).

Дали е можно удирањето на жените да премине од категоријата непожелни дела во строго забрането (Харам)?

Како што видовме првобитниот пропис на удирањето жени во Исламот е забрането. После тоа станува дозволено во случаи на постоење оправдани причини за тоа, за да на крај сепак да добие статус на непожелно дело. Но кога удирањето на жените е забрането? Удирањето на жените е строго забрането (Харам) кога мажот ќе посегне по жената без повод. Секој вид на насилство во Исламот е забранет ако станува збор за неправда или посегнување по некого без повод. Вели Возвишениот во својата Книга кога предупредува на секој вид на неправда: “Оној од вас кој ќе стори неправда ќе му дадеме голема казна”. (ел Фуркан 19) Вели Пратеникот: “Чувајте се од неправдата, бидјеќи неправдата е темнина во Судниот Ден”. (Пренесува Бејхеки) Исламот забранува да се предизвикува штета некому, дури и таа штета да е само со зборови, вели Аллах: “Тие кои вршат клевета кон чесните невини вернички, се проклети во овој свет и во другиот, и ќе имаат голема казна”. (ен Нур 23) Или ако би била таа штета од телесна природа, удар или слично, освен кога е со право. Вели Семоќниот Аллах: “Тие кои ги малтретираат верниците и верничките за нешто што тие не заслужиле, товарат на себе клевета и јасен грев”. (ел Ахзаб 58) Или кога би станало збор за непријатности или јадење на богатсво на недозволен начин. Вели Аллах: “И не јадете го богатсвото едни на други на недозволен начин”. (ел Бекара 188) Во ова се еднакви сите суштества: мажи или жени, млади ли стари, муслимани и неверници. Вели Пратеникот: “Муслиман е тој од чиј јазик и рака луѓето се сигурни”. (Пренесува Ахмед 7086, ен Несаи 4995 )

Тој што вели дека Исламот поттикнува на насилство и удирање на жената, тој изнел огромна клевета во Аллаховата вера.

Шеријатскиот пропис за оној кој ја удира жената Исламското Правосудство го зема сериозно прашањето за удирање на жената и насилството врз неа од страна на мажот. Исламот вложува напор за да воспостави правда на тој начин што мажот кој е насилен или неправеден кон жената да се казни. Над него ќе се применат конкретни стапки на Шеријатското Право, тогаш кога ќе се покрене процес пред правосудството, како што е во случајот што следува: Весникот “ер Ријад” на својата интернет страница со датум 12.12.2012 година го објави следното: “Локалниот Суд во Катиф во Саудиска Арабија донесе пресуда против каж кој посегнал по својата жена и ја удирал. Нему му е пресудено казна со камшикување од 30 камшика што ќе се изврши на јавно место, така што тоа ќе биде поука за сите мажи кои се насилни спрема жените. Истотака во оквирот на пресудата влегува и пресудата која гласи дека тој е должен да заврши курс од десет дена во специјална институција за семејни проблеми. После тоа ќе полага писмен испит кој ќе се додаде во архивата на судскиот предмет”. Во Исламската држава во која се суди со Шеријатско право, жените имаат право да подигнат тужба против своите мажи и да излезат на суд за да излезе правдата на виделина. Суштината е во тоа дека разумниот муслиман кој оди по упатсвата на Исламот не е задоволен да и се чини неправда или насилство врз жената. Наредено ни е да простиме, да поминеме преку грешките, да бидеме трпеливи и меки, лошото да го вратиме со добро. Треба да се знае дека Исламот не го дозволува удирањето на жените, туку удирањето на жената го дозволил во ретки случаи кога се прави исклучок, и се тоа за да би се чувал бракот и општите морални норми.

Регулативи за воспитувањето со удар според исламското право

  1. Постепеност во решавањето на проблемот. На тој начин што мажот ќе вложи максимален труд да го реши проблемот во етапите кои се пред ударот, а тие се: советувањето и бојкотот во постела.

  2. Ударот да биде со мисвак или слично, чија должина и дебелина не е поголема од пенкалото.

  3. Да не се удира по лицето или по чувствителите делови на телото. Исламот строго го забранува ударот по лице, било тоа маж, жена или животно. Лицето е предмет на почит, и секој удар предизвикува непријатност. Истотака е забрането намерно да се удираат чувствителните делови на телото. Ова се границите на Аллах, а тој којшто ги преминува е грешник.

  4. Воспитувањето со овој метод да не биде пред луѓе кои гледаат. Такашто на мажот не му е дозволено да ја удира жената пред другите, а посебно не пред децата, бидејќи тоа е понижување за жената а исто и претставува лош пример за децата. Какво воспитување ќе им даде човекот на своите деца ако тој ја удира нивната мајка а тие гледаат или чујат!?

  5. Ударот да не биде силен и да не остава никакви траги на кожата, како што е крварењето, или да остави последици како што се раните или скршениците. Ако мажот нејзе и предизвикува рана, скршеница или крв врз телото, тогаш тој маж влегува во категоријата на грешници коишто не сакаат нивните жени да се поправат, туку само сакаат да се одмаздат на нив. Таквиот маж во Исламското Право заслужува да се воспитува и законски да се казни.

Извор: Ислам Хоусе

0 views0 comments

תגובות


bottom of page