Помисли само, ти, исправено и разумно човечко битие, кое работи и размислува, се храни и облекува, учествува во друштвените текови и влијае на нив. Ти, човечко створение кое има родители и пријатели, имаш свои цели и стремежи, среќни моменти и таги…. ти, беше до скоро една мала капка семе! А, пред таа капка беше ништо! Да! Баш ништо! Запрашај се каде си и што си бил пред 100 години? „Зарем одамна беше тоа, кога човекот за помен не беше вреден?“ (76/1)
СКЛАД
Те молам, размисли за органите во своето тело – тие само од една капка семе се развиле до одредена граница, а потоа нивниот развој престанува. Секој орган има своја прецизно одредена големина и функција и сите заедно во величенствен склад и хармонија го чинат телото на човекот. Ако поедини органи би продолжиле преку мерка да растат, како би изгледало човечкото тело? Замисли го човекот на кој рацете би му се влечеле по земја! Или човекот со глава во големина на јаболко! Или… ! Па дали знаеш кој ги ’програмирал’ тие капки да ’растат’ и да се ’развиваат’ до одредени граници и кој дал да само од една капка израснат сите органи кои го сочинуваат човекот?
ОД КАДЕ?
Дозволи ми да те запрашам: Кога би знаел дека ќе ослепиш, што би дал да го сочуваш својот вид? Сигурно би дал се што имаш! А кога би знаел дека ќе гиизгубиш своите нозе, што би дал, да, до тоа не дојде? Сигурно би дал се што имаш! А, дали можеш двапати едноподруго да дадеш се што имаш? Но, ти никогаш и не си дал ништо, а имаш пред се: и душа и разум, па тело, имаш очи, уши, раце, нозе, имаш срце, плуќа, бубрези и многу други органи чија функција можеби и не ја познаваш, а без кои нормален живот е невозможен. Меѓутоа, дали некогаш си размислил кој ти го подарил сето тоа и зошто? Дали можеби тоа е ’мајката природа’ која ниту гледа, ниту слуша, ниту има разум? Дали таа можела да ти го даде она што и самата го нема?
КОЈ УПРАВУВА СО НАС ?
Човекот, покрај својот разум и големите интелектуални способности не е во состојба да управува со повеќето свои органи од кои му зависи животот, органи при чија неправилна работа би предизвикале макотрпна болест, а често и смрт. Погледни го срцето кое работи деноноќно без твое влијание врз неговото работење, без договор со тебе, усмерено е во својата функција и одредена му е улогата и ти не си во состојба да ги менуваш законитостите по кои тоа работи. Дали некогаш си се запрашал кој тоа му ’наредил’ на срцето да пумпа крв во сите делови на телото и дење и ноќе? Дали ти, можеби на срцето си му одредил улога, или твоите родители, или ….. ? Твојата крв која ја пумпа срцето е драгоцена течност без која не можеш да живееш, ама во неа истотака, се наоѓаат и штетни материи кои можат да те убијат, ако тие не се отстранат од твоето тело. Меѓутоа, повторно ти ги имаш бубрезите кои ја прочистуваат крвта издвојувајќи ги од неа сите штетни материи. Знаеш ли кој е тој кој пред се ти го подарил бубрегот, а потоа го ’подучил’ да ги издвојува штетните работи, а да ја остава крвта несметано да тече?
ПРАШАЊА
Дали некогаш себеси си ги поставил предходните споменати прашања? Некогаш би се запрашал како настанале планините, морињата и езерата, би се запрашал како и со која технологија е произведен некој си автомобил или авион, ама како тоа никогаш да не си се запрашал кој е твојот ’производител’? Ништо од споменатите работи не случајно настанало, па така ни ти. Од каде доаѓаш? Зошто постоиш?
ОДГОВОР
Погледни во себе и околу себе, и размисли! Зарем сé што гледаш можело да постане само од себе? Ништо не настанува само по себе, туку сé има своја причина, па така и ти имаш своја причина на постоење. Ти имаш Господар кој те создал и кој те дал да живееш на оваа земја, Господар кој е пра-причината на сé, Бога Единствениот, Возвишениот. Сé што гледаме упатува на Неговата Величина. Кога би видел некој квалитетен производ или некаков специфичен уред, му се восхитуваш, како нему, така уште повеќе на неговиот производител . Преку тој производ или уред ги спознаваш способностите, знаењето и величенственоста на неговиот производител. Меѓутоа, дали некогаш си се восхитил на Создателот на небото и Земјата, Создателот на човекот? Како ли е тек Неговото знаење и какви ли се тек Неговите особености и способности?
ЦЕЛ
Секој производ има своја цел и ништо не е произведено без цел и намена. Се прашуваш ли кога, и дали нашиот Господар создава без цел и на оваа Земја не оставил без упатство?
Секој производител на својот производ му става упатство за користење како купувачите би знаеле на вистински начин да го употребат. Возвишениот Аллах ни испратил нам луѓето, од Својата милост, упатство и тоа по најчесни и најморални поединци од човечкиот род во чија искреност никој не се сомнева, а чија биографија историјата вечно е сочувана. Тоа се пратениците и веровесниците кои од Господарот донеле упатство, Божји книги во кои е упатство за луѓето, и чиви списи нема никој да ги прочита, а да не разбере дека се од Господарот на световите. Преку нив, не подучил дека целта на нашето опстојување на Земјата е робувањето на Господарот Возвишен: „А џинните и луѓето ги создадов само Мене да ми робуваат.“ (51/56)
Не подучил како да се користиме со сето она што ни го дарил, почнувајќи од нашиот разум и тело, преку сето останато што на Земјата и небесите го создал.
УПАТСТВО
Последната Божја објава, последната Чесна Книга која ги дерогира предходните објави и која важи до Судниот ден, и која е упатство за сите луѓе без оглед на нација и боја на кожа, е Куранот.
Куранот му е објавен на последниот Божји пратеник и веровесник Мухаммед, с.а.в.с. и тој не подучува да, на најдобар начин го спроведеме животот на овој свет и не подучува како адекватно да се припремиме за животот кој доаѓа после смртта.
„Оној кој чини добри дела, било тоа маж или жена, а верник е, Ние ќе му дадеме да проживее убав живот и навистина, ќе ги наградиме со подобра награда одколку што заслужиле“ (20/124)
А, дали ти некогаш си го отворил и си го читал Куранот? Дали си ја отворил таа книга да погледнеш што Твојот Создател и Створител на небесите и Земјата ти препорачува? Помисли само, Оној кој те создал и ти дарил облик, Оној кој те ’програмирал’, ти се обраќа и ти дава совети и упати! Овој факт мора да те поттикне да дојдеш до еден примерок од Куран и да почнеш да читаш, и недвомислено ќе се увериш дека тоа е говор на Господарот кој создава, создава го создава човекот од заквачок.
ВРАЌАЊЕ
„Аллах ги зема душите во часот на нивната смрт, а и оние кои спијат, па ги задржува оние на кои им е одредено да умрат, а ги остава оние другите до рокот одреден. Тоа се, навистина, докази за оние кои размислуваат.“ (39/42)
ДА, ти ќе умреш, можеби уште оваа ноќ. А потоа?
Твојот Господар Аллах те создал од само една капка која пред тоа не била ништо, па Тој дава да таа ’нарасте’ и да од неа да се развие твоето тело.
А, Тој твоето тело, после смртта, повторно ќе го проживее и со душата ќе го спои и ти пред Него на Големиот ден ќе се ИСПРАВИШ. „Зарем човекот мисли дека сам на себе ќе биде препуштен, дека нема да одговара? Зарем не беше капка семе кое се уфрла, потоа заквачок на кој Он размер му одредува и складен лик Му прави, и од него две врсти, маж и жена создава и зарем Тој не е моќенповторно мртвите да ги оживее?“ (75/36-40)
УСПЕХ
„Секое живо суштество ќе ја вкуси смртта! И само на Судниот ден ќе го добиете во потполност она што со своите дела го заработивте, и кој ќе биде од Огнот одалечен и во Џеннетот (Рајот) воведен – тој успеал; а животот на овој свет е само лажливо насладување.“ (3/185)
Кој ме создал ? Зошто постојам ? Каде одам ? Каде е крајот ? Како да успеам?
ОДГОВОРИТЕ СЕ ВО КУРАНОТ И НИШТО НЕ КОШТА ДА ГИ ПОБАРАШ, ЗАТОА НЕ ДВОУМИ СЕ!
Comments