top of page
Writer's pictureinfoislam

Зошто се заборава придонесот на муслиманите во науката?

Некој историчари цивилизацијата ја дефинираат како „Општествен систем кој му помага на човекот да го зголеми својот културно – образовен напредок“ . Секоја цивилизација се состои од четири главни елементи: економски приходи, политички уредувања, морални обичаи и усовршување на науката и уметноста. Историјата на цивилизацијата датира од самото создавање на човекот и таа е една непрекината нишка која еден цивилизиран народ му ја предава на народот кој доаѓа после него. Она по што една цивилизација се разликува од друга е цврстината на темелите врз кои е заснована, трагите кои ги оставила и општото добро кое го допринесила за човештвото со своето постоење. Колку цивилизацијата е поуниверзала во својата порака, похумана во своето тежнеење, поморална во своите погледи и пореална во принципите, толку е подолго запамтена во историјата потрајна во времето и позаслужна да биде почестена. Доколку спомнатите критериуми ги примениме врз исламската цивилизација и нејзиниот допринос на човештвото, ќе видиме дека во многу аспекти и нема рамна во историјата на човечкиот труд.

Жално е дека историјата на напредокот на науката во Европа и САД (од овие или оние причини) со цел ја занемарува работата и доприносот на муслиманските научници, а ја признава исклучително работата на грчките и римските научници. За  периодот на цветањето на исламот на Западот малку се зборува, а во учебниците и студиите по историја  се прави пауза се до почетокот на т.н. ренесанса – после 1500. години. Дури и на лаиците им е јасно дека опшествениот, политичкиот и научниот развој во текот на периодот на сјајот на исламската цивилизација намерно се заобиколува.

Студентите, како во нашата земја, така и ширум светот, учат дека европските христијански научници се единствени и ексклузивни автори на научниот напредок, и дека исламот е религија која го потиснува секој вид на добро и го попречува човечкиот ум. Тажно е да се констатира дека ваквиот тренд е само продолжена рака на дамнешните (и никогаш не прекинати) крсташки опсесии на Западот, стереотипи и длабоко вкоренета омраза и борба против светлото на исламот. Затоа не треба да не чуди дека научната работа на исламските научници на Западот е ретко призната. Западниот научник Моровитз овој феномен го опишува како „црна дупка на историјата“ , наведувајќи дека ренесансата како „птица Феникс“ се подигнала од пепелта во која тлеела цел милениум од „класичното време на Грција и Рим“ (H. J. Morowitz, History’s Black Hole, Hospital Practice (May 1992), стр. 25–31).

Оваа е само мит и јасна измама на јавноста на која и се дава искривена слика за вистинските историски факти, со цел да се маргинализира и украде работата и трудот на исламската улема и научници. Но и покрај тоа, одреден број на истакнати западни историчари и научни истражувачи (како што се John Williams, E. A. Myers, Max Meyerhof, Phillip K. Hitti, George Sarton, M. Ullman, E.G. Brown i Savage Smith) во потполност ја признале улогата која муслиманските средновековни научници ја одиграле не само на полето на зачувување на знаењето на изминатите генерации, тука дале и сопствен оргинален допринос на науката.

Во таа смисла за пофалба вредни се зборовите на научникот Бриффаулт кој, одговарајќи на необјективните тврдења дека муслиманите само ги „копирале“ Грците и Римјаните, го истакнал следното: „Науката многу повеќе и должи на арапската култура, своето постоење и го должи на арапските научници кои направиле восхитувачки откритија и револуционерни теории. Грците систематизирале, генерализирале и теоризирале, но упорното истражување, акумуллацијата на позитивно знаење, деталните научни методи, деталното и доготрајно набљудувајње  и екпериментална анализа на Европа и ја преставиле Арапите.“ (Robert Briffault, The Making of Humanity, (1938). Превземено од: Islamic Science in the Medieval Muslim World, Pakistan, Khawarizmi, Science Society, 2001.)

Фактите зборуваат дека вистинската „ренесанса“ светот ја доживеал само на врвот на исламскиот напредок од 700 – 1500 .год, кога научниот и опшествениот напредок го достигнале својот врв. Културниот процвет со кој се одликуваат земјите од современиот свет преставува резултат на сукцесивното вложување пред се на исламската култура и цивилизација која оставила неизбришана трага на историјата на човештвото и неговиот напредок, така да сите народи имаат право да учествуваат во распределбата на нивните добра, и да се користат со достигнувањата на нивната примена.

Професорот Т. Ц. Јунг во делото „Влијанието на исламската култура врз христијанскиот Запад“, вели: „Ова е историски преглед кој овде има за цел да ни укаже на големиот културен долг кој му го должиме на исламот од оној момент кога ние, христијаните, во периодот од илјада години, патувавме во исламските земји кај нивните професори, за да кај нив да учиме уметност, науки и филозофија за животот, а во тоа се огледува и нашата класична култура која исламот толку прекрасно ја чуваше се додека Европа не беше способна по втор пат да ја прифати и превземе на чување… Нема да ја пречекориме границата на праведноста ако им го вратиме она што сме должни со добивка, но ќе бидеме вистински христијани ако ги заборавиме условите при размената и да го дадеме она што го имаме со љубов и благодарност за направеното ни добро.“

Ваквиот став беше еден од основните иницијативи за предлогот кој го усвои Генералната конференција на УНЕСКО на своето Дванаесетто заседание (во ноември 1962) барајќи од Египетската национална комисија на УНЕСКО да ја превзема задачата за проучување на влијанието на арапско – исламската култура врз европската ренесанса.

Поздравувајќи го овој предлог, спомнатата комисија повикала група на египетски експерти од разни области на духовното творештво: книжевност, наука, филозофија, уметност и други да предложат проектна прогама за проучување и тек на негово остварување. Комисијата поставила основна проектна задача која била исклучиво од научна природа и требало да ги опфати некои најнови страни на односите меѓу арапско – исламската и европската култура од почетокот на ренесансата, во интервал кој траел од 12 до 16 век, да се види што зборуваат научните сведоштва за оние области на европската мисла кои биле во спомнатиот период под непосредно влијание на арапско – исламската култура и мисла. Можеме да кажеме дека тоа се пионерски чекори кон повторно враќање и потврда на доприносот на исламот за човештвото, со кои се обидува да се реафирмира позитивната слика за исламот и муслиманите. Во таа смила потребно е муслиманите повеќе да се ангажираат, па по пат на медиуми (печатени и електронски) да пренесуваат глас за убавината на својата вера и нејзините ненадминати особености, за убавината на нејзините учења и сјајот на нејзиниот опсег, и за великаните на исламската историја и нивните животи.

0 views0 comments

Comments


bottom of page