Студентите, како во нашата земја, така и ширум светот, учат дека европските христијански научници се единствени и ексклузивни автори на научниот напредок, и дека исламот е религија која го потиснува секој вид на добро и го попречува човечкиот ум. Тажно е да се констатира дека ваквиот тренд е само продолжена рака на дамнешните (и никогаш не прекинати) крсташки опсесии на Западот, стереотипи и длабоко вкоренета омраза и борба против светлото на исламот.
Затоа не треба да не чуди дека научната работа на исламските научници на западот е ретко призната. Западниот научник Моровитз овој феномен го опишува како „црна дупка на историјата“ , наведувајќи дека ренесансата како „птица Феникс“ се подигнала од пепелта во која тлеела цел милениум од „класичното време на Грција и Рим“ (H. J. Morowitz, History’s Black Hole, Hospital Practice (May 1992), стр. 25–31).
Оваа е само мит и јасна измама на јавноста на која и се дава искривена слика за вистинските историски факти, со цел да се маргинализира и украде работата и трудот на исламската улема и научници. Но и покрај тоа, одреден број на истакнати западни историчари и научни истражувачи (како што се John Williams, E. A. Myers, Max Meyerhof, Phillip K. Hitti, George Sarton, M. Ullman, E.G. Brown i Savage Smith) во потполност ја признале улогата која муслиманските средновековни научници ја одиграле не само на полето на зачувување на знаењето на изминатите генерации, тука дале и сопствен оргинален допринос на науката.
Исламот е вера која денес ја опкружуваат бројни предрасуди и стереотипи. Еден од најголемите исламски научници имам Шафија, рахимехуллах, рекол: „Човекот е непријател на она што не го познаваш“. Постои голем број, па дури и високо образовани луѓе кои кон исламот негуваат еден многу негативен став, оптоварен со предрасуди и непроверени информации. Главните причини за тоа врзани се за незнаењето и длабоко вкоренетите стереотипи: непознавањето на изворот на исламското учење (Куранот и Суннетот), непознавање на автентичното минато на муслиманите, ширењето на дезинформации по пат на медиуми и непримерните постапки на некои муслимани кои се користат за генерална осуда на исламот како систем на животот. Од сите наброени причини, во продолжение ќе се обидам да расветлам еден кој ги мачи многу умови, како на Запад така и кај нас: Дали исламот или исламската цивилизација навистина се назадни или на човештвото му ги дале некој од најголемите научни и општествени достигнувања?
Comments