Зашто нема држави поборници, односно шампиони, на глобалната сцена кои би ги застапувале интересите на муслиманите и на исламот?
Веќе е вообичаен слоганот дека „исламот е најбрзо растечка вера“!? Бројот на муслиманите на глобално ниво од година во година се зголемува. Од некои 1,6 милијарди во 2010. година, Pew Research Центарот во почетокот на јануари 2011. година излезе со прогноза дека таа бројка за наредните дваесет години ќе порасне за 35 проценти, односно на 2,2 милијарди. Растот на муслиманската популација се прогнозира со двократно повисока стапка, а сепак, тој раст, очигледно е дека не донесува пропорационален развој и досег на реалната моќ во меѓународните односи?
Потрага за суштинска држава предводничка
Зашто еден свет каков што е муслиманскиот и една цивилизација како исламската немаат соодветна релевантност. На светот на исламот не му недостасуваат ни човечки ни природни ресурси. Зашто нема држави поборници, односно шампиони, на глобалната сцена кои би ги застапувале интересите на муслиманите и на исламот? Дали е тоа една држава или склоп на држави? Дали е тоа можно и колку е реално остварливо имајќи ја предвид сегашната состојба во муслиманскиот свет? Каква е таа моќ која таквата држава кај себе би ја имала?
Можни кандидатки
И на Исток и на Запад, би рекле, се трага за одговорите на прашања околу глобалните односи и моќ, како горе поставените, во книгата „Криза на исламската цивилизација“ на угледниот ирачки интелектуалец и политичар Али А. Аллавиј, кого британскиот магазин Prospect го вброи меѓу 65 светски мислители за 2013 . година.
(За сега) три се потенцијални муслимански земји кои на некој начин ги делегираат своите потенцијали и лидерство на муслиманскиот свет како негови предводници: Турција, Иран и Саудиска Арабија.
Фактичката состојба говори дека „Светската заедница“ што е своевиден еуфемизам за било која држава или група на држави кои глобално го имаат главниот збор, до сега не се соочила со потребата да се прилагоди кон влијанието на исламот во ситуација во која би бил изразен низ една моќна држава. Во моменталната геополитичка самослика на муслиманскиот свет (за сега) се три потенцијално муслимански земји кои на некој начин ги делегираат своите потенцијали и лидерство на муслиманскиот свет како негови предводници: Турција, Иран и Саудиска Арабија. Важно е и прашањето, колку муслиманскиот свет ги прифаќа споменатите кандидатки држави. И конечно, колку тие можат да бидат продуктивни и дали постои можност од формирање на некаков групен настап, односно, колку е тој концепт идеалистички, да не кажеме утописки. Во тој контекст важно е, секако, да се осврнеме и на последните случувања и реконфигурации во регионот на Блискиот Исток.
Заеднички или колективни организации на муслимански држави никогаш не можеле да парираат, во смисла на волја, цел и моќ, на големите Државни играчи на другите цивилизации. Самуел П. Хунтингтон оваа состојба ја нарекол „свест без поврзаност“.
Како што истакнува Аллави, познатата теза за „судир на цивилизации“, иако настаната како одговор на занесениот западен неолиберален триумфализам, се обидела да прикрие едно прашање од особена важност. Од сите големи цивилизации на светот, единствено исламот немал држави предводнички кои би можеле да ја покажуваат својата улога на глобалната сцена. Западот раскошно беше застапен и бранет од страна на Соединетите Држави како и од страна на земјите на западна Европа, директно или преку Европската Унија. Хинду светот практично се огради во потконтиненталата држава Индија. Конфучијанизмот во смисла на граници и простор се поклопи со Кина. Дури и православието се застапува од страна на новата Руска држава создадена над рушевините од бившиот Советски сојуз. Значи, како што наведува Аллави, секоја од овие држави може да биде олицетворение и да ги брани принципите на своите цивилизации и ги поседува неопходни ресурси, концентрирани во една или неколку моќни држави нации, кои биле способни тоа да го прават. Единствено на исламот му недостасувала таа клучна суштинска држава заговорник, или империја, која би можела сама или со неколку сојузници, да биде во состојба да ги брани своите интереси и вредности без обраќање кон другите сили.
„Затоа е иронично, кога и да е, исламот да се издвојува како главен поборник во концептот на „судирот на цивилизации“ па малку внимание се посветува на несразмерната моќ меѓу исламските држави во нивната разделеност и раздвоената природа, од една страна, и големите играчи кои се припадници на другите цивилизации, од друга страна. Заедничките или колективните организации на муслимански држави никогаш не можеле да парираат, во смисла на волја, цел и моќ на големите државни играчи од другите цивилизации. Самуел П. Хунтингтон оваа состојба ја нарекол свест без поврзаност. Се од тој период, исламската цивилизација е во потрага за некој свој нов витез херој –ја истакнува Аллави својата поставка.
Мандат ОИЦ
Во практичната реалност муслиманите оваа поставка ја означуваат широко со идеалистички и длабоко верски термин „Уммет“- глобална муслиманска заедница. А таа веќе едно столетие на својата огромна палуба зад кормилото нема капетан. Како некаква наднационална организација, која би управувала со овој брод, според оценката на Алави, наизглед досега се покажала Организацијата за исламска соработка (првобитно: Организација на исламската конференција- ОИК), но, таа нема ниту мандат ниту желба својот досег да го прошири меѓу побожните повици на исламска солидарност и на ретките и јалови осудувачки изјави поради особено незгодни дела чии мети биле муслиманите или исламот.
Саудијците полагаат право на привилегиран статус со тоа што нивната земја ги поседува локалитетите на двата свети града на исламот, Мекка и Медина, истакнува Аллави.
Сите три споменати кандидатки држави: Турција, Иран и Саудиска Арабија, според Аллави имаат одредени предности, но и посебни недостатоци како би настапиле, но и како би биле прифатени да како „сржни“ земји за да го предводат муслиманскиот свет. „Иран по револуцијата од 1979. година кон себе се обиде да приграби улога на бранител на исламот. Меѓутоа неговиот шиитски идентитет ја ограничува неговата привлечност и влијание на пошироката сцена“, тврди Аллави додавајќи како долгогодишната меѓународна изолација оставила свои траги и по внатрешниот и по надворешниот развој на оваа земја.
Според овој автор, колку и да пораката на Хомеини била во насока на сунниско-шиитското помирување и обединување, денешниот развој на идеологијата на ИР Иран е сепак осигурување и промовирање на своите идеолошки интереси кои долгорочно му го одземаат кредибилитетот за општомуслиманско прифаќање. Саудиското полагање право на глобален исламски авторитет се поврзува во основа со нејзината моќ олицетворена низ нафтата и огромните финансиски ресурси која оваа моќ може да ја произведе. Освен тоа, саудијците полагаат право на привилегиран статус со тоа што нејзината земја ги поседува двата свети града на исламот Мекка и Медина, истакнува Аллави, напоменувајќи го многу заплетканото стратегиско сојузништво со Соединетите Држави како една од главните препреки за општомуслиманско прифаќање, од една, и конзервативната и за останатите муслимани тешко прифатлива интерпретација на исламот, од друга страна.
Турскиот модел
И конечно, според Аллави, Турција меѓу муслиманските земји представува остар антипод и на саудиската и на иранската парадигма. Со своето ново лидерство таа се концентрирала на обновување на културно-економскиот и на крајот на политичкиот интерес низ регионално поврзување и соработка со некогашните османлиски региони. Колку оваа стратегија е корисна, останува да се види, бидејќи Турција и покрај прокламираната политика на „нула проблеми со соседите“ доби „уште повеќе проблеми со соседите“. А тука се секако, и тешко премостивите трауми и врежаниот анимозитет кон некогашните господари на Блискиот Исток.
Приметлива е особена ангажираност и заинтересираност на глобалните играчи за насочување, но и особена неможност на одредување на насоката на таа свест без поврзаност.
Сепак на економско поле турскиот модел, нешто што многумина го оценуваат како чудо и со ГДП од околу 400 милијарди, колку што изнесува и Саудискиот, особено повеќе ветува. Турција не е исклучиво зависна од експлоатација на природните ресурси и поради тоа е во подобра позиција од Саудија, додека Иранскиот ГДП со некои 250 милијарди долари, иако развојно подобар, веќе повеќе од триесет години е оптеретен од санкции и притисоци.
Неизвесноста на сегашното движење на клучните земји кандидатки на некој начин ја отсликува и неизвесноста на муслиманскиот свет. Приметлива е особена ангажираност и заинтересираност на глобалните играчи за насочување, но и особена неможност на одредување на насоката на таа свест без поврзаност. Во тоа „насочување“, се чини, не успеваат ни оние од Западот, а ниту оние три најпотенцијални муслимански земји кандидатки.
Останува големо прашање: Ќе може ли процесите кои последниве години се одвиваат во средишниот геополитички центар на муслиманскиот свет да донесат барем приближување на неговите клучни земји? Доколку тоа не се случи, а според сегашниот однос споменатите три земји во споредба со промените во Арапскиот свет, работите не стојат оптимистично, муслиманските земји и понатака остануваат без главна земја или земји предводнички. И не само тоа, и потенцијалните земји предводници доколку продолжат да ги продлабочуваат ривалствата, сигурно ќе ги загрозат своите до сега постигнати статуси. На светот на исламот изгледа му останува збунето и наивно да се гордее со својот прираст и во исто време се повеќе демонстрирајќи дека разликата меѓу „растот“ и „развојот“ тешко се препознава.
Извор: Ал Џезира Балканс
Comments