top of page
Writer's pictureinfoislam

Зошто христијаните да го следат Мухаммед а.с. кога им е заповедано да ја следат Библијата?

За христијаните директно е заповедано: „и на следбениците на Инџилот им наредивме да судат според она што објави Аллах во него“ (Куран 5:47). Ние така и постапуваме, не затоа што го слушаме Куранот, туку затоа што тоа е напишано во Библијата и тоа го поддржува здравиот разум.

Одговор:

За жал не е така. Денес не е христијанството на Исус, ниту неговото евангелие. Денес се учат некои други евангелија и најголемото од сите е евангелието по Павле. Човек кој никогаш не го видел и признал Исус за време на неговиот овоземен живот. Денес е евангелието и книгите на човекот кој војувал против христијанството. Но вистината секако не останува сокриена. Јаков праведниот или таканаречениот брат на Исус бил природен наследник на Исус и вистински одговорот на Павле, на неискрениот и лажниот пророк. Тој го избркал Павле од ѕидините на Ерусалем. Но како дошло до тоа да денес се научуваат Павловите доктрини тоа останува прашалник на кој одговараат најчесто библиските историчари.

Прашање:Како четврто, Мухамед како што е познато по муслиманските преданија, не одговара на моралниот лик на пророците, какви што ги претставува Светото Писмо.

Одговор:

Повторно лаги и клевети. Истото го правеле и лицемерите во Мека и Медина. Неможејќи да се спротистават на верата Божја тие се спротитавиле на ликот и делото на Мухаммед а.с. Ова се нарекува селективно читање на стихови. Аллах, џелле шануху, вели дека би се разбегале од Пратеникот, с.а.в.с. ако спрема луѓето  би бил лош и груб: “Со Аллаховата милост ти си благ кон нив. А да си груб и со тврдо срце, би се разбегале од твојата близина.“ (Али Имран, 159) Пратеникот а.с. дури му простил на убиецот на неговата ќерка, одговорен за суровото убиство на Зејнеба, ќерката на Пратеникот. Овој човек бил Хаббар. Он ги пресекол каишите на Зејнебината камила, по што таа паднала на земја, и бидејќи била бремена, таа пометнала. Малку подоцна и умрела. Ова била нечовечноста што тој ја направил и за која заслужувал смртна казна. Овој човек сега дошол кај Пратеникот и рекол:

„Божји Пратениче, јас избегав од тебе и отидов во Иран, но ми дојде мисла дека Бог не ослободил од нашите пагански верувања и не спасил од духовната смрт. Наместо да одам кај другите и да барам засолниште кај нив, зошто да не одам кај Пратеникот лично, да ги признаам своите грешки и своите гревови и да побарам простување од него?”

Пратеникот бил трогнат од тоа и рекол:

“Хаббар, бидејќи Бог во твоето срце ја всадил љубовта кон исламот, како можам јас да одбијам да ти простам? Јас ти простувам за се што си направил до сега.”

Во библијата за жал постојат многу страшни описи за Пратениците и пророците Божји. Тоа никако не е дел од спознанието со кое дошол Исламот и објавата на Куранот и кои се отфрлаат. По објаснувањето на терминот “дерогација” во Исламот ние велиме:

“За нас, во Стариот и Нов завет не постои ниту една дерогирана приказна, туку некои од нив, се навистина лажни”, како што се следните:

  1. Дека Лут(Лот) алејхи селам направил блуд со своите две ќерки, и дека двете забремениле од него; (Битие 19: 30 – 38).

  2. Дека Јуда, синот на Ја’куб(Јаков) алејхи селам, направил блуд со неговата снаа Тамара и дека таа од тој чин забременила и ги родила близнаците Фарес и Зара: (Битие 38:12-30); и дека веровесниците Давуд(Давид) алејхи селам, Сулејман(Соломон) алејхи селам и Иса5 алејхи селам, се вонбрачни деца на Фарес: (Евангелие според Матеј 1: 3 – 16).

  3. Дека Давуд(Давуд) алејхи селам, направил блуд со сопругата на Уриј, па од тој однос таа забременила. Потоа тој со измама го убил нејзиниот сопруг и ја зел за своја жена; (Втора книга Самоил 11: 2 – 27).

  4. Дека Сулејман(Соломон) алејхи селам, кон крајот на својот живот станал отпадник од својата вера, им робувал на киповите и им направил храм во кој ќе им се моли; (Прва книга цареви 11:1-13).

  5. Дека Харун(Арон) алејхи селам, им направил теле на израелците, дека лично го обожувал и им наредил да му се поклонуваат; (Излез 32: 1 – 6).

За овие и слични приказни не велиме дека се дерогирани, туку дека се без сомнение, лага и клевета врз веровесниците на возвишениот Аллах.

Но кога збориме за Мухаммед, и за клеветите наведени за него во кратки црти ќе одговориме:

1.`Петтина од пленот – таа не припаѓа на него лично туку на семејството и на владетелот, за разлика од христијанството каде целото богаство припаѓа на царот, односно кралот кој е божји претставник на земјата. Мухаммед а.с. за разлика од христијанските водачи го делел богаството. Мухаммед алејхи селам живеел скромно и едноставно. Ѕидовите на неговата куќа биле направени од кал, а покривот од урмино лисје. Спиел на кожен душек исполнет со лисја. Најчесто се хранел со урми и млеко, а секогаш кога ќе имал месо за ручек во својата куќа, Мухаммед алејхи селам го делел со своите соседи. Внимавал и на чистотата. Рацете ги миел пред и по јадење, а во една прилика рекол: „Чистотата е половина вера!“ Се облекувал едноставно. На себе имал кошула и наметка. Често зборувал: „На Бога му е драго, а на луѓето им е пријатно човек да доаѓа во друштво чист и пристојно облечен“. Како што се грижел за здравјето, така не ја запоставувал ни телесната сила. Особено го сакал трчањето и честопати се натпреварувал со својата жена во трчање.

Во домашните работи ревносно помагал: палел оган, го чистел подот, ги молзел козите, ја крпел својата облека и ги поправал своите обувки.

Никогаш не се двоумел дали да и помогне на својата жена во која било работа. Мухаммед бил забележително доверлив и чесен. И пред да стане пратеник го викале „Ел-Емин“ (доверлив). Како трговец, кога продавал стока, доколку таа имала некој недостаток, тој за тоа ќе го предупредел купецот пред да почнат да се пазарат за цената. Благодарноста, исто така, била негова карактеристика. Никогаш не ја заборавал услугата која некој ќе му ја направел. Во очите на Мухаммед алејхи селам сите муслимани биле еднакви. Како што ги почитувал своите пријатели и другари, така со почит се однесувал и кон своите слуги. Болните редовно ги посетувал без оглед дали тие биле муслимани или не. Мухаммед алејхи селам ги сакал добрите шеги кои никого не навредуваат. Многу ги сакал и своите соседи. Секогаш кога ќе имал добар ручек им испраќал на соседите. На старите вдовици им помагал, наместо нив одел да пазарува. Во една прилика рекол: „Не е вистински верник оној кој не се однесува добро со своите соседи!“ Скромноста, исто така, му била прекрасна одлика. Кога доаѓал на некој собор, не им дозволувал на луѓето да станат за тој да седне на подобро место, туку седнувал таму каде што имало празно место.

2.Околу повеќеженство на Пратеникот. Куранот е единствената верска книга во светот, која вели:,,Оженете само една жена.’’ Цитираната фраза се наоѓа во следниов Курански стих во поглавјето Ен Ниса:,,Женете се со оние жени кои што ви се дозволени,со по две,со по три и со по четири! А ако стравувате дека нема да бидете праведни,тогаш само со една.’’ (Eн Ниса,3)

Пред да биде објавен Куранот, не постоела горна граница за бројот на жените во еден брак. Многу Арапи едноставно ги собирале жените,некои ги имале над стотини. Исламот му дозволил на муслиманот да има две,три или четири жени,но под услов кон сите нив да биде праведен. Во Куранот,во поглавјето Ен Ниса, се вели: ,,Вие нема да можете кон жените ваши потполно еднакво да постапувате,колку и да го сакате тоа.’’ (Eн Ниса,129) Некогаш на христијаните им било дозволено да оженат колку што сакаат жени, затоа што Библијата со ништо не им го ограничува тоа. Дури пред неколку векови, христијанската црква, со посебен акт, го ограничила бројот на жените, на една.

Повеќеженството е дозволено кај Евреите. Во Талмудот ќе најдете дека Авраам имал три,а Соломон над стотина жени.

Таа пракса продолжила,се додека рабинот Гершом бин Јехудах (960-1030) не објавил посебен акт против повеќеженството.

3.Женидбата со Зејнеб, бившата жена на Зејд, неговиот посинок. Таа е како акт настапен по наредбата од Семоќниот Бог. Самиот Мухаммед претходно го договорил тој брак со неговиот осолободен роб и посинок Зејд, но нивниот брак не траел ниту една година. Зејнеб била од аристоратско семејство и од висок социјален статус. По разводот на брак на Зејд со Зејнеб бил прекинат стариот пагански обичај во кој усвоениот син бил на рамниште на биолошкиот син. Со бракот кој бил предложен и по наредбата на Аллах таквиот начин на размислување бил поништен.

Прашање: Освен тоа, за разлика од Мухамед, ниеден библиски пророк не бил изложен на дејството на маѓесници и врачари. Ајша, жената на Мухамед говорела: „Врачањето дејствувало на пророкот, така што тој почнувал да мисли дека направил работи кои не ги направил“, потоа сонил сон, каде му се јавиле двајца луѓе и му рекле дека тоа е последица на магијата која му ја направил Лубајд бен ал- Асам (Бухари, 4:54, 490). Во друг хадис се објаснува дека под дејство на магија му се чинело дека имал сексуално општење со жените, иако тоа не се случило во реалноста (Бухари, 7:71, 660).

Се случило и ова: Соопштувајќи го добиеното откровение Мухамед одеднаш ги објавил паганските божици ал-Лату, ал-Узу и Манат за вистински застапници, „на чие застапништво треба да се потпираат“. Како што гласи муслиманското предание, вечерта му се јавил Џибрил (Гаврил) и му рекол дека тие зборови дошле од сатаната. Мухамед се уплашил, но Џибрил го успокоил, уверувајќи го дека сатаната божем секогаш се обидува да се замеша во божественото откровение и му дал правилен текст во кој, напротив, се осудуваат тие лажни божици. (Куран 53: 21-23). Тој расказ е запишан речиси во сите рани биографии на Мухамед (освен во една). Тој може да се најде во делата на Ибн Исхака, ал – Вакида, Ибн Саада, ал – Балазура, ат – Табара и аз – Замахшара.

Освен тоа, како оправдување за Мухамед, во Куранот се говори: Пред тебе, ние не сме испратиле ниеден пратеник и известувач на верата, во чие кажување не би додавал нешто ѓаволот; Аллах го отклонуваше она што ѓаволот го додаваше, а потоа ги зацврстуваше своите зборови (Куран 22:52).

0 views0 comments

Comments


bottom of page