top of page
Writer's pictureinfoislam

И еврејките имаат проблем со покривањето во Франција

И еврејките го преферираат целосното покривање на плажите

Монахињите, католичките свештенички, муслиманките и еврејките не само што го подржуваат буркинито туку ја подржуваат и целосната сегрегација на мажите од жените.

За гореспомнатите групи воопшто не е спорно покривањето на плажа, уште повеќе тие се залагаат за посебни плажи и посебни услови. Во муслиманскиот свет сето тоа е познато и веќе условите се јасни по првото влегување на халал букинг.

Ултраортодоксните Евреи ја сакаат морската плажа, како и сите други, но мажите и жените се поделени, не само што имаат сегрегирани плажи, но и наизменични денови за капење за жени и мажи.

Новинарите посетија ултраортодоксната плажа северно од Тел Авив во женскиот ден. Посетителки пристигнуваа со преполни автобуси, облечени во костими кои го покриваат целото тело , и во обезбедуваниот влез слегуваа кон плажа, скриени од љубопитните погледи со висока ограда.

Анат Јахав е извршен директор на “Санвејв” (SunWave UV Clothing)  компанија која произведува т.н.. скромни костими за капење (modest swimwear) за еврејките и муслиманките, и ги продава дома , и во странство. Според неа муслиманките обично преферираат костими кои ја опфаќаат и главата, а Еврејка – костуми кои го покриваат само телото.

И во двата случаи бизнисот цвета и и таа не може да разбере зошто на Французите креваат толкава галама.

“Кога гледам што се случува во Франција, мислам дека ние тука сме доста разумни”, рече таа во смеа.

Кампањата во Франција против Буркините следуваше по серија смртоносни напади.

Иако посетителките на плажа во Израел ги симпатизираат Французите за потребата од зајакнување на безбедноста, тие предупредија дека целта нема да биде постигната на овој начин.

“Во Франција навистина има голем проблем, но Французите треба да се справат со реалниот проблем, а не да се занимаваат со буркините на плажите”, рече Ширан Рокбан, една од посетителките на плажа во Тел Авив.

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page