Ебу Хурејре пренесува хадис од Пратеникот а.с. :„Со јадење на месото се освежува срцето“.(Ибн Маџе)
Говедското месо без маснотии може, како дел од посебен режим на исхрана, да придонесе за здавјето на срцето, на ист начин како и немасното бело месо.
Луѓето често пати сметаат дека црвеното месо не е дел од здравиот начин на исхрана, но истражувањата покажуваат дека доколку се контролира внесот на заситените масти и ако правилно се избалансираат оброците кои содржат црвено месо, тоа може да се вклучи во заштитна диета за срцето.
Пратеникот а.с. ни кажал: „Добро соџвакајте го месото бидејќи тогаш е похранливо и полесно се вари.“(Ебу Давуд)
За научна поткрепа на ова тврдење на Пратеникот денес е излишно да се збори.
На тој начин ќе добиете исти резултати како и кај консумирањето риба или немасно бело месо, во смисла на намалено ниво на вкупниот и лошиот холестерол (ЛДЛ), а со тоа редуцирање на ризикот од срцеви болести.
Месото е богато со протеини, а на телото му е потребна повеќе енергија да ги обработи овие протеини, отколку што му е потребно за јаглехидратите и мастите. Тоа значи дека колку повеќе протеини консумирате, толку повеќе работи вашето тело, па така во тој процес вие трошите повеќе калории.
Ет Зухри ни кажал: „Јадете месо, тоа ја зголемува силата до 70 пати.“
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои држат диета богата со протеини согоруваат двојно повеќе калории неколку часа по хранењето, отколку луѓето кои држат диета богата со јаглехидрати.
Користен текст од Плусинфо
コメント