Потполно било противречно на арапските племенски чувства и тоа што во исламот сите верници се сметале за еднакви и што сите биле во едно заедничко братство. Било некој да е Арап или не-Арап, слободен човек или роб, немал можност меѓу муслиманите да заземе некоја привилегирана положба.
Арапите своите тврдења ги формирале врз основа на лично расудување, кои повторно се базирале на славата на нивните предци. Раководено со ова, воделе бесконечни крвни кавги, со кои се насладувал нивниот дух. И навистина основните принципи на учењето на Мухамед а.с. биле протест против оние работи кои Арапите ги сметале за мошне вредни. Новиот преобратеник–муслиман е поучуван за доблести да ги прими оние својства кои тој неодамна ги гледал со презир. Според мислењето на идолодоклоничките Арапи, како пријателството така и непријателството е сметано слично на некаков долг, кој настојувале да го вратат со камата. Би се гордееле кога злото би го вратиле со зло, а кога некој злото би го врател со добро, го сметале за слабак и подлец. Еве, токму на ваквите луѓе Мухамед а.с. им заповедал злото со добро да го враќаат, бидејќи тоа го црпел од Куранот: „На злото возвратете со најдобро!“ (23:96). „Нека им простат и нека поминат преку тоа (навредите)! Не посакувате ли Алах да ви прости? Алах е Простувач и Сомилосен!“ (24:22). „И побрзајте кон прошката од Госпопдарот ваш…“ (3:133). Арапите, при првото објавување на Мухамед а.с., со иронија ја примиле одредбата за молитвата. Една од најтешките страни за остварување на делото на Мухамед а.с. било: да се уверат, како тоа го научува исламот, во потчинетиот однос на робот (човекот) кон неговиот Створител. Ваквото сфаќање било потполно непознато на идолопоклоничките Арапи. Нивната самоувереност и недостатокот од религиозен дух ги сторило неподготвени да ги примат зборовите: „Најблагородниот кај Алах, секако, е најбогобојазливиот.“ (49:13)
Исто така овие идолопоклонички Арапи не можеле да го поднесат ниту настојувањето на исламот да прејде преку границата на нивната слобода и да го ограничи нивниот начин на живот. Во предисламското време, на арапските срца најмили им биле: опојните пијалоци, жените и песната, а Мухамед а.с. најмногу настојувал да ги изврши заповедите кои се однесувале на овие работи.
Според тоа, исламот од самиот почеток на својата појава носел печат на една мисионерска религија. Сакал да ги придобие срцата на луѓето и да ги привлече во кругот на верското братство. Во овој поглед неговите настојувања какви што биле на почетокот, такви останале и до ден–денска.
Comments