top of page
Writer's pictureinfoislam

Изучување на странските јазици е исламски принцип

Науката потврдила дека познавањето на повеќе јазици води кон тоа да децата уште од рано доба се стекнат со напредни умствени способности.

Од друга страна непознавањето на мајчиниот јазик многу деца ги оддалечува од сопствената култура и ги прави да се конфузни, да имаат чуство на губиток на идентитет и слично.

Изучувањето на странските јазици спаѓа во исламските принципи. Божјиот Пратеник, с.а.в.с., рано почнал да се користи со оваа наука и му наредил на својот писар Зејд ибн Сабит да го научи сиријскиот јазик. Зејд, р.а., раскажува:

Божјиот Пратеник ми нареди и јас научив поради него да ги читам писмата на евреите на сиријски јазик. Тој ми рече:

Се колнам во Аллах, јас немам поверливост во Евреите и во нивните допишувања!

И јас се колнам во Аллах, добро го научив тој јазик за помалку од еден месец. Му ги пишував и му ги читав на Пратеникот, с.а.в.с., нивните писма.“

(Бухари)

Разбирањето на светските јазици спаѓа во обврска на исламот. Мисијата на Мухаммед, с.а.в.с., е упатена на сите луѓе. А не е можно да се соберат сите луѓе околу еден јазик. Зошто разликувањето на јазикот е еден од Аллаховите знаци? Пренесувањето на исламските учења на луѓето на нивните јазици е пологичо и поразбирливо отколку сите неарапски народи да научат арапски јазик.

Објаснувајќи го ајетот:

Ние не испративме ниту еден Пратеник што не говореше на јазикот од народот свој, за да му објаснува.“ (Ибрахим, 4) -муфесирите велат:

Божјиот Пратеник, с.а.в.с., се појавил меѓу Арапите и на нивното говорно подрачје. Но своите гласници ги испраќал на различи страни. Тие исламот го објаснувале на своите јазици и повикувале кон Аллах со својот говор. Куранот морал да биде објавен на еден јазик или на повеќе од нив. Бидејќи немало потреба да се објавува на сите јазици, зошто тоа го надоместува преводот, Куранот слегол на еден јазик, јазикот на Пратениковиот народ кој на Арапите им бил најблизок и со него најлесно можело да се заштити од искривување…

Сето ова значи дека муслиманите се обврзани да научат друг јазик за да не ја изневерат мисијата што им е поверена и за луѓето намерно да не се оддалечат од неа. Исто така науката нема своја татковина ниту е ограничена на една генерација. Ако внимателно ги разгледаме изворите на знаењето што го имаат исполнето светот од денешницата и минаото, ќе видиме дека тоа се извори како облаците што пловат по небото. Тие не застануваат на едно небо или пак по-днебје.

Колку пати се има случено после една образувана генерација да израснат незнајници? Колку пати се случило незнајниците – предходници да родат вешти мајстори! Европа пред неколку столетија се гушела во немоќ, глувост и во потполна темница. Но, тие сега доминираат со наследникот на старите цивилизации! Муслиманот е приморан да проаѓа низ непристапни патишта за да може да се здобие со знаења од било кој извор и во било која земја.

Божјиот Пратеник, с.а.в.с., рекол:

Правиот верник што се напојува со знаењето и што го слуша, сигурно ќе заврши во џеннет.“

(Ет-Тирмизи)

Мудроста е изгубена работа на верникот. Било каде да ја најде, таа му припаѓа нему.“

(Ет-Тирмизи)

Кој ќе излезе да бара знаење, тој се наоѓа на Аллаховиот Пат сè додека не се врати.“

(Ет-Тирмизи)

Извадок од книгата : „Карактер на Муслиманот“

Од Мухаммед ел Газали

0 views0 comments

Commentaires


bottom of page