Искреност во намерата и неопходноста на присатноста на искреноста во сите дела и зборови- било јавни или тајни
– а наредено им е само Аллах да Го обожуваат, искрено, како правоверни, верата да Му ја исповедаат, и молитвата да ја извршуваат, и зекат да даваат; – па тоа е исправната вера! (Ел Бејина , 5)
– До Аллах нема да допре месото нивно и крвта нивна, но ќе Му стигнат искрено направените ваши добри дела. Така ви ги потчини за да Го величате Аллах затоа што ве упати. И израдувај ги тие што прават добри дела! (Ел Хаџ, 37)
– . Кажи: „Го криеле вие тоа што е во градите ваши или го покажувале, Аллах тоа го знае. Тој знае сè што е на небесата и што е на Земјата! Аллах е моќен над сè! (Али Имран-29)
1. Се пренесува од владателот на правоверните Ебу Хафс Омер ибн Ел Х атаб дека кажал: „Го слушнав Аллаховиот Пратеник алејхи селам дека кажал: „Навистина делата се ценат според намерата и навистина секој човек ќе го добие тоа што го намерил со своето дело, па кој ќе стори хиџра(преселба) во име на Аллах и неговиот Пратеник , неговата хиџра е хиџрата на Аллах и на Пратеникот, а кој ќе стори хиџра поради некоја материјална корист или поради жена за да ја ожени, неговата хиџра е за она за што ја наумил.“(Мутефекун алејхим)
2. Се пренесува од Ебу Абдуллах Џабир р.а. дека кажал: Бевме со Пратеникот а.с. во една војна кога кажал: „навистина во Медина постојат луѓе кои биле со вас (по наградата) кај и да одите и кај и да поминете, бидејќи болеста ги спречи да бидат со вас.“, а во друго предание стои:„ тие ја имаат наградата заедно со вас“(Муслим)
3. Пренесува Ебу Језид мана ибн језид ибн Енес р.а. (Татко му и дедо му биле асхаби): „Во една прилика мојот татко Језид сакаше да подели милостина неколку златници, па ги остави покрај некој човек во џамија, а јас ги земав и ги донесов дома. Тој ми кажа: „Се колнам во Аллах немав намера на тебе да ти ги дадам“, по што јас се пожалив кај Аллаховиот Пратеник алејхи селам, кој кажа: „На тебе Језид тоа што си намерил, а на тебе Мане тоа што си го зел.“(Бухари)
4. Ебу Хурејре р.а. пренесува дека Алллаховиот Пратеник а.с. кажал: „Навистина Аллах негледа во вашите тела ниту во вашите ликови, туку гледа во вашите срца.“(Муслим)
5. Пренесува Ебу муса Ел Ешари дека кажал: „Бил запраша Аллаховиот пратеник алејхи селам, за човекот кој се бори за да покаже храброст, кој се бори поради славата на своето племе, кој се за да другите го видат- кој од нив е на Аллаховиот пат- кој од нив е на Аллаховиот пат? На тоа Аллаховиот Пратеник алејхи селам одговорил: „Кој ќе се бори за тоа да Аллаховиот Збор биде над се- тој е на Аллаховиот пат.“ (Мутефекун алејхи)
6. Ебу Хурејре р.а. пренесува дека аллаховиот Пратеник алејхи селам, кажал:
„Човековиот намаз во џемат е повреден од неговиот намаз во неговата приватна куќа, или во дуќан во кој работи за дваесет и неколку степени. Тоа е затоа што човек кога убаво ќе земе абдест и ќе тргне во џамија со исклучителна намера да клања намаз во џемат секој чекор му се зголемува по еден степен и му се брише по една грешка се додека не влезе во џамија, а од моментот кога ќе влезе во неа тој е во намаз се додека е во џамија поради намаз. Секого од вас мелеките го благословуваат додека се наоѓа на местото на кое што клањал и му говорат: „Смилуј му се, Аллаху, прости му и прими го неговото каење! Мелеките тоа го прават се додека човекот не изгуби абдест и со тоа ги вознемири мелеките. “ (Мутефекун алејхи)
7. Абдуллах ибн Абас р.а. пренесува дека аллаховиот Пратеник алејхи селам, кажал:
„Аллах џ.ш. одредил добри и лоши дела а потоа објаснил; па кој ќе посака да стори добро дело, потоа не го стори(биде сопрен) , Аллах џ.ш. тоа дело во целост му го впишува како да го сторил, а ако одлучи да стори добро дело, па ќе го направи, Аллах џ.ш. Му го впишува десет до седум стотини пати, па и повеќе. А ако посака да стори лошо дело, па не го стори, Аллах џ.ш. ќе му запише едно добро дело, а ако посака да стори некое лошо дело, па ќе го стори, Аллах ќе му впише само едно лошо дело“(Мутефекун алејхи)
Извадок од „Ријадус салихин“
Comments