Пред половина век некаде во Франција во еден кварт живеел еден дедо, Турчин. Дедото се викал Ибрахим имал 50 години а откога дошол. во сите тие години, имал мала продавничка со мешовита стока. Во таа улица каде што бил неговиот дуќан, во зградата преку патот, живеело еврејско семејство кое имало син чие име било Џад…
Џад бил пргаво дете и имал само 7 години. Детето Џад секој ден доаѓало во дуќанот да купи некои потребштини а при излезот од продавницата кришум крадел чоколатце.
Тоа Џад го правел секојдневно. Всушност, можеме слободно да кажеме дека малиот Џад секој ден крадел по едно чоколатце, меѓутоа, еднаш излегол од продавницата и не украл чоколатце, заборавил, а Ибрахим го викнал и му рекол дека заборавил да земе чоколатце.
Детето се вкочанило од страв, цело време мислело дека Ибрахим не знае за неговите мали авантури и крадења. Се вратил во продавницата со наведната глава и барал од Ибрахим прошка. Ибрахим го помилувал по главата и рекол: „Сине, ти ништо не си украл, немој себе да се сметаш за крадец, од сега секој ден земај по едно чоколадо како што правеше и порано.“ Детето се насмевнало и задоволно си заминало дома.
Минале години. Џад пораснал а Ибрахим му станал најдобар пријател. Инаку, Џад сега веќе младич, кога и да имал проблеми, искушенија, доаѓал кај Ибрахим по совет. Ибрахим ќе го сослушал а тогаш од ормарот ќе извадел некоја книга, ќе ми ја дал на Џад на слепо да отвори некоја страна. Кога ќе отворел страница, Ибрахим тие две страници ќе ги проучеше и прочиташе а тогаш дедото на Џад ќе му дадеше совет. Џад од него си одеше некако растеретен и одморен. Поминале 17 години а Џад станал младич од 24 години а Ибрахим наполни 67 години и понатаму биле неразделни пријатели, добри ахбаби.
Но, дедото Ибрахим умрел, но пред смртта на синовите им оставил сандак со некои работи. А посебно им нагласил дека книгата која е внатре, да му ја подарат, заедно со тој пакет, на младичот евреин Џад, кој секогаш барал совет од дедото Ибрахим. Џад бил многу потресен кога слушнал дека Ибрахим умрел, бил тажен бидејќи изгуби голем пријател, Ибрахимовите синови му го пратиле пакетот кој му го остави Ибрахим. Поминало некое време, младичот пак западнла во проблеми. Немало на кого да се пожали, како да на никого да не му веруваше, му недостасуваше Ибрахим. Се сетил на неговата книга од која црпеше совети. Го отворил пакетот и ја извадил таа книга која Ибрахим му ја остави. Ја отворил но беше на арапски јазик, а тој не знаел арапски.
Отишол кај пријателот Тиунижанец да му преведе некои страници. Кога му ја предал книгата во раце, тој му рекол дека се работи за Света Книга кај муслиманите, Куран за кој муслиманите веруваат дека е последна Божја Објава на човештвото. Џад стоел самоуверен, во главата му се вртеле сите тие совети кои за овие 17 години му ги дал дедо Ибрахим. Па таа Книга е лек за срцето, душата и сите проблеми. Само кратко запрашал: „Како се станува муслиман?“ Тунижанецот му рекол: „Треба да веруваш со срцето и со јазик да потврдиш дека само еден е Бог Аллах и дека Мухаммед, а.с., е последен Божји пратеник.“
Џад станал муслиман, го избрал името Џадуллах ел-Курани, од почит кон Куранот, одлучил целиот живот да го помине во ширење на исламот и Куранот да дојде до срцата на што повеќе луѓе кои живеат во темнина. Џадуллах се посветил на учење на Куранот, учел пред многу угледни професори, впивал исламско знаење како сунѓер вода. Не жалел ниту време ниту труд. Држел предавања по цела Европа и за неколку години преку него Ислам примиле околу 6 000 евреи и христијани. Бил исклучителен, искрен а и како не би бил кога кога имал исклучителен учител, рахмели дедото, стариот трговец кој за сите проблеми имал решение во Куранот.
Еднаш додека барал некој ајет во Куранот кој ихрахим му го оставил, од Куранот испаднало едно ливче. Било пожолтено, чудно, толку пати го прочитал Куранот а како прв пат да го гледа. На тоа ливче била нацртана мала карта, всушност карта на африканскиот континент и под неа курански ајет: „На патот на Господарот твој мудро и со убав совет повикувај…“ Џадуллах сватил дека ова всушност е порака од Ибрахим упатена за него.
Веднаш се подготвил за пат, ја напушти удобната Европа и тргнал кон Африка. Почнал активно луѓето да ги повикува во ислам во Етиопија, Кенија, Уганда, југот на Судан и во останатите околни држави. Преку него повеќето од припадниците на племето Зулу прифатиле ислам и уште неколку милиони Африканци.
Даијата, искрениот муслиман, Џадуллах умре. Во ислам поминал цели 30 години и тие 30 години ги поминал во повикување во ислам за тие 30 години со негов себеб ислам прифатиле милиони луѓе. Умре во 2003 година погоден од многу болести кои ги доби во Африка. А неговата мајка, ортодоксна еврејка, примила Ислам 2005 година, 2 години после смртта на син и. Не можеше да одолее на искреноста во која повикуваше нејзиниот син. Кога прифати ислам имаше 70 години. Но, помеѓу останатото, еднаш го прашале, зошто примил ислам, освен дека Куранот му го отворил срцето и душата, а тој одговорил: „Дедо Ибрахим, за 17 години од наше дружење, никогаш не ми рече дека сум неверник, евреин ниту ми рече да примам ислам или дека исламот е единствената вистинска вера!“ дедо Ибрахим со ДЕЛО покажа што е Исламот а со совет ги покажуваше вредностите на Куранот. Извор: Акос.ба Превод: Велид Хикмет
Comentarios