Имам Шафија е роден во Газа, светата Палестинска земја 150. година по Хиџра. Истата година кога умре имам Ебу Ханифе.,р.а. Се пресели на Ахирет 204. х. Година во Египет.
После татковата смрт со само две години одведен е во чесната Мекка каде израсна во кругот на семејството. Во Мекка постана хафиз на Чесниот Кур’ан. Тука ја совлада и вештината на гаѓање со стрела. Постана толку прецизен, што од десет мети погодуваше девет. Во раната младост ја засака поезијата а потоа Возвишениот Аллах го упати во исламските науки.
Учителите на Имам Шафија
Најистакнатите учители беа во Мекка: Имам Суфјан ибн Ујејне и муфтијата на Хареми шериф Муслим ибн Халид ез-Зинџи, човекот кој му даде дозвола на Имам Шафија како петнаесетгодишен младинец да издава фетви. Имам Шафија помина полни две години во племето Бену Хузејл кое што зборуваше со најчистиот арапски јазик. Тука напамет ја учеше арапската поезија и историја, па многу рано постана најучениот јазичар/лингвист на своето доба. 170 хиџретска година заминува во Пратениковиот, с.а.в.с., град. Ел-Медина, каде учител му беше Имам Малик од кого не се одвојуваше , се додека Имам Малик,р.а., не се пресели на Ахирет во 179 хиџретска година. После овој настан Имам Шафија отпатува во Јемен каде се запозна со Омер ибн Еби Селеме, ученикот на Имам Евзаи, шеријатскиот правни на жителите на Шам. Кај него го изучи фикхското учење на неговиот шејх. Исто така се запозна со Јахја ибн Хассан, ученикот на Имам Ел-Лејс ибн Са’д, шеријатскиот правник на Египчаните,па и од него го научи фикхот на неговиот шејх.
184 хиџретска година стигна во Багдад, па се сретна со угледниот авторитет, Имам Мухаммед ибн Хасан, ученикот на Ебу Ханифе, па и неговите книги ги проучи а неговите мес’ели ги препиша. Исто така ја изучи шеријатската наука од двајцата имами мистичари, Абдуллах ибн Мубарек и Фудајл ибн Ијад, како и од историчарот и познавачот на Пратениковата,с.а.в.с., биографија Ел-Кади ел-Вакидиј. Освен наведените научници го учеше и од многу други сето она што е корисно. Од овој концизен приказ на научниот пат на Имам Шафија ги одвојуваме следните заклучоци:
1.Имам Шафија имаше огромно и долготрајно трпение во текот на своето учење, како и голема желба да усвои и да се обогати со многу научни дисциплини, па дури и со медицината. Некој го запраша: “ Каков е твојот копнеж за науката?” Му одговори: “ Ист како кај оние, на кои им се забранува да уживаат и покрај богатството што го имаат!”. “А каква е твојата потреба за науката?”< Одговори: “ Како кај жената која го изгубила своето единствено дете, па сака да го пронајде!”. Ваква би требало да биде грижата на сите оние кои што трагаат по знаењето во ова наше столетие. Би требало да бидат алчни и истрајни во стекнувањето знаење за да го постигнат дури десеттиот дел од десетината на знаењето на овие научници.
2.Беше многу скромен и иако во раната младост му беше дадена дозвола да донесува различни шеријатско-правни решенија, тој непрекидно до доцните години од својот живот трагаше по знаењето. Не можеше ништо да го спречи за да се дружи со улемата и со голема љубов да учи од нив.
3.Беше изузетен интелектуалец. Темелно ги изучи мнозинството од исламските, јазичките и општествените науки. Врз тоа ја изучи и усвои програмата од различните фикхски школи, а нарочито фикхот на жителите на Хиџаз, како и фикхот на жителите на Ирак, Египет и Шам од друга страна. Тоа му овозможи да постане широко образуван верски просветител и вистински муџтехид.
Активностите на Имам Шафија во ширењето на науката
После овие научни патувања Имам Шафија се враќа во Мекка и во неа останува девет години. Во Мекка непрекидно контактира со улемата, а посебно во времето на хаџџ, кога доаѓа во контакт со улемата од целиот исламски свет на тоа доба. После тоа 195 хиџретска година заминува во Багдад во кој останува две години. Во Багдад беше опкружен од студенти кои својата жед за знаење ја гаснеа на неговиот извор од знаење.Врз тоа, неговото знаење им го пренесуваа на другите големите научници како Имам Ахмед, хафиз Исхак ибн Рахое, факих Ебу Севр и многу други. Во Багдад го напиша делото “ Ел -Хуџџе”( Аргументи), сврзано за дијалогот и расправите со угледните луѓе и нивните прваци. Исто така го напиша и делото “ Ер-Рисала” (Трактат), кое представува прва книга за Усулу Фикх. Тоа дело го напиша по наговарањето на Имам Абдуррахман ибн Мехдија, кој што вели: “ Го прочитав Шафиевиот “Трактат” кој што ме вчудоневиди со стручните и прецизните правила, како оние кои директно се однесуваат на улемата,а посебно на факихите”.Имам Ел-Мазини вели: “ Го прочитав Шавиевиот “Трактат” петстотини пати и секој пат научував некое ново сознание кое што до тогаш не го приметував.”
После двогодишниот боравак во Багдад се враќа во Мекка повторно да ја шири науката, а 198 хиџретска година повторно се враќа во Багдад во кој поминува неколку месеци служејќи им на луѓето, учејќи ги во науките и давајќи им фетви. После тоа во 199 хиџретска година заминуза за Египет каде до смртта ги подучуваше луѓето на Кур’анскиот и суннетскиот фикх,правилното изразување и останатите науки. Мнозинството од Египчаните се следбеници на Имам Малик, но со доза на пристрасност го уважувале неговото мислење и тоа повеќе отколку од било кој друг имам. Шафија ги восхити со своето знаење, разум и реторика/ говорништво. Имам Ахмед рекол дека запознале човек каков што до тогаш никогаш не сретнале. Затоа многумина му доаѓаа на подучување и од него знаењето го учеа. Од него го научија водењето дијалог, сокриените тајни на стилистиката, правилата за решавање на шеријатските прашања на основа на Кур’анот и Суннетот. Неговиот ученик Ер-Ребиа во кратки црти ни го дава распоредот на неговите полудневни работи. Тој вели:” После раниот сабах-намаз,околу Имам Шафија се собираа учачите и толкувачите на Кур’анот кои што го прашуваа за разни објаснувања и нејаснотии. Со изгревањето на Сонцето тие си заминуваа, а по нив доаѓаа заинтересираните за хадис и го прашуваа се што им беше нејасно. Кога Сонцето ќе отскокнеше тие си заминуваа, а се продолжуваше со предавањата од фикхот ,попратени со дискусии, расправи и учење. После нив доаѓаа јазичарите/лингвистите, граматичарите, поетите и многу други заинтересирани кои што остануваа до половината на денот. Дури тогаш Имам Шафија си заминуваше дома.”
Вредно е да наведеме дека Имам Шафија наново им ги издиктира своите книги на учениците во Египет, откако ги прочисти и дотера, а посебно ја преработи книгата “Ел-Умм” ( Мајка) која што ги опфаќа сите поглавја на фикхот. Тоа е капитално дело со огромна научна вредност со голем ораторски стил. Во него ги предочи своите мислења и своите фетви со аргументи како и коментар на мислењата од останатата улема, и тоа без нималку пристрасност или воздржување.
Најпознатите ученици на Имам Шафија
Ќе ги спомнеме неговите најистакнати ученици од областа на: хадисот, фикхските правци и представниците на неговиот правец.
1.Хафизи на хадисот беа: Исхак ибн Рахое, Ебу Бекр ел-Хамиди – шејх Бухарија, и Јунус ибн Абду-л-Ала.
2.Представници на фикхските правци беа: Имам Ахмед, Ебу Севр и Ебу Убејд ел-Касим ибн Селам.
3.Следбеници на неговото учење беа: Имам ел-Бувејтије, кој го наследи држењето предавања на неговите халки/кружоци, Ел-Мазинијј, кој пишуваше книги ширејќи го неговиот мезхеб, и Ер-Ребиа ибн Сулејман од кого се пренесени книгите на Имам Шафија “Ел-Умм” и “Ер-Рисале”.
Фикхот на Имам Шафија
Гледајќи на изузетната силна научна личност и степенот на муџтехид кои ги достигна Имам Шафија, засигурно се знае дека не копираше ниту еден имам засебно, туку вложуваше напор како да ги собере најјаките аргументирани мислења, најблиски на изворите на Куранот и Суннетот, за самиот да ги протолкува и вообличи. Ги користеше хадисите само ако се веродостојни -сахих , и не се осврнуваше на други,макар тоа да беа мислења на асхабите, следбениците на асхабите или некој друг. Често говореше: “ Мојот мезхеб е оној хадис којшто со сигурност е веродостоен!” Исто така рекол: “ Секој трактат (рисале) кој што носи веродостоен вест од Ресулуллах,а.с., а не се поклопува со мојот, јас од својот се откажувам и за животот и после смртта.”
После Кур’анот и Суннетот се служеше со мислењето на “иџма” (усогласеното мислење на признатата улема / консензус на исламските учени), а потоа со мислењето на асхабите кои што се најблиску до изворите на Шеријатот. Дури после сето тоа ја користеше аналогијата – кијас. Шафија, Аллах да му се смилува, одбиваше слепо да се следи во неговото учење. Го негираше доказот со помош на самото доброчинство и им даваше одговор на неговите заговорници, за што имаат записи за безвредноста на тој доказ. Исто така ја негираше однапред потврдената добивка како и предноста на работата во градот. Мезхебот на Имам Шафија денес е распространет во земјите на Северна Африка, Југоисточна Азија, во делови на Египет, Јемен и Шам и во делови на Ирак. Ова ги потврдува зборовите на Ресулуллах,а.с., кој рекол: “ Не грдете ги Курејшиите ,зошто знаењето на нивниот научник/ алим, ќе ја преплави Земјата!” ( Хадисот го бележат Ахмед, Бејхеки и други.). Многу исламски алими сметаат дека овој хадис се однесува на Шафија, р.а.
Зборовите на улемата за Имам Шафија
Пренесуваат Ахмед, Ебу Давуд, Хаким и останатите дека Ресулуллах,с.а.в.с., рекол: “ Возвишениот Аллах на врвот од секое столетие ќе му испрати на овој Уммет човек, кој што ќе го предводи народот во верата.” Имам Ахмед рекол: “ Омер ибн Абду-л Азиз,р.а., беше на чело во првото столетие,а Шафија,р.а., на чело во второто”. Тој исто така рекол:” Има четириесет години како го споменувам Шафија во своите дови после секој намаз”.Абдуллах синот на Имам Ахмед го запрашал својот татко зошто тоа го прави, а тој му одговорил: “ Синко мој, Шафија, р.а., беше вреден како што е вредно Сонцето за оваа Земја, како што е вредно здравјето за луѓето, а погледни, можат ли овие две нешта да се заменат со нешто друго!”
Имам Јунус Садефиј рекол: ” Мислам дека не сретнав попаметен човек од Шафија. Еден ден со него расправав за едно прашање, па не се сложивме и се разделивме. Потоа после извесно време ме сретна, ме зеде за рака и рече:” О Јунусе, зарем не можеме да бидеме пријатели иако не се согласуваме по она прашање?” Ебу Убејде ел-Касим рекол: “ Мислам дека Шафија беше најкомпетентниот, најречитиот и најразумниот човек.”
Apr. 18 верување, верување, фикх, фикх, хадиси, хадиси Comments Off on Имам Шафија – втемелувач на фикхот
Втемелувачот на фикхот
Полното име на големиот, признатиот и примерниот Имам Шафија е Ебу Абдуллах ибн Идрис, Курејшија. Со Ресулуллах, а.с., е во роднинска врска преку Абду Менаф. Го доби името по дедото Шафиј ибн Саиб. Тој дедо беше дете кога Ресулуллах,а.с., се пресели на Ахирет. Пардедото му е Саиб, учесник на битката на Бедр кој беше знаменоносец на Бену Хашим. Муслиманите го заробија па тој се откупи од заробеништвото. Подоцна го прими исламот и беше примерен верник.

Comments