top of page
Writer's pictureinfoislam

Имамот кој беше обвинет од премиерот Камерон чека извинување









Имамот Гани изјави дека не разбира како може и покрај неговата отворена осуда на оваа терористичка организација во своето излагање на конференција во месец јануари на тема „Злото ДАЕШ”, да биде обвинет за соработка со неа


Имамот кој беше обвинет од премиерот Камерон чека извинување

ЛОНДОН (АА) – Имамот Сулejман Гани кој беше обвинет од страна на Премиерот на Англија, Дејвид Камерон, дека ја поддржува терористичката организација ДАЕШ, стравува дека може да биде цел на крајно десничарските групи, јавува Anadolu Agency (AA).

Имамот Гани разговараше со дописникот на АА по повод неговото посочување од страна на британскиот премиер Камерон на седницата на 20-ти април во долниот дом на англискиот Парламент.

Имамот Гани кој по обвинувањата од страна на Камерон, стана едно од лицата за кои најмогу се зборува во Англија, изјави: „Не се чувствувам безбеден. Се грижам за безбедноста на моето семејство и моите деца. Постои можност да бидам нападнат од десничарите, исламофобите.“

– Ја загуби работата –

Имамот Гани изјави дека 18 години живее во Лондон, каде посетувал магистерски студии на Универзитето SOAS и работел како имам во Исламскиот центар “Tooting” и додаде дека по објавувањето на изјавата на Камерон, ја загубил работата во еден телевизиски канал.

Имамот Гани изјави дека не разбира како може и покрај неговата отворена осуда на оваа терористичка организација во своето излагање на конференција во месец јануари на тема „Злото ДАЕШ”, да биде обвинет за соработка со неа.

– „Чекам извинување“ –

„Барам извинување од премиерот“ рече Гани и побара од лидерот на опозицијата, Џереми Корбин, темата да ја постави на дневен ред во Парламентот.

„Го молам лидерот на Лабуристичката партија Корбин, како државјанин на оваа држава, во мое име да побара извинување од Премиерот“, изјави имамот Гани.

0 views0 comments

Comments


bottom of page