Секојдневно во нашите внатрешни делови на нашето тело се води војна, а тоа ние и да не го забележуваме. Од една страна се вирусите и бактериите кои сакаат да навлезат во нашето тело и да го стават под контрола, а од друга страна се имуните ќелии кои го штитат нашето тело од овие непријатели.
Непријателите дејствуваат офанзивно како би нашле пат кон саканото подрачје, кон кое тежнеат да навлезат штом ќе им се укаже прва поволна прилика. Меѓутоа, силните, организирани и дисциплирани војници (имуните ќелии) во нападнатите области нема да дозволат непријателите така лесно да успеат во своите намери. Отпрвин „војниците“ ги уништуваат и неутрализираат „непријателските војници“ (фагоцити) при пристигањето на бојното поле. Меѓутоа, некогаш битката е „потешка“ отколку што овие војници би можеле да поднесат. Во такви околности други војници (макрофаги) се повикани во „борба“. Нивното учество предизвикува тревога во нападнатата област и уште едни војници (помошни Т- ќелии) се повикани во битката. Овие војници добро ја познаваат локалната популација. Тие брзо ја распознаваат својата војска од непријателската. Веднаш активираат војници кои имаат улога да произведуваат оружје (Б-ќелии). Овие војници имаат исклучителни можности. Иако никогаш пред тоа не го виделе непријателот, тие се во состојба да созададат оружје кое ќе го онеспособи. Освен тоа, носат и оружје кое така брзо го создаваат што веднаш можат да го употребат. Во тек на ова патување, тие успеваат во тешката задача, да не предизвикаат никаква штета на сојузниците. Подоцна, доаѓаат напаѓачките екипи (смртоносни Т-ќелии). Овие смртоносни Т-ќелии испалуваат отровен материјал, кој го носат со себе, кон најчуствителните непријателски точки. Во случај на победа, доаѓа уште една група на војници на местото на битката (пригушувачки Т- ќелии) и ги испраќаат сите војници назад во нивниот камп. Војниците кои пристигнуваат последни на местото на битката (ќелии на помнење) ги снимаат сите информации за непријателот, како би можеле да ги искористат во случај на слична инвазија во иднина. Прекрасната армија за која се говореше е имуниот систем во човековото тело. Сето горе наведено го извршуваат микроскопски ќелии невидливи за голото око. Колку луѓе се свесни дека поседуваат така организирана, дисциплирана и беспрекорна војска во своите тела? Колку од нив се свесни дека се опкружени од сите страни со микроби кои ако не бидат спречени можат да предизвикаат сериозна болест или дури и смрт. Навистина, постојат многу опасни микроби во воздухот кој го вдишуваме, во водата која ја пиеме, храната која ја конзумираме и површините кои ги допираме, иако човекот е несвесен за сите овие случувања, ќелиите во неговото тело прават огромни напори да го спасат од болест која би можела да предизика дури и смрт. Интересна е способноста на сите имуни ќелии да ги распознаваат непријателските ќелии од ќелиите на телото, способноста на Б- ќелиите да подготват оружје за неутрализиранје на непријателот кој никогаш претходно не го виделе, нивната способност да создаваат доволно оружје колку им е потребно за употреба без неповолно дејствување врз било која ќелија од телото. Тоа се само некои од впечатливите особини на овој систем. Многу е тешко за личноста да преживее ако не поседува имун систем, или ако тој неисправно функционира, бидејќи би била изложена на сите микроби и вируси кои се наоѓаат во надворешниот свет. Денес, таквите луѓе можат да живеат само во специјално изолирани простории без никаков контакт со било кој или било што од околината. Заради тоа, невозможно е личноста која нема имунолошки систем да преживее во вообичаена средина. Зарем не се смешни тврдењата на неверниците дека сето ова е настанато по некоја природна случајност, А Аллах вели во Куранот за оние кои што имаат разум: „Ние ќе им ги пружиме доказите Наши во пространствата вселенски, а и во нив самите, додека не им биде сосема јасно дека Куранот е вистина. А зар не е доволно тоа што Господарот твој за се е известен?“ Перцепцијата на болката е дел од одбранбените функции на организмот. Болката нè предупредува за опасноста од оштетувањето на интегритетот на ткивата предизвикувајќи адекватна одбранбена реакција. Ноциоцепција е неврофизиолошки термин за специфичната активност на нервните патишта кои ја спроведуваат болката. Овие патишта главно спроведуваат информација – болка, но која мозокот не мора ја интерпретира како таква. Сите рецептори за болка се слободни нервни завршетоци кои се широко распространети низ целото тело. Постојат механички, топлотни и хемиски рецептори за болка. Тие се наоѓаат во кожата и на внатрешните површини како и надворешна обвивка на коските и во зглобните површини. Длабоките внатрешните површини се слабо снабдени со рецептори за болка и тие пропагираат чувство на хронична, силна болка доколку се јави оштетување на ткивото. Затоа, од голема важност за проценување и успешно лекување на болката е нејзиното деталното опишување од страна на пациентот. Докторот треба да знае дека болката мора безусловно да се ублажи, бидејќи таа го оштетува во прв ред нервниот систем, но исто така ги оштетува и кардиоваскуларниот, респираторниот, гастроинтестиналниот, ендокриниот, имунилошкиот и другите системи во организмот. Трпењето на болката не само што е непријатно, туку е и штетно.
Comments