top of page
Writer's pictureinfoislam

Индепендент: Винстон Черчил го молеле да не го прифати исламот

Ново откриеното писмо ни открива дека семејството на  Винстон Черчил го повикало “да се бори против” желбата да го прифати исламот.

Премиерот на Велика Британија, кој ја предводеше  победата во Втората светска војна, бил фасциниран со исламот и културата на Ориентот по што неговото семејство му пишувало и се обидувало да го убеди да не премине во ислам.

Во дописот од август 1907 година  неговата снаа му напишала во писмо: “Ве молам да не се конвертирате во ислам;“

При тоа го предупредила на последиците и големите проблеми и инпликации кои тој би можел да го има како и неговото семејство.

Писмото, откриено од страна на истражувач по историја на Универзитетот во Кембриџ, Ворен Доктер, беше потпишано од Гвендолин Берти, со која се оженил братот на Черчил, Џек.

д-р Доктер за Индепендент изјавил дека Черчил  беше повеќе или помалку атеист во тоа време, но, сепак, бил фасциниран со исламската култура што  е чест случај кај Викторијанците.

Черчил имал можност да го набљудува исламското општество кога работел како офицер на британската армија во Судан. Во писмото напишано на Лејди Литон во 1907 година Черчил напишал дека сака да биде паша, што бил чин во Отоманската империја.

Тој дури и се  облекувал во арапска облека во јавност – ентузијазмот го делел со неговиот добар пријател поетот Вилфрид С. Блант. Сепак изјавите во кои Черчил укажувал на исламот како „ретроградна“ сила која ја има заробено жената и дека е милитантна политичка религија датираат од времето кога бил службеник во Судан, 1899,  бореќи се против таканаречениот Мехди, припадник на неохариџиската секта. Британската армија 20 години водеше војна во таа некогаш нејзина колонија која ја доби со големи жртви.

Сепак, во 1940 година, кога Черчил водеше војна  против нацистичка Германија, тој ја даде својата поддршка за плановите за изградба на она што стана централната џамија во Лондон во Регент парк  – обезбедувајќи  100,000 £ за цел – со надеж дека ќе ја освои поддршката на муслиманските земји во војната против Хитлер.

Тој подоцна изјавил на Долниот дом дека “многу од нашите пријатели во муслиманските земји” изразиле благодарност за овој “подарок”.

.

0 views0 comments

Comments


bottom of page