Нашата креативност и емотивен баланс се зголемува зависно од нашиот влог. До вистинските информации и оригинални идеи доаѓаат само длабоко посветени и духовно прочистени личности.
За да тоа го постигнат треба да се подготват себе си и својата околина за промените за кои треба остар ум и силни работни навики.
Човекот мора со сиот свој ум и душа да посакува да знае повеќе, да има цели со кои ги надминува неговите секојдневни потреби.
За тоа се потребни огромен напор кој најчесто наидува на голем отпорр и неразбирање како од самата персона така и од околината. Во тој потфат наидуваме на работи кои ни прават дистракција и не одалечуваат од целта и крајната причина поради која сакаме да извршиме промена. Таа причина е личната среќа и исполнетост која не смее да биде вештачка, ниту треба да не однесе во депресија и бесцелност.
Во денешна ера на информации и поплава од знаење човекот треба да си ги прочисти сите свои сетилни канали и да се изложи на висок ниво на импулси кои носат информативни вредности кои ќе доведат до нови сознанија. За тие сознанија потребна е храброст и позитивно размислување со оптимистички исход за сето тоа што го правиме. Не ни е потребна ефтина самореклама или лична материјална корист кој најчесто се јавува од недостиг на идеи како да бидеме среќни. Во тој поглед формалната идеологија или религиска припадност нема да ни даде сатисфакција доколку не работиме за повисоки цели и повисоки достигнувања кои ги надминуваат личните потреби.
Во нашиот живот сигурно ќе наоѓаме состојби на неред и проблеми кои можат да не вознемират толку многу што ќе водат кон промени на некои планови и стратегии. Но, поголемата цел и крајното достигнување со јасно исцртана траса нема да може лесно да се промени и ќе продолжи да расте на патот на нашиот персонален развој како личност. Ние нема да може да избегаме од себе и она што сме во суштина, нашата уникатност како персона а тоа е целта да бидеме духовно и морално посилни. Независни од материјалните и други нешта кои ни ја затвараат нашата креативност и не ставаат во зандана на нечовечноста и алчноста. Кога одиме кон прочистувањето и релаксирањето на духовните бариери се случува чудо со нашиот интелектуален и емотивен развој. Експлозија на самоувереност, постигнувања кои не сме ги очекувале, а со тоа и резултати со кои растеме на секој план. Во тој миг знаеме дека Семоќниот е на наша страна. Универзумот кој е создаден работи за нас, а не против нас. Времето не е некоја пречка, туку е само средство со кое располагаме, како што располагаме со телефонот кој си има одредено време на разговор. Качени сме на една автобуска станица за да се симнеме и го земеме тоа што ни треба на следната станица и продолжиме храбро кон целта. При тоа не заборави да уживаш во секој здив на оваа планта, да ги израдуваш луѓето околу себе, да им помагаш на пријателите и роднините, да им бидеш од материјална и духовна помош на најблиските.
Тој што не создал, Тој ќе ти помогне да ги преминеш сите тешкотии, затоа што одиш по неговиот пат и се движиш по Неговата замисла. Ја следиш мисијата за која си дојден на овој свет, мисијата која си назначен а која без тој развој нема да може да ја заврши успешно. Секое скршнување веќе скапо не чинело. Неброените забави, пијанки, погрешни одлуки, оставиле лузна која е трајна. Оставиле скршени срца од неисполнети ветувања. И ние сме биле такви до вчера и ние не сме исполнувале и сме барале начин како да го одложиме тоа што е непријатно. Денеска е денот да се промеи сето тоа.
Започни со поголема свесност и набљудувај се себе си од страна преку самоеволуација. Тестирај ги своите способности и не плаши се да учиш нови работи. Твоето растење е составен дел од твојата мисија. Доволно си паметен да веќе знаеш дека треба да учиш, се мотивираш доволно да станеш подобра верзија на себе си. Фокусирај се на учење, на редовни мали задачи кои ги планираш секојдневно, неделно и месечно. Направи си листа на поголеми цели и мотивирај се доволно да ги исполниш. Не отстапувај од патот на успехот, на растењето. Чекор по чекор, ќе бидеш поблиску до целите кои си ги зацртал. Меланхонијата и разочарувањето доаѓаат кога твоите цели не коинцдираа со тоа што ти сакаш да го работиш.
Запознај се себе си и своите желби и тоа што се твоите способности. Твоите мисли, чувства мора да работат за тебе на патот на самоподобрувањето за да не изгубиш допир со себе си и своите цели. Твојата сила ќе доаѓа од инспирацијата и твојата конструкција е кариерата или сферата во која работиш. Твојата врска со семејството и пријателите кои ги имаш се светот во кој ќе ја пренесеш својата инспирација а со тоа ќе ти биде и помош за тоа што понатаму ќе ти се случува. Тие ќе ти бидат и подршка во која грешките се дозволени за разлика од колегите и професионалниот однос кон клиентите кои твоите грешки ќе ги гледаат како поголеми и неопростливи гревови. Семејството треба да биде место каде ќе го пренесеш својот мир и поголемите цели кон кои стремиш.
Заради тоа не се предавај да бидеш идеален примерна мотивација и покрај многуте грешни чекори кои ќе те пратат. Човечкиот инстинкт и лекциите кои ќе ги научиш патем пренеси ги на своите слушатели и на оние кои ги инспирираш. Твоето растење ќе предизвика и растење кај другите. Неуспехот кој ќе ти се случува не го разбирај како неуспех, освен ако ти не си оној кој самиот себе се саботира на тој пат со недоволен труд. Вложи во својот проект за да почувствуваш сласт од резултатот и прифати промени на тој пат кои можат да евулуираат различно од она што некогаш си го планирал. Отвори се кон промените и оптимизарај го своето време и ресурси наспрам она што е потребно.
Намерата е да поставиме пат по кој треба да одиме за да ги остраниме чувството на негрижа, вина, разочараност и негативни емоции, како главен предуслов пред да започнеме да работиме на емоционален, когнитивен и неуропсихолошки ефект. Заради вакви и слични фрустрации мора да примениме вежби и ги намалиме грешките настанати поради слабо планирање и погрешни одлуки. Нашата негативна мисла може да доведе до блокада со која често ќе се прашуваме себеси за некои постапки. Минатото во тие случаи наместо корисно искуство е нашиот најголем непријател и мора да ги преминеме стравовите кои настанале од тоа и да се стремиме да изградиме сосема нов однос со позитивни примери.
Bình luận