top of page
Writer's pictureinfoislam

Интервју со Михајло Јакубович – човекот што го преведе Куранот на Украински

Имаме чест да ве запознаеме со ликот и делото на младиот Михајло Јакубович. Имено, Михајло работи како предавач на докторските студии по арапска филозофија на Универзитетот во Острох, Украина.

На 23 години го има направено најдобриот превод на Куранот од арапски на украински јазик. Според Киев Пост (украински весник), тој при тоа користел повеќе од 1000 извори и прочитал повеќе од 40 коментари на Куранот. Користел унифицирана терминологија и за тоа направил посебно поглавје за речникот на непознати поими. Текстот на Куранот, за разлика од другите преводи направени во Украина му е одобрен за публицирање од страна на Фахдовиот центар во Мека, Саудиска Арабија. Истиот превод ќе биде подржан и со аудио запис. Ние успеавме да исконтактираме со Михајло и при тоа забележавме дека се работи за мошне млада личност полна со елан за работа. Неговиот следен проект, покрај постоечките, како што не извести е класификација на позитивната и негативната критика на постоечките преводи на Куранот на постоечките јужнословенските јазици и тоа: преводите на босански јазик (Коркут, Мливо, Чаушевиќ и др.), македонски (Џило, Артбук), бугарски, чешки, романски и др. Поради тоа тој подготвува целосна студија која ќе биде објавена на англиски јазик и ќе биде достапна во најголемите библиотеки ширум светот. За неговиот ентузијазам бевме сведоци и ние и неможе а да не восхитува фактот што едни вака комплексни проекти ги води млад човек кој го прифатил исламот на свои 18 години и за многу краток период , до својата 25-та година успеал да направи проекти на кои би му позавиделе и научници на кои за сличен труд би им требало години. Но Аллах кому сака му го олеснува патот до знаењето.

Од Михајло побаравме интервју, но тој не упати на едно веќе дадено интервју во „Украина и Исламскиот свет“ и ни се извини поради неможноста и укажа дека е презафатен за било какви посебни интервјуа. Сепак не израдува фактот што најави скорешно доаѓање во Македонија каде би сакал да си го прошири своето знаење и да се запознае со македонската култура и општество. Не изненади неговото скромно познавање на македонскиот јазик. Еве го интервјуто во целост објавено во овој Украински весник: 1.Кажете ни за себе каде сте родени (и за вашите корени) и каде студиравте? М Ј: Од моето рано детство живеам во регионот на Ривна, во анитичкиот град Острох. Нема да кажам дека ова е моето „прадедовско“ место бидејќи еден од моите предци живеел во Америка, а другите во Казахстан, Белорусија, Аргентина и во Палестина. Поради тоа тешко е да се одреди мојот корен поради вистински мешања на различни култури. Поради тоа секогаш ми биле чудни и неразбирливи идеите за супериорност на еден народ над друг. Кога на возраст од 16 год. отидов да студирам на најстариот универзитет во Украина, Академијата во Острох, отсекогаш имав сум интерес за студирање на „универзалното“ поради богатството на мултикултуларниот свет. Како што стои и во Куранот: „ О, луѓе, Ние од еден маж и од една жена ве создадовме и на народи и племиња ве поделивме за да се запознавате. Најугледен кај Аллах е тој што најмногу се плаши од Него; (13/49) “ . Продолжувајќи избрав религиски студии, а таа дисциплина беше нешто ново и толку мистериозно и интересно за мене. Нешто за што никогаш нема да зажалам. Овде во Острох, го бранев својот докторат. За да ги завршам студиите бев на тренинг курс во други земји и тоа Полска, Италија и Саудиска Арабија. Ова искуство ми беше многу корисно. 2. Од сите професии некако го одбравте потешкиот начин на научник ентузијаст и се ангажиравте во работа за исламот и преводи. Зошто? М. Ј. : Можеби ова е случај каде што ние не ја бираме работата, туку работата нас. И тешко е тоа да го наречеме само „работа“, тоа е нешто многу повеќе од тоа. Колку што можам да се сетам, исламот отсекогаш ме интересираше. Дури и од раното детство. Се сеќавам како татко ми по враќање од Централна Азија го донесе рускиот превод на Куранот – книгата која што ме погоди во срцето и оттогаш исламот стана мојот духовен извор. Јас веќе бев студент на Академијата Острох и решив да ја истражам таа тематика. Се сеќавам на мојот прв елаборат – компаративна анализа на есхатологијата на Куранот и Библијата. На крајот на краиштата, за мене спознавањето или знаењето за исламот беше начин на живот. Благодарение на Аллах јас станав муслиман на возраст од 18 години. Неопходно за секого е да навлезе длабоко во истражувањето и не е потребно само да се биде обичен читател, туку и да се биде специјален истражувач, кој се обидува минувајќи низ идејата сама по себе да го објасни тоа на другите. Ова е единственоста или уникатноста на преведувачот и што подалеку ќе отстапи од своите субјективни наводи (ќе ги прифати објективните) толку повеќе ќе биде во право и толку ќе е поблиску до вистината. Но толкувањето на значењето на Куранот е важна задача и невозможна во принцип, но сето ова е многу интересно. Да се избере вистинската стратегија за превод , да се направи добар или многу добар превод, тоа е целта, но порано или подоцна сите доаѓаме до еден ист заклучок – текстот на Куранот е неповторлив и никој не може да го повтори и никој нема да го повтори. 3. Колку што знаеме вие го преведовте Куранот од оригиналот, каде го научивте арапскиот јазик? М.Ј: Фактот е дека преводот на значењето на Куранот треба да се преведе само од арапскиот јазик кој што е оригиналниот и тоа е мое длабоко убедување и принцип. А таканаречените „индирекни“ преводи кои што ми дошле до моите раце, не може а да не предизвикале остри критики. Се разбира не постои превод од идеал и оригинал, но сепак на преведувачот од арапскиот треба да му се прости поради обидот бидејќи се намалуваат грешките. Но кога Куранот ќе се преведе од друг јазик јасно е дека ќе има грешки. После сè, ако преводот од оригиналот изгуби само еден „дел“ од значењето, кај “преводот од преводот“ на јазикот, таквите губитоци ќе се повторат повеќе пати. Затоа мојот превод е исклучителено директен превод од арапскиот оригинален јазик. Започнав да го изучувам арапскиот на училиште сакајќи сам да го совладам. Подоцна како студент студирав под раковотство на арапски наставници и го подобрив арапскиот јазик во арапските земји. Бев особено импресиониран кога го запознав познатиот арапски филолог др. Ф. Абд алРахим. Патем тој ја водеше комисијата во центарот на кралот Фахд пред издавањето на светиот Куран која го дозволи печатењето на мојот превод на значењето на Куранот. Методот на изучување на арапскиот јазик предложен во учебниците на Ф. АбдулРахим е еден од најдобрите.

4. Веројатно за време на преведувачката работа имавте многу потешкотии, а ако имавте на што се должеа тие ? М.Ј: Пред се тоа е во реконструкцијата на текстот. Зборувајќи за превод често забораваме дека ние не треба да бидеме умешни само во јазикот на оригиналот, туку и во јазикот на преводот. Со оглед на фактот дека има малку превод од арапски на украински имаше многу прашања. На пример со избирање на соодветен речник на прифатливост без библиски стил во превод. Дојдов до заклучок дека ние сме во потреба на правилен Курански стил на украинскиот јазик што сигурно ќе го помине арапскиот текст и во исто време нема да предизвика тешкотии за читателот. Во украинскиот јазик постојат многу зборови кои добро минуваат кај куранскиот текст, но некако, некои од нив се поврзани со дијалект. Многу неприфатлива е според мене русификација на стилот што го прави преводот оригинално непознат. Уште во 2007г. јас објавив текст за начинот на преведување на Куранот во Украина. На мое големо задоволство добив големо одобрување не само од арапски научници туку и од домашните украински филолози кои што обично се многу критички расположени кон обидите да се создаде нов стил или неологизам. Друг проблем се коментарите. Тие се од суштинско значење, сакав да ги направам едноставни по значење и релевантни. И затоа често во моите дела во преводот се присутни толкувањата на Куранот од авторитетните тефсири Ал Табери, Ал Бегави и Ибн Кесир. 5. Дали имавте било какви советници и помошници додека работевте на преводот или сам го работевте тоа? М.Ј: Како напорна работа (од превод да се подготви финална верзија) имав одредена помош одстрана. Затоа се консултирав со научници – арабисти и со украински филологисти и конечно со обични читатели чие мислење за јаснотијата на текстот е многу битна. Многу прашања во разбирањата на многу ајети во Куранот јас ги дискутирав со д-р. Ахмед ал Шеркави, експерт во тефсир на Ал Ахзар Универзитетот и во Исламскиот Универзитет во Медина, Валид ал Амри во крал Фахдовиот центар за објавување на светиот Куран, како и други професионалци. Проверете го мојот текст и прашајте ги повеќето експерти во Украина по ова прашање. До завршницата на проектот беа вклучени членови на гореспомнатиот центар т.е. д-р. Ф. Абдул Рахим, д-р. Хазим Хајдар , д-р.Али бин Насир ел Факиги. Тие на пример беа заинтересирани за превод на ајетите што се однесуваат на битните прашања за исламот , така што во финалната верзија на преводот одобрена за публикација е текст кој што ги зема во предвид желбите на многу експерти.

6. Што можете да цитирате од Куранот како ваше животно мото? М.Ј: Пред се, како мото ми е ова: „.. Аллах нема да измени еден народ додека тој самиот не се измени.(13/11) “

7. Веќе неколку години по ред муслиманскиот свет сугерира дека исламот ја штити „природата“ односно промовира „зелен“ начин на живот. Што мислите вие за ова и дали може ова да се постигне во Украина?

М.Ј.: Екологијата – е една од карактеристиките на исламот. Љубовта кон природата е пред се изградена затоа што таа преставува на некој начин „знак од Бог“ и ги преставува сите процеси што се одвиваат околу нас. Затоа погледот на природата како свет во кој треба да живееме во хармонија со него е целосно исламски. Да не ги спомнуваме оние еколошки стандарди кои се наоѓаат во хадисите (преданијата на Мухаммед а.с.). И индивидуалните побарувања и општите принципи – сите овие нешта се остварливи денес. Друго прашање е дали муслиманите денес имаат волја и желба да се имплементираат овие работи. По мое мислење, треба да се постави поголемо внимание на ова прашање. Особено како долгорочна цел на еколошки проекти, а тоа е општото добро на сите граѓани. Овде, исто така, исламот е едноставно неисцрпен ресурс, бидејќи хармоничните односи со природа се потребни насекаде околу нас и тоа не е нешто невозможно. Тоа е и верска поука.

8. Сте биле во многу муслимански земји, дали и каде пак ќе одите?

М.Ј.: Досега, за жал, не сум бил во сите што би сакал. Најдолго бев во Саудиска Арабија, и тоа мора да се каже, од оваа муслиманска земја јас бев особено импресиониран. Жално е, дека тие не знаат толку многу за Украина, нас не нарекуваат мост меѓу Истокот и Западот, но со источниот вектор не сме се уште сериозно оформирани. Но секако постојат и доста муслимански научници кои знаат за нас.

9. Денес, научниот свет тврди дека во блиска иднина Украина може да стане целосно муслиманска. Дали вие ќе ја споделите оваа хипотеза? Според мое мислење, ова е повеќе еден стереотип кој може да одигра повеќе негативна отколку позитивни улога. На пример, оваа година во неколку градови на Украина имаше демонстрации против изградбата на џамии. И постојано се вели дека исламот е закана за христијанството, а тоа се шири многу брзо. Сепак, никој не се најде од овие маскирани демонстранти, со националистички слогани, да можеше да даде конкретни факти, во што всушност е оваа “закана”. Затоа во проценките треба да се биде внимателен да не се доведе до ксенофобија. Впрочем, ние не знаеме точно колку муслимани има во Украина. Постојат само хипотетички бројки, но методи на пресметка, од каде и што се овие бројки не постојат. Според моето мислење, треба да има повеќе конференции и други научни настани поврзани со карактеристиките на развојот на исламот во Украина. Потребно е изведување на поконкретни студии во овој контекст, и да се обидеме да се истражи исламската заедница во Украина во целина.

10. Некои луѓе веруваат дека исламот и православието се многу слични религии. Што мислите вие? Православието – не е толку религија колку што е верска деноминација и е една од христијанските правци на верување. За паралелата меѓу сличностите на христијанството и исламот би рекле дека најважно е верувањето во Бог, верувањето во последниот ден, а и во пророштвата. Говорејќи конкретно за православието – тука ќе најдете некои заеднички етички прашања, и на исто историско искуство на политичката теорија и одговор на многу од настаните на нашето време, и децентрализација (како во православието, така и во исламот не постои единствен центар е Рим во католицизмот) и, она што е важно – традиционализмот, верен на традицијата за сите возрасти. Во православието, како и во исламот, постојат многу сличности во родовите прашања, особено, идеалот на мажите и жените во семејството. Ова отвора можнос за социјален дијалог. Иако во работите на верата остануваме на своите позиции ( не се сложуваме околу некои темелни начела- тројство, божественоста на Исус), во полето како што се општествените работи или реација кон општествените проблеми може да ни биде заеднички став.

11. Дали по објавувањето на книгите и на Куранот ќе го оставите исламот и ќе претпочитате друга религија како научник и дали ќе продолжите со академската работа во иста насока? Не, овие работи не се менуваат. Јас сум веќе вработен на докторските студии по арапска филозофија. И имам објавено бројни преводи на текстови во Украина. Исламската цивилизација ни остави едно големо научно наследство, таа цивилизација во голема мера влијаела во напредокот на европските земји. Еве нешто на тема поврзана со Украина. На пример, јас неодамна објавив натпис за креативноста на Мухамед ал-Ахирмани, муслимански правник и филозоф, кој во средината на XVIII век, во Мека е на многу висока позиција – Судија од мезхебот на Ебу Ханифе. Значи, добро е историски утврдено дека овој научник е од Украина, од градот Акерман (сега Одеса) и студира во Каффа (сега Feodosia). Денес во Турција, како наследство на Ал Ахирмани се бранат дисертации, а ние го имаме незаслужено заборавено. Постојат многу други примери. Но, главната работа, според мене е украински превод на хадисите, кои се еден од највлијателните и најважни извори за исламот. Се надеваме дека наскоро ќе биде завршен преводот на тие хадиси кои го подготвувам.

Инаку, Михајло Јакубович има издадено бројни артикли во научни списанија ширум Европа, учествувајќи на бројни симпозиуми, пред се во врска со средовековната исламска историја, досега ги има објавено следните дела:

  1. Пратеништвото како историска неопходност: помеѓу Исламскиот традиционализам и Источниот Неоплатонизам (Studia Antyczne i Mediewistyczne. – No. 7 [42]. – 2009. – P. 57-43.)

  2. Културниот значај на модерната исламска егзетика во развојот на верската толеранција.

  3. Исламот и муслиманите во Украина – заедничка база со различни слики.

  4. Украински превод на Куранот : Проблеми и проспекти – погледни овде.

и др. Ние му посакуваме многу успех во работата и да биде пример за многу млади генерации кои доаѓаат. Аллах да го награди за сторениот труд и се надеваме дека иншаАллах, ќе имаме можност да чуеме во наредниот период некое предавање од него во живо. Користен извор: Компаративна студија Рису Ураина

0 views0 comments

Comments


bottom of page