Кога се соочувате со необјасниви здравствени проблеми, можеби ви изгледа полесно и побрзо одговорите да ги побарате на интернет отколку да закажете преглед кај лекар. Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека секој трет „пациент“ сам си поставува погрешна дијагноза поради интернетот, а последователно купува и погрешен лек во обид да ја излекува својата „болест“.
„Д-р Гугл“ е прв на кого жените му се обраќаат за своите проблеми, но тој ретко дава точна дијагноза, велат стручњаците. Всушност, барањето симптоми преку интернет и земањето лекови на своја рака доведува до тоа секоја десетта жена да искуси непријатни контраиндикации, како последица на својата погрешна дијагноза.
Истражувањето спроведено на 10.000 лица покажало дека повеќето преферираат да се обратат на интернет отколку на лекар, пријателите или семејството за совет, а една петтина од нив во некој момент погрешно помислиле дека имаат сериозна болест. Голем број од испитаниците велат дека имале здравствени проблеми за кои им било непријатно да зборуваат со пријателите и со семејството. Но, 50 отсто од нив се обиделе своите непријатни медицински проблеми да ги решат преку интернет пред да побараат помош на друга страна. Исто така, најголем број од анкетираните лица признале дека се згрозуваат од помислата за здравствените проблеми да разговараат со лекарите. Статистиките покажуваат дека многу лесно можеме да погрешиме ако сами си пропишуваме дијагноза и се лекуваме. Притоа, понекогаш сосема наивните симптоми можеме да ги претвориме во навистина сериозни заболувања.
Затоа, важно е да научите на кои информации на интернет можете да им верувате и да знаете да направите разлика меѓу тоа што можете сами да го лекувате и тоа што бара задолжителна помош од професионалец. Затоа што и најнаивниот, но непријатен симптом може да се развие во нешто посериозно.
Commentaires