top of page
Writer's pictureinfoislam

ИСА (Исус) А.С. И НЕГОВИТЕ УЧЕНИЦИ

Вехб ибн Мунеббих раскажува дека: „Излегол Иса а.с. со неговите ученици на пат, и при крајот од денот, поминале покрај една созреана нива. Учениците му рекле: „О Божји пратенику, ние сме огладнети!“

Аллах џ.ш. му објавил на Иса а.с. дека им е дозволено да јадат од нивата. Иса а.с. им дозволил. И така сите се растуриле низ нивата собирајќи класје и јадејќи од нив.

Додека тие биле во нивата се појавил стопанот на нивата и почнал да вика: „Оваа е моја нива, моја земја, сум ја наследил од дедо, прадедо, па со чија дозвола вие влеговте во мојата нива да јадете?!“

Тогаш Иса а.с. го замолил Аллах џ.ш. да ги проживее сите стопани кои ја поседувале таа нива од Адем а.с. па се до тој момент. И Аллах џ.ш. ги проживеал сите кои ја поседувале. Тие биле многу луѓе дури кај секој клас по еден човек и една жена и сите викале: „Оваа е наша земја, ја наследивме од нашите претходници!!“

Кога човекот ги видел луѓето почнал да бега, иако беше слушнал за Иса а.с. но не го имал го видено порано.

Иса а.с. почнал да плаче и изговорил: “О тешко тебе! Сите овие ја наследувале земјата, потоа ја обработувале и на крај ја оставиле. И ти ќе заминеш од неа. Сета земја е Аллахова земја!!”
0 views0 comments

コメント


bottom of page