top of page
Writer's pictureinfoislam

Искреност на зборовите на повикувачот


Но, имаме да’ии кои многу користат симулирање (ет-теврије), така што често го говарат она што не го мислат. Подоцна се открива дека всушност луѓето погрешно ги сфатиле и тие биваат оптужени за лага. Преголемо користење на симулирања води кон толеранција на некои помали лаги, со оправдувања дека тие се за општо добро! Затоа, треба да се внимава.

Да’ијо, кога ситуацијата ќе те натера да употребуваш лага, немој тоа да го правиш! Сети се на зборовите на Ебу Суфјан, кога бил запрашан од Хераклија, за Аллаховиот Пратеник, рекол:

„Се колнам во Аллах, да во тој ден не се страмев од мене да се пренесе лага, јас би лажел.“

Овој човек, иако тогаш бил следбеник на многубошците, и покрај големата потреба за лага, не се осмелил да лаже од страв дека таа лага, не се пренесе од него и покасно да не се срами поради тоа. Знаеме дека денеска да’иите станале мета на многу стрели.заради тоа должноста на да’ијата е да ја затвори вратата од која ветерот доаѓа, како би живеел во мир и спокој!

Искреност во делата

Делата на човекот мораат да бидат искрени заради Возвишениот Аллах, и чисти од претварања и желби за углед.

„Па, оној кој се надева во средбата со Господарот свој, нека работи добро и во обожувањето ннека не Му припишува на Господарот свој никого!“

(Ел-Кехф: 110)

„За да ве испроба кој меѓу вас прави најдобри дела.“

(Ел-Мулк: 2)

Кажано е: „Ебу Али, што значи најискрен и најисправен?“ Он одговорил: „Ако делото е искрено, а не биде исправно (во склад со Куранот и Сунетот) нема да биде примено. Делото не е добро ако не биде и искрено исправно.“

Искреноста во делата подразбира јасност и избегнување на секаква нејаснотија и лага.

Пренесува Ет-Тирмизи од Абдулах ибн Селам, дека рекол: „Кога Пратеникот, дошол во Медина, луѓето трчаа да го пресретнат. Викаа: ’Дошол Аллаховиот пратеник! Дошол Аллаховиот пратеник! Дошол Аллаховиот пратеник!’ Дојдов и јас со некои луѓе да го видам. Кога најпрво го погледнав неговото лице, воочив дека тоа не е лице на некој лажливец. Прво што проговори рече: ’О луѓе, ширете селам, храните ги гладните, клањајте додека другите спијат,и ќе влезете во Рајот во мир.“

Искреноста на Аллаховиот пратеник, преминуваше од срцето на јазикот, а потоа на останатите делови на телото, а посебно се истакнуваа на неговото благородно лице. Кој би погледнал во неговата светла и неизвештачена појава би прочитал во неа искреност и би спознал дека неговото лице не е лице на лажливец.

Ние имаме потреба од овој вид на да’ии кои и даваат предност на искреноста во своите зборови и дела, така да вистинољубивоста стане внатрешно чувство кое кружи низ телесните вени и зрачи на нивните лица. Кога луѓето би го угледале, да кажат: „Ова не се лица на лажливци.“

Истотака, потребни ни се да’ии кои се разубавуваат со убаво однесување, кои се снебиваат себе си да си дадат предност, и другите да ги потценуваат, кои се сталожени и со умерен говор во сите ситуации, така да тоа го забележат луѓето и да кажат: „Ова е морал на пратеник.“

Нашата искреност во носењето на товарот на овој исламски повик (да’ва), ги привлекува луѓето да го прифатат исламот. Не ни прилега да бидеме како театарски артисти, кои пред луѓето се појавуваат во нестварна форма. Ваквите брзо се откриваат и луѓето од нив се оддалечуваат.

Се пренесува за еден од исправните предходници, дека при својот вајз знаел да ги распалка луѓето, тогаш се слушале многу плачливи воздишки. Некогаш на предавањето би зборувал некој кој имал повеќе знаење и бил со поубав јазички израз, ама срцата не би биле трогнати и очите не би засолзиле!

Неговиот син го прашал за тоа, и тој одговорил: „О синко, не е иста изнајмената од навистина со смрт погодената тажачка!“

Заради тоа, најдобро средство за успех на да’ијата е искреноста во носењето на да’ве и сесрдното залагање на тој пат. Искреноста во зборовите и делата мора да биде правец и основна категорија на да’ијата. Не се важни слатките и префинети зборови, иако се потребни, колку е важно да се поседува искреност. Да’ијата мора да биде потполно психички сталожен и да зборува со труд и залагање. Одамна е кажано: „Кога зборот ќе излезе од срцето-допира до срцето на слушачот, а кога ќе излезе од јазикот, допира до ушите!“

Извадок од книгата :„Ахлакот на Даијата“ од Селман ибн Фахд Ел-Авде

0 views0 comments

Comentários


bottom of page